16.11.2011, 15:15 Поранешно момче на Каролина уапсено во Германија
Поранешното момче на познатата пејачка Каролина Гочева е уапсено во Германија по меѓународна потерница распишана од македонската полиција, дознава Нетпрес.
МВР ја потврди информацијата и додаде дека целиот случај сега е во надлежност на Министерството за правда. Аладин Балиќ-Дино, кој успеа да избега од земјава, осомничен е за шверцување луксузна брендирана облека што ја продаваше во својот бутик „Република дела мода“. Германската полиција го уапсила Балиќ на средината на септември годинава, по меѓународна потерница распишана по него. На 17 септември, германските власти за случајот испратиле известување до македонската полиција. Во Германија му бил изречен екстрадициски притвор, а неговата испорака во земјава е во надлежност на Министерството за правда, од каде што не добивме одговор кога и дали тој воопшто ќе биде екстрадиран во земјава.
|