18.11.2011, 17:29 Какви се врските на менаџерот на „Метрудхем“ со Владата
Од директор на Управата за јавни приходи до менаџер на Прилепскиот тутунски комбинат, а сега управител на фирмата што ја има Топилница - вака се движи кариерата на Тони Димитриоски
Соња Маџовска Сањ�� Наумовска
Од прв даночник, директор на Управата за јавни приходи, до менаџер на загубарот Тутунски комбинат Прилеп, а моментно, актуелен управител на фирмата „Метрудхем“, сопственик на Велешка Топилница.
Интересна е кариерата на господинот Тони Димитриоски. Неговото појавување, пред еден месец, како директор на „Метрудхем“, фирма која сака да ја рестартира Велешката Топилница, ја збуни јавноста со неговиот последен ангажман. Кој беше човеков, познат е? Беа првите коментари. А после почна да се враќа меморијата и да се одмотува клопчето.
Тони Димитриоски и' станува познат на јавноста, кога од управител на градската Управа за јавни приходи, станува директор на Управата за јавни приходи на Македонија, во 2001 година, по смената на Сашо Станинов. Но, овој негов ангажман не трае многу, само една година. Директор на УЈП е до 2002 година. Неговото директорување во Управата е во време кога министер за финансии и негов надреден беше, сегашниот премиер Никола Груевски. Затоа и Димитриоски се сметаше за човек од доверба, и еден од најблиските соработници на Груевски. Во тоа време во јавноста се шпекулираше дека нивното познанство датира уште од студентските денови, и често се дружат низ скопските кафулиња.
А оваа шпекулација, стана уште позвучна, кога на крајот од 2006 година Владата на Груевски го назначува Димитриоски за генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат. Во ноември 2006 година заедно со Димитриоски во Прилеп патуваат и другите, како што ги нарекувале во Прилеп „скопскиот тим“ кој требал да го дигне на нозе Комбинатот. Во тимот, како членови на Управен одбор на Комбинатот, биле и Драган Мартиновски, како претставник на државниот капитал, сега директор на Македонската банка за подршка на развојот, Зоран Јолевски, поранешен член на кабинетот на починатиот претседател Борис Трајковски, а сега амбасадор на Македонија во САД и Виктор Мизо, до неодамна директор на Агенцијата за странски инвестиции, а сега прв човек на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.
Но, наместо да го подигнат прозиводството во Тутунскиот комбинат, прилепчани коментираа дека со управувањето на „скопскиот тим“ започнало тонењето на компанијата, која до ден денеска не може да застане на нозе. „Бараме овие менаџери да заминат, бидејќи наместо да ја поправат финансиската состојба - тие ги подлабочија проблемите. Немаат никакви познавања за тутунот и тутунската индустрија“, беа дел од изјавите на претседателот на Синдикатот на Тутунски комбинат, Димитар Ѓорчулески, во 2008 година.
Синдикатот тогаш обвинуваше дека само трошеле пари за пат на релација Скопје-Прилеп, а не знаеле ништо за тутунскиот бизнис. Немале никаков слух за барањата на работниците, а токму во тој период најголем дел од нив биле праќани на принуден одмор. По две години неуспешно менаџирање со Комбинатот, на инсистирање на Синдикатот, целиот тим си поднел оставки. Тогаш се коментираше дека тие биле изнудени, по многу бројните забелешки од вработените кои постојано и биле презентирани на Владата. Две години траеше кариерата на Димитриоски, како директор на Прилепскиот тутунски комбинат.
Отогаш наваму, неговото име не се поврзува со некоја јавна функција. Затоа јавноста беше изненадена кога се огласи како директор на „Метрудхем“. Но, она што очигледно не се променило во начинот на неговото менаџирање е затвореноста за јавноста и медиумите. Тоа за него важеше и како прв даночник и како директор на Прилепскиот комбинат, но и сега како менаџер на „Метрудхем“. Во новата улога Димитриоски се појави само два пати и тоа во медиуми по негов избор, но не и на прес конференција, на која би дал јасни одговори за рестартирањето на Топилницата, потег против кој застана не само велешката туку целата македонска јавност.
Остана неговата изјава дека „Метрудхем“ ќе ги убеди велешани дека ќе ги почитува сите светски стандарди за заштита на животната средина. „Ќе ги убедиме дека нашиот проект ќе го спроведуваме почитувајќи ги сите стандарди не само на Македонија туку и на Европска Унија и на Светската здравствена организација кои предвидуваат кои емисии на сите нивоа можат да се испуштаат во животната средина, а сепак да не го нарушат здравјето на луѓето“, изјави Димитриоски во еден од медиумите, на денот кога во Велес се случуваше масовен протест.
Тој досега не се осмели ниту еднаш сето ова в лице да им го каже на велешани. Тоа не го стори ни вчера, кога наместо тој, прес конференција повторно држеше портпаролот на „Метрудхем“, Александар Билбилов. Тој вчера беше збунет кога новинарите се обидоа да дознаат нешто повеќе за управителот на компанијата, Димитриоски. Од каде тој доаѓа на оваа функција, дали е близок со некоја политичка партија, и што работел претходно?
„Приватниот живот на Димитриоски не сакам да го коментирам, ниту пак имам намера да зборувам за неговите ангажмани пред да дојде во ’Метрудхем’“, гласи одговорот на Билбилов. Компанијата се огласи, ама не се согласи
Компанијата „Метрудхем“ вчера соопшти дека ја разбира препораката на премиерот Никола Груевски и ја поддржува иницијативата за изнаоѓање решение во врска со велешката Топилница, без притоа јасно да прецизира дали ќе се согласи со дислокација на загадувачот. Портпаролот на компанијата Александар Билбилов не сакаше да прецизира дали во разговорите со Владата ќе настапат со свои предлози за нова локација или дали имаат дополнителни услови за да прифатат таква опција, доколку предлогот за ново место за изградба на Топилница дојде од Владата. Тој не одговори, ниту, пак, дали во разговорите ќе настојуваат да ја одбранат постојната локација со аргументите дека ќе користат најнова технологија. Билбилов, откако го исчита краткото соопштение составено во многу завиена форма, на барањето на медиумите за малку појасни формулации, на јавноста и препорача да чита меѓу редови и да толкува како што сака.
Билбилов нагласи дека „Метрудхем“ ја продолжува постапката за изготвување на студијата за влијание врз животната средина, а на забелешката зошто продолжуваат да работат на документ врзан за локацијата во Велес, доколку се подготвени да преговараат за нова, Билбилов немаше прецизен одговор. Тој не коментираше ниту за иницијативата на општина Велес за измени на ГУП, со кој ќе се пренамени локацијата на Топилницата за лесна и за незагадувачка индустрија, со забелешка дека за тоа ќе размислуваат откако ќе се случи. (С.Н.)
|
|
Статијата е прочитана 3222 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Лазо Стефанов, 19.11.2011 01:50:48 | Јасни се две работи: (1) Меркелка и Саркози ќе отстрелаат уште по некој од ,,периферијата,, за да престане да први дефицити, за да мирно владее крупниот капитал со Европа. Топилницата е со најголем извозен нето ефект од 120-150 милиони долари годишно.Таа е најдобар спас од судбината на Санадер, Папандреу, Берлускони и др. (2) Додека не се ,,прелее,, капиталот во РМ во рацете на блиски лица на владеачката партија, нема ниту НАТО, ниту ЕУ. Очигледно дека добро знаат дека оној кој што ќе го има капиталот, тој ќе владее со РМ.Затоа се е подредено на таа цел. |
| Леви Бенин, 19.11.2011 03:59:48 | Ова е повеќе од ујдурма.Груевски му бил шеф. Директорува и го пусти Тут-Ком, назначен од Груески!? Оснива фирма на Фантомски острови!? Има 2 мил. евра да ја купи топилница!?!? Волшебно, ВМРО се солидаризира со протестите на граѓаните кои се повеќедецениски! Груевски предлага дислокација!?(зошто тоа не е внесено при договарањето? Велешани протестираат со децении!)Народот (главно вмровски) уште истата вечер, излегува „спонтано„ да го прослави „гениалниот„ предлог и да го глорифицира предлагачот!? „Метрудхем„ е во „тешка„ дилема дали да прифати!? МК е ставена прд свршен чин! Ќе даде пари колку што ќе побара „Метрудхем„, или ќе плти уште повеќе по тужба!!После мандатот му препорачувам да се обидат како сценаристи во Холивуд. Му нема рамен. Браво. Тоа и го заслужуваме.Толку. И, ајде сега да се потпишеме на некој патриотски документ. |
| Stojce, 19.11.2011 09:00:59 | Eve uste eden dokaz za nesozreansta na opstestvoto i na tie ki go vodat. Vo slucajot potrebno e se da se stopira, a banditot na slikata da se stavi vo zatvor. Vozdot isto taka treba da odgovara za nedokvakanst. Rezil. |
| Istocna Makedonija, 19.11.2011 09:37:49 | Gordieviot jazol so topilnicava ke se presece,sa-
mo ako taa voopsto,NE SE RESTARTIRA!Nitu
vo Veles,ili bilo kade vo Makedonija.Samo taka ke
padnat maskite i vrskite,prezentirani vo statijava! |
| Hari, 19.11.2011 09:38:12 | OKTA broj II, ili nesto slicno. Malklu e ova za glupite makedonci koi mu dozvoluvaat na lopovot da ne krade molze .... |
| velesanec, 19.11.2011 09:43:17 | mu kazav na eden moj prijatel, doktor od veles koja se gordeese na narodot koj se sobra protiv topilnicata. MORE BRATCE, TUKA SE ZEMENI MILIONI RUSVET. CE VE PREFLI GRUJO ZEDNI PREKU VODA. NE SAMO STO CE SI RABOTI TOA CUDO TUKU I CE IMA OGNOMET I CE BIDETE SRECNI. JA SLUSAJ M I GO ZBOROT. SAMO GLEDAJ FILM. |
| дел, 19.11.2011 11:29:19 | Ке ве надополнам со досието на Тони Димитриовски, дека по заминување од функцијата директор на Тутнскиот комбинат Прилеп, стана директор на КАПИТАЛ Банка! Ова можете да го додадете во вашиот текст за да биде покомплетен! |
| ФЕЛИКС, 19.11.2011 18:33:32 | Сите коментатори заедно со текстописецот треба да знаат да топилницата се продаде од страна на ДОВЕРИТЕЛИТЕ а не од владата. Најголем доверител и фирмата ќерка на Швајцарскиот,,Минеко,, со 60%побарувања од вкупниот долг.Намерно се заборава да дури 3 пати сегашнава опозиција а власт во 2002-06г. сакаше да ја продаде топилницата а не да ја затвори.Да повторам топилницата е во стечај со назначен стечаен управник и неја ја продаваат доверители.И на крај треба да се поздрави одлуката на владата која се стави на страна на граѓаните на Велес.А што е најважно од се е тоа што ваквата одлука наиде на воодушевување на сите Велешани. Се друго се малициозности непотребни преку наметнување на теоријата на заговори со презентирање двосмислености.А на тоа веднаш рипаат заблудените опозиционерски коментатори. |
| iselenik, 19.11.2011 18:45:02 | najubavo ke bide fabrikata da se srusi a na nezino mesto da se napravi fabrika za prerabotka na KONOP , canabis sativa , vo evropa vo holadija , danska, pocnuva da se koristi za lekuvanje , toe lekot za site ne izlecivi bolesti , rakot , diabetis , astma , artritis , kozni zaboluvanja , LECI SE . mozete da vidite na youtube Lijek za rak - Ulje od konoplje lijeci sve!? 1/7. mnogu luge vo mk sami ke se zaposlat , a Veles ke bide cist grad za ziveenje |
| as, 20.11.2011 01:26:07 | Tolku blizok so nas Grujo, ama od pozadina. So tolkav golem kapitali ujdurma sto mu ja spremaat na gradot, ovoj Toni , fakticki e del od familijata, kako batucetodot i kumot, ama nie ne sme bile svesni |
| toni, 20.11.2011 12:59:05 | nemate poim kolku stanovi poseduva Toni.....a relativno nepoznat za javnosta..kolku li imaat ispokradeno pogolemite zverki ?? |
| cane sokolovski-toronto, 20.11.2011 15:00:52 | FELIX, koi bea doveriteli na Topilnicata vo Veles? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -4°C
Магла
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|