Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.03.2012, 17:46

САД ќе го спасуваат новинарството во Македонија

Новинарите се прогласуваат виновни и кога се во право, оценува УСАИД

САД, преку фондовите на агенцијата УСАИД, ќе го спасуваат новинарството во Македонија. Деновиве преку оглас тие најавија помош од над еден и пол милион долари ��о кои ќе ја јакнат независноста на медиумите и ќе помогнат да се заштитат новинарите пред селективниот однос на институциите кон нив.

Тој селективен однос, особено во судските процеси, и политичката и бизнис-контрола на уредувачката политика се посочуваат како главни проблеми за се' полошата состојба со слободата на медиумите во земјата.

„Законската регулатива во однос на медиумите, генерално, се почитува, со исклучок на криминалното гонење за навреда и клевета. Слободата на медиумите уставно е загарантирана, како и слободата на говорот, на јавното обраќање, на пристапот до информации и нивното пренесување. Но, во практиката примената на законите е селективна, а уставните права често се заобиколуваат“, стои во образложението на УСАИД. Според оцената на агенцијата, Македонија е презаситена со медиуми нешто што не дозволува да се развие рационален пазар во оваа област, па така на популација од два милиона луѓе има 76 телевизии, 12 дневни весници, осум неделници и 160 радиостаници, покрај останатите интернет-медиуми. Таквата состојба, според оцената, е резултат, меѓу другото, на издавањето премногу лиценци од Советот за радиодифузија и на „политичкото и корпоративно спонзорирање кое ги одржува инаку непрофитабилните медиуми и ја манипулира и контролира уредувачката политика“. Овие две причини, според УСАИД , имаат најосакатувачко влијание на овој сектор.

Голем дел од анализата оваа агенција ја фокусира и на политичкиот и на економскиот притисок врз новинарите што се прави со едно моќно оружје: закана од судски прогон. Тоа, според неа, е моќен метод да се замолчат новинарите, бидејќи баснословните судски трошоци и изречени казни се зголемуваат со зголемувањето на бројот на судења, па самата закана од тужба обезбедува самоцензура како начин за преживување на новинарите. Уште повеќе што се наведува дека половина од случаите се водат низ кривична место граѓанска постапка, а клеветата е вклучена во тоа спротивно на најдобрата европска практика.

Најсериозна, сепак, е оцената на УСАИД дека законите остануваат доволно нејасни за да отворат врати за „проблематични, неиздржани и несериозни судски случаи“, а новинарите не веруваат во фер судење, бидејќи се сомневаат во независноста на судскиот систем. Пред се', бидејќи и тогаш кога новинарите ќе ја докажат фактичката основа за нивното известување, се' уште можат да бидат прогласени за виновни. Тоа што многу од поднесувачите на тужби се владини функционери го прават известувањето за корупцијата во земјата опасен потфат, па новинарите се вртат кон цензура за да ги избегнат судењата, во кои не застануваат ни нивните медиумски газди, тврди УСАИД. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1046 пати.

Испрати коментар



Тетово ја прозива Приштина
Паско, те чекам на мегдан
Љупчо и Љубе се смирија
Лустрација со инспирација од Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ и Уставен суд во лустрациска трка



koki, 27.03.2012 05:08:46
Додека е Груевски на власт, му нема спас на новинарството во Македонија.........тоа и Феликс (го нема веќе) ќе ви го потврди..........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |