17.11.2011, 15:25 Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Решавање на проблемите со нелојалната конкуренција, фискализацијата, како и казнената политика, беа дел од барањата што претставниците на занаетчиските комори денеска му ги презентираа на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.
„Апсурд е да се продаваат очила, текстилни и козметички производи на пазарите, а нив ги има по продавниците“, истакна Никола Петров, претседател на Занаетчиската комора, додавајќи дека поголем проблем за нив се препродавачите на картонските кутии, пред нивните продавници. Занаетчиите се пожалија и на даночната и на казнената политика. Тие побараа да има рамномерна контрола на сите фискални субјекти и еднакви услови за работа на целата територија на Македонија, и да се применува фискализација и на пазарите.
Во однос на казнената политика, Петров посочи дека не треба да имаат ист третман малите и големите компании, и затоа бараат во случај на прекршување на законите, да има прво предупредување, потоа едукација, па дури потоа да се казнува. „Не може казнената политика да биде иста за сите и за дуќан кој има по двајца вработени и за оние гигант�� со 200-300 вработени“, истакна Петров. Вицепремиерот Пешевски уверуваше дека Владата ќе ги разгледа можностите за подобрување на бизнис климата, за да се направи животот полесен и за занаечиите, но и за државата, бидејќи секоја комплицирана регулатива не е добра. На територијата на Скопје регистрирани се 5.000 вршители на занаетчиска дејност од кои најголем дел се козметичари, фризери и златари. (Г.С.)
|