06.05.2010, 17:02 Пет општини со нови противпожарни возила
Англиското доброволно противпожарно друштво „Операција Флоријан“ во Свети Николе им донираше комплетно опремени противпожарни возила на пет општини. Градоначалниците и членовите на противпожарните единици на општините Кратово, Крива Паланка, Струга, Делчево и Радовиш ги добија возилата, а во наредните две недели инструктори од Англија ќе извршат обука за пожарникарите за користење на опремата и на возилата.
Проект-менаџерот во „Операција Флоријан“, Стив Џордан, истакна дека, веќе три години донираат противпожарни возила на македонските општини. (МИА) |