Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.03.2012, 16:47

Лустрација со инспирација од Бугарија

Главен аргумент на Силвана Бонева за лустрацијата не е амандман на Ричард Ховит, туку на бугарски европарламентарец

Слободанка Јовановска



Препораката во извештајот за Македонија на ЕП, со која се бара да се објават имињата на соработниците на тајните служби во бивша Југославија, не е предлог на Ричард Ховит, како што тврдеше Силвана Бонева, туку на бугарскиот европарламентарец од ГЕРБ, Андреј Ковачев, коспонзориран од неговиот десничар колега од Унгарија, Ѓерѓ Шофлин. Со тоа нашата влада се најде на иста политичка линија со Бојко Борисов, кој откако е на власт во Бугарија спроведува ригорозна пресметка со доушниците од претходниот режим, вклучувајќи го и враќањето на над триесетина амбасадори од странство.

Задоволството што неговиот амандман се прослави толку во Македонија и е главен аргумент на власта за подигање на нивото на лустрацијата, вчера не го криеше неговиот автор, Андреј Ковачев.

„Овој процес е присутен во Централна и Источна Европа и во него има еден географски феномен, односно колку се прави подолу на исток, толку е потежок“, изјави вчера Ковачев за „Утрински весник“. Според него, соработниците на старите комунистички структури биле присутни во економијата, политиката и црквата, па време е да се знае кој е кој, за да се создаде простор за помирување во општествата со оние кои работеле за режимите кои не биле баш демократски, т.е. биле диктатури.

„Во бивша Југославија и во Бугарија тие структури ги отежнуваа односите меѓу нашите граѓани“, вели Ковачев, додавајќи дека овој амандман не го предложил ексклузивно за Македонија, туку дека го предлага во извештаите за сите земји кои имаат аспирации за ЕУ. Тој признава дека откривањето на соработниците бизнисмени е голем проблем и во Бугарија бидејќи „црвените милионери“, како што тој ги нарекува, биле првите кои натрупале капитал по смената на системот во земјата, па не сакаат да бидат разоткриени.

Според него, во Бугарија нема закон за лустрација, туку само за разоткривање на соработниците со тајните служби и тој се однесува само на периодот од 1944 година до паѓањето на Тодор Живков во 1989. „Нашиот закон не е лустрациски, туку има информативен карактер, така што не се предвидуваат мерки за бизнисмените што ќе бидат откриени дека биле соработници на режимот“, вели Ковачев додавајќи дека сепак имаат нов закон за конфискување на незаконски стекнат имот, кој го опфаќа периодот од последните десет години. Тој вели дека процесот се реализира многу тешко бидејќи мора да се внимава тој да не биде злоупотребен за политички репресии во земјата.

Амандманот кој беше изгласан во ЕП, иако зад него застанаа само двајца спонзори, ги „охрабрува властите да го комплетираат објавувањето на имињата на агентите што соработувале со тајните служби на бивша Југославија, како крупен чекор за раскинување со комунистичкото минато“. Со него исто така се бара зајакнување на мандатот на Верификационата комисија, односно нејзината независност, за да ги објави нејзините наоди директно пред јавноста и за да и' бидат трансферирани сите потребни документи на постојана основа.

Aмандманот на Ковачев е веројатно единствениот кој со ваква гласност го испочитува нашата влада, молчејќи притоа за другите кои бараат, на пример, да престане со антиквизацијата на земјата, да го зајакне политичкиот дијалог, да објави листа на случаи на корупција во кои се инволвирани високи функционери или поврзани со јавните набавки, да обезбеди транспарентност на јавните трошења, да организира попис, да демонстрира целосна посветеност на слободата на медиумите - и уште многу нешта за кои не и' се слуша, барем не вака брзо и ревносно.


Статијата е прочитана 1862 пати.

Испрати коментар



Тетово ја прозива Приштина
САД ќе го спасуваат новинарството во Македонија
Паско, те чекам на мегдан
Љупчо и Љубе се смирија
ВМРО-ДПМНЕ и Уставен суд во лустрациска трка



jovan, 27.03.2012 00:12:15
Nasol koj da ne sovetuva. Kaj niv e duri i beter. Ne samo oligarsite, nego i celata mafija i podzemje im e sostaveno od bivsi sorabotnici. Gi imaat duri i za izvoz, a bogami i kaj nas dosta dojdoa/gi izvezoa/ kako investitori, biznismeni, bankari... Neka gi sredat i objavat prvo tamu kaj niv. A nie, ne samo sto treba da sreduvame so nasive ovde, nego vo meguvreme dojdoa i od strana koj se povrzaa so ovdesni koj im pruzaat logistika i rovarat za svoj politicki celi i interesi. Nie sme navistina vo najkatastrofalna situacija vo toj pogled. Ne raboti koj stigne. I nasi a i tugi.
pameten, 27.03.2012 06:19:58
колку се прави подолу на исток, толку е потежок ! Tochno e. Vo Germanija go izbraa pastor Gauk za predsedatel. Na istok se spori dali e potrebno da se otvorat arhivite...
Jovanka Orleanka po bugarski recept, 27.03.2012 10:47:57
Nasata Silvana, koja eden lusiden novinar ja narece sovremena makedonska Jovanka Orleanka, navsitina seriozno se zafati vo borba so kodoslakot i resi lustracijata da ja dovede do kraj po sekoja cena. eve za toa dobila i bugarska inspiracija. Bravo Jovanke Orleanke. Ako uspees vo toa ce sti se postave spomenik na plostadot Pela vo Skopje. samo pocnija lustracijata od 2323 god. pred nasata era, koga vo vavilon pod somnitelni okolnosti e otruen nasiot najslaven predok Aco Golemiot , pa da se otkrijat zagovornicite i da se prati nivnata loza na potomstvo( ako treba ce se konsultira onaj institut za analiza na DNK) p nivnite pra, pra , pra.... i pra , pra pokolenija, pa da si odgovaraat za toj zlocin protiv Makedonija.Da mu se objavat i iminjata.
Никола, 27.03.2012 13:57:22
Јован, во Бугарија одамна има таква комисија и листа на соработниците. Овој список периодично се проширува. Нема ништо сокриено. За жал, Македонија најверојатно нема да се разкине со комунистичкото минато, бидејќи токму комунистите ја создадоа Македонија.
Istocna Makedonija, 27.03.2012 14:42:27
Procesot na lustracija ke ne odvede vo lavirint, vo kolku ima selektiven priod i nema vremenski raspon do aktuelnava 2012 godina!Irelevantno od kade e inspiracijata i koj ,,modelke se kopira, bidejki senesto koipirame,a najmnogu od sosed- stvo,bez apriori studiozna analiza dali e primenli- vo na nasi uslovi,,pocva,mentalitet,stepen na opstestveno-ekonomski razvoj.Od neutralen agol univerzalnite fajteri od tipot na g-ga Boneva,Vlat ko,dvete Acinja,Antonio,neizbezniot erudit Ilija po malku tavtoloski i stereotipno stagniraat!Cenc

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Понеделник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |