Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.11.2011, 14:51
Никовски: Немаме право на нови грешки во спорот со името



Македонија пропушти премногу прилики за решавање на спорот со името и веќе немаме право на нови грешки. Ризикуваме да ги уништиме вековните стремежи и соништа на нашите претци, а такво право немаме, изјави денеска поранешниот амбасадор Ристо Никовски, на предавање организирано од Здружението на историчарите на Македонија.

Според Никовски, не забележуваме дека индикаторите и фактите недовосмислено покажуваат оти по распадот на СФРЈ во процес е сериозен обид еднаш засекогаш да се затвори македонското прашање.

- Настаните низ кои врвевме последниве дваесет години потврдуваат дека не само за Грција туку и за клучни меѓународни фактори Македонија и нејзиниот народ беа прифатливи само како дел од федерација, не како засебна целосно независна држава. Друго логичко размислување за се што ни се случува нема, вели Никовски.

Кај нас, додаде тој, се уште се смета дека нашиот противник е Грција и оти таа ни го оспорува народот, јазикот... дека оттаму дојдоа блокадата на приемот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ и уцените прво да се промени/реши името, а потоа интеграцијата.

- Формално Атина го отвори проблемот и стои како заинтересирана страна зад него. Таа сама единствено ја блокираше границата нанесувајќи огромни штети на економијата, се друго за нашата држава посредуваа други, многу посилни фактори. Беспоговорната поддршка што Атина ја добива потврдува дека зад тоа стојат други позначајни интереси. Годините на целосно независна Македонија недосмислено покажуваат дека САД поддржани од ЕУ, Франција, Германија и Британија не само што стојат зад грчката политика туку се и нејзини носители, вели поранешниот дипломат. Според Никовски, се работи за долгорочно добро разработено сценарио.

Амбасадорот Никовски истакна дека Македонија за решение исплатливо за неа треба да се избори во Вашингтон и Њујорк, а не во Атина.

- Досегашниот развој на настаните недовсмислено покажува дека Вашингтон е центарот на одлучување. Концептот за надминување на спорот се дефинира во Стејт департментот, не во Атина. Таму мораме да се избориме за решение кое би било исплатливо за нас, со кое не само што нема да се доведува во прашање националниот идентитет на Македонците туку многу повеќе. Ние не смееме да дозволиме во истото да не бидат вклучени сите отворени прашања меѓу двете земји, како признавање на македонското малцинство во Грција, имотите на протераните..., смета Никовски.

А кога тоа ќе се постигне, според него, треба да се финализира процедурата во Њујорк.

- Формално, на крајот, ќе биде вклучена и Атина. Тоа може да биде преку замена на Времената спогодба со нова трајна, но и таа формалност во моментов не е возможна поради кризата во Грција, тврди Никовски кој предвидува кризата кај јужниот сосед да трае десетина години, а прашањето за името веќе не е ниту на агендата на Атина.








Статијата е прочитана 1808 пати.

Испрати коментар



Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер
Пратениците ќе расправаат за заемот од Дојче банк и Сити банк
Меркел - Еврозоната и понатаму бара излез од должничката криза
Путин - Русија продолжува да нуди помош за кризата во еврозоната
Дваесет години од донесувањето на Уставот на РМ
Курт Вокер - САД и ЕУ да ја „вратат“ Времената спогодба
ДПА - Буџетот ги дискриминира Албанците
Казни за спиење на дежурство
Камбера нема намера да го признае уставното име
Поранешно момче на Каролина уапсено во Германија
Бизнисмен и бодигард ги убиле двајцата тетовци во Италија
Монти го објави составот на новата италијанска влада
Хилари не сака да биде претседател на САД
Австралија ќе прими американски маринци
Пукаат шофершајбните на украинските авотбуси
Дипломат во новинарството
Кривична пријава за Ване Цветанов
Денот низ фотографии
Потпишан договор за трет национален извештај за климатски промени
„Денот на дрвото“, 23 ноември, неработен за сите граѓани
Обама - САД остануваат солидарни со Грција
Во тешка сообраќајна несреќа во Кина загинаа најмалку 17 деца
Престрелка и задоцнети летови на аеродромот во Брисел
Монти ќе ја претстави новата италијанска влада
„Окупирањето на Волстрит“ ќе продолжи без шатори
Подостапни уште 70 лекови
Државата сака да собере данок и од родилките
Премиерот препорачува дислокација на Топилницата
ЈСП - Цената на нафтата причина за поскапувањето на автобускиот превоз
Нов случај на педофилија во Велес
Се уште не е закажано судење за заемот на „А2“
Нема слобода за Тимошенко
Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Црвени јавори за „Св Климент“, јапонски цреши за „Илинден“
Економијата годинава ќе порасне за три отсто, а во 2012 за 2,5
„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција
Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром



Napoleon, 18.11.2011 16:13:56
Друго логичко размислување за се што ни се случува нема, вели Никовски. Nikovski razmisluva logicno, kako i jas. Eve jas sum Napoleon ama imeto nikoj ne mi go priznava i me smestija vo bolnica. Zaklucuvam deka ima svetska zavera protiv mene. Друго логичко размислување за се што ми се случува нема, velam jas.
niko, 18.11.2011 16:34:52
zarem dosega imate zgreseno. nemoguce.
todor, 18.11.2011 17:22:23
Konecno edno pametno razmisluvanje. Ne slucanjo i nasata vlada ne saka da se resi imeto vo interes na nadvoresnite centri. Zarem ne kazuva nesto sto dosega amerikancite vo svoite izvestai gi stavaa i egejcite a denes pod vodstvoto na predavnikot Gruevski gi snema od tie izvestai.
Shto veli CNN, 18.11.2011 17:40:33
Palestinskiot sovetnik dr Igor Janev im predlozhil na Palestina da zaobekolat SB na ON preku Rez. 337 na GS ON so naziv: Obedineti za Mir, od 1950. Imeno vo taa rezolucija stoi deka koga SB na ON e vo pat pozicija, negovite funkcii gi prezima GS na ON. Za toj sovet Janev dobi dva milioni dolari od Palestinicite.
едноставно, 18.11.2011 18:12:31
Не постои никаков светски заговор против РМ и македонскиот народ.Проблемот е едноставен.Никогаш ВМРО,од своето основање до денес, не ја признало Егеј.Мк.како дел од Грција.Во 1990 ВМРО на Георгиевски го закажуваше вториот конгрес на партијата(под карти на голема Мк.)во „наш“Солун.Денес ВМРО-то на Груевски(кој се сликаше под тие карти) ја претставува РМ како наследничка на ант.Мк.што значи и на историјата и територијата на ант.Мк.(која се наоѓа во Грција).Таа политика на ВМРО,СБ на ОН ја оцени како опасност по мирните односи во регионов.Значи,никој не ја негира РМ како држ.на македонците од словенско потекло во рамките на сегашните граници,но никој нема да прифати Егеј.Мк.да е дел од РМ,и РМ да е признаена како наследничка на ант.Мк.САД,НАТО,ЕУ не се подржувачи на Грчката политика,туку се противници на присвојувањето на Егеј.Мк. и антиквизацијата од стр.на ВМРО.
od ANDERLCHT-BELGIJA, 18.11.2011 18:55:26
..nemojte da go potcenuvate Ohridskiot Dogovor vo seta ovaa situacija, KOJ E NAMERNO PRESMETANA VREMENA BOMBA koja Zapad ja kontrolirat za svoja potreba . Eden belgiski novinar vo edna recenica se prasuvat DALI IMETO MAKEDONIJA ,ako ostane za drzavata Makedonija , ZNACIT EKA ZAPAD JA GUBIT GRCIJA,ALBANIJA, vo prviot plan A OTOA ITALIJA FRANCIJA,SPANIJA ,..drzavi so KOMUNISTICKA RADICIJA ( RABOTNICKO-SOCIJALNA) nasproto Kapitalistickata formacija ??
Brane, 18.11.2011 20:33:36
Covek koj mozebi saka drzavata da ja prodade na Rusija koja sekogash bila na strana na Grcija. Cudno e shto na ovoj covek shto nevidlivo raboti za interesite ne Grcija tolku vaznost mo davaat gruevite megafoni.
Vančo od Amerrika, 18.11.2011 20:42:47
Ako se točni tvrdenjata na počituvaniot ambasador togaš se postavuva prašanjeto dali nie kako država pravime se što e potrebno vo Vašington da se najde tolku posakuvanoto rešenije. Ako nie znaeme da od američkata adm inistracxija zavisi se togaš dali nie so nea sorabotuvame dobro ili so brojni ne promisleni čekori rabotime na svoja šteta. Vo taa smisla politikata na ankvizaccija nee nimalko promislena. Ona e možebi produktivna vo sobiranjeto politički točki na domašnata politička scena, ama na megunareden plan toa e golema greška. Ako rešenieto na imeto zavisi i od golemite evrospki državi( Anglija, Francija i Germanija) togaš i vo odnosite so niv makedonskata diplomatija mora da bara načini kako da ja pridobije nivnata naklonetost, a nie toa ne go pravime. Zatoa tezata deka za celta situacija vo koja se naogame e kriva megunarodnata zaednica nee sosema točna. Del od vinata stoi i kaj golemite propusti na našata nadvorfešna politika.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Магла

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |