Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.11.2012, 17:09

Мое ќоше

Зошто се скрија Груевски и Иванов

Ерол Ризаов

Како е изведена операцијата спасување на претседателот и премиерот од канџите на двоглавиот орел

Премиерот Никола Груевски избега дури во Америка пред ураганот што го предизвика виорот на албанските знамиња низ Македонија. А претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се скри на Водно во скривниците на претседателската палата за голема опасност. Маневрите што ги направија претседателот и премиерот да не бидат во првиот ред на парадата на албанското знаме не можат да ги избришат трагите на нивното бегство од дома оставајќи ги гостите без домаќин, што не е во согласност со нашите обичаи.

Како е изведена операцијата „спасување од двоглав орел“. Тоа е тешко досие кое е одработено во вонредни услови. Стратегијата беше да се прослави помпезно стогодишнината од албанската држава и знаме, а притоа да не се предизвика револт кај Македонците и другите етнички заедници. Да биде главна Владата, ама да не биде организатор, да биде спектакл, ама да не се објавува ударно по македонските медиуми што се под контрола на власта, да се обезбедат пари од државата, ама да не бидат од буџетот... До тука некако се наредија работите. Главниот проблем испадна кој ќе ги кани и пречека гостите и кој ќе биде присутен на централната прослава во „Борис Трајковски“ и, се разбира, кој каде ќе седи. Значи, главни гости се Сали Бериша, премиерот на Албанија, и неговиот колега од Косово, Хашим Тачи, ама не по покана на Никола Груевски, туку на неговиот заменик Муса Џафери, не по покана на Владата, туку на Координационо тело за прославата. Ако Никола Груевски со сопругата на централната прослава седи меѓу семејствата Бериша и Тачи заедно со Али Ахмети, тогаш тоа би било премногу за еден македонски патриотски премиер, па макар од тоа зависело коалициското партнерство со ДУИ и победата на изборите. Во таква ситуација е најдобро да се дувне за Америка. За да не се сетат Власите, Груевски прво замина во посета на Албанија, всушност, се соочи со малку непријатности и навреда на институцијата премиер на Република Македонија со фрлање јајца по него, ама сето тоа е многу поподносливо отколку да му се заријат канџите на грбот од двоглавиот орел.

Претседателот Ѓорге Иванов за летот на орлите навреме го предупредија сирените за тревога. Човекот реши да не биде тука, а вешто да ги избегне почестите во салата што го носи името на неговиот колега Борис Трајковски. Првиот ред и високото друштво од Приштина, од Тирана и од Скопје му се виде премногу жешко. Си остана дома со навлечени пердиња на прозорците во резиденцијата додека не помине опасноста. Ете така се случи гостите да бидат домаќини, кога веќе домаќините избегаа од својата куќа.

А што направија гостите кои станаа по сила на приликите домаќини. Организираа парада на кич и примитивен популизам. Виорењето на илјадници бајраци беше агресивно, без мерка и добар вкус. Говорите на премиерите Сали Бериша и Хашим Тачи, особено на Бериша, беа со интонација на национален вознес и романитичарски занес, без грам европски дух. Целата сценографија беше направена во етнофолклор стил што повеќе прилега на 19 отколку на 21 век. Дневнополитичката конјунктура целосно се препушти на евтини ефекти и националистичка еуфорија. Хегмогенизацијата на Албанците и нивното единство беше главната парола и порака испратена само до еден народ. За домаќините и за другите народи немаше место на овој сеалбански фестивал во Скопје. Ако главната порака требаше да биде дека сите ќе бидеме заедно во Европа, во нашиот заеднички дом, се претвори во нејзина спротивност и гласеше: ако веќе не ја направивме голема Албанија досега, таа ќе се направи сама во обединета Европа. Да, тоа е точно така, ќе се направи и голема Албанија, и голема Македонија, и голема Србија, Бугарија... ама не со таа умисла од пред еден век, туку со европеизација и со создавање една нова димензија во националниот идентитет, а тоа е да се стане Европеец. Ќе признаете, да се стане и Европеец од Албанец, Македонец, Грк, Бугарин, Србин и Турчин, ќе треба да се случат многу промени во главите на Балканците. Влезот во ЕУ и да се стане Европеец се прилично различни процеси. Едниот е поврзан со политика и интереси, другиот со култура и образование. Едниот може да трае 20 или 30 години, другиот неколку века. При��мот е поединечен за секој одделно. Малкумина се веќе таму.

За крај имам едно прашање до Вас, почитувани читатели. Каква ќе беше реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доколку беше опозиција при ваква сеалбанска прослава среде Скопје.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот






Статијата е прочитана 6662 пати.

Испрати коментар



Пенали за лошите судски одлуки
Туѓите грешки поевтини од сопствените
Прага 2002
Поштата ќе ја враќа довербата



jovan, 28.11.2012 00:10:37
Vo ovaa drzava veke se e mozno, a za nekogo i se e dozvoleno. Drzava so sposobno rakovodstvo vakvo nesto nema da dozvoli, pa bidejki ovie dvajca ocigledno ne se sposobni, im preostanuva toa sto go napravija. Da se sokrijat. Nekade Mart-April 2013ta ke bidat uste *pozestoki*. Zivi bili pa videli. Neznam togas ovie dvajca kaj ke se krijat. Mozebi vo nekoj manastir.
seirdzija, 28.11.2012 00:19:37
Koj i zbor da se upotrebi nema da e adekvaten...neznam dali postoi nacin(osven raspadjanje) da se do ovaa mera degradira drzavata...vo sustina od lopovi i lazovi i ne treba da se ocekuva nisto arno....Horhe ni u Tirana nema da odi,se plasi od jajca...a u medjuvreme opozicijata molci da ne napravela steta na drzavata, ha ha ha ...klasicen oportunizam...sobraa 70.000 narod za sto???
Kocov Petre, 28.11.2012 00:26:11
Kade ste sega Golemo-Makedonci da komentirate? Srecen sum sto seute ima makedonci kako vas gospodin Rizaov koi umeat da ja vidat i da ja artikuliraat vistinata, makar kolku ida e taa grda.
g.a., 28.11.2012 00:31:55
Erole denes ke se ima manifestacuja vo Vasington za Albanija i ke se slavi za 100 godisnicata a toa dokas deka usa nikad ne slavi proslava za bilo koja drzava na svetot a za Albancive tie slavat i toa vecerva mozez preku ccn da gledas. G.Erole za gruevski on nikogas ne bi otisol vo Albanija nego otisol sto mu bilo naredeno jas mislam mu rekle da otides da im cestitas i odma za vasington da ti sepneme nesto.A za presedatelot mu bilo naredeno od gruevski i jas mislam deka mu rekol zatvorise doma i ne se pojavuvaj nigde inace mene me stegna vo tirana i usa inace ovie resile da si napravat svojeto ,Erole za sekoja rabota ima opas sega moze sekoj da manipulira ova vo skopje ne e manipulacija ova bese jasna i glasna PORAKA za golema Albanija
Itar Pejo, 28.11.2012 00:33:46
Proslavata na albancite vo Skopje bese na isto kulturno i civilizcijsko nivo kako proslavite na VMRO DPMNE. Sepak e vazno sto imame Predsedatel koj sto beskromisno, hrabro i gordo go brani dostoinstvoto na drzavata. Sto bi rekol bravarot: so vakov Predsedatel (a i Premier) ovaa drzava nemoze da se plasi za svojata idnina. Na prasanjeto na Erol da odgovoram so moe prasanje: vo vremeto na bravarot mozea li albanskiot premier i kosovskiot sekretar na KP da si slavat sto sakaat i kako sakaat vo Skopje?
Трпе, 28.11.2012 00:50:57
Во парите е работата.Ова лажнопатриотска влада не ги интересира дтжавата на нив им се важни парите.Додека македончето да се разбуди ке се распрашува што не снајде со овие пропагандисти наречени власт.Рекламата ствара профит а не кавгата.
Mapkoc, 28.11.2012 01:24:50
Стогодишнина на Албанија секако е многу голем јубилеј, кој заслужува почит соодветен на тврдењата и на македонската страна дека се односите меѓу двете држави одлични. Затоа чинам да е скандалозно што на прославата на Албанците во Скопје ги немаше првите луѓе на Македонија, председателот Иванов и премиерот Груевски. А меѓу славениците беа два премиера, Бериша и Тачи! Да, каде е тука елементарен протокол? Испаѓа дека, ете, некоја дружина ја закупила арената „Борис Трајковски„ за да се провесели на приватна журка. Од друга страна, скандалозно е и што тоа изгледа не им пречело на гостите? Тие, додуша, би можеле топрва да се лутат, да не ја упрскаа работата со дел од видениот „перформанс„, кој безбели не може да биде влезница за ЕУ.
USA, 28.11.2012 02:34:13
Беше невкусно, како што опиша авторот. Ајде сега да се потсетиме. СДСМ освои повеќе гласови од ДУИ и не е во Владата. Кои се причините знае здружената опозиција од денес. Тие се причина за тоа....... со потпис, а ни Бранко ни Љубчо не беа. Од опозиција, еве Менхуд Тачи од ДПА нека објасни зошто тој не беше присутен. Се знае зошто го викаат магарето на свадба. На оваа, никој не сакаше да биде магаре........ со сиот товар. Дали можеби требаше да се спроведува законот за знамиња како на Косово токму сега пред декемвриската можност за Македонија? Не дека ќе биде нешто од тоа, ама си викаш: за секој сличај.
Ljubotan Trade Name, 28.11.2012 02:53:31
Ama,za zal ,oportunizmot na Makedonskite politicari,kako da znaat od Makedonija nema nisto nema da bide ,i drpaat na sve izmisleni Ujdurmi,kako ovoj so Spomenicive,Genialen Izum da se Drpnat,i poslednite pari,i IS,da ne nema,, Kude koj Mili Moj !Site onie sto znaat;Barem malku Diplomatski Kodex na Outhfit Dress Code-Garderoba-Kako ste obleceni,i so koi insignii na obleklata.Znaat, da;Crvenata Vrvka-Kravata-Masnja e diplomatska Prerogativa na povlastena Moc i Sila,Tie go pokazaa vo sred Skopje.Samo poglednete ja Ceremonijata i slikite od Albanskata Vrhuska vo Skopje,Site so Crveni Kravati!.Za Zal,I Skopje Padna! Skopje e odamna;Slavjansko il Anticko Makedonsko [kako sakate]Geto, opkruzeno so Albanski Narod. Jas so godini ova go,,Trubam.Ama eve tua sme!
цацко, 28.11.2012 07:18:35
Да одговорам на прашањето-реакцијата ќе беше Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски со грицкалки за нокти ќе ги сечеа канџите на орлите.И да поставам едно прашање -дали Груевски навистина е во Америка,бидејќи овојпат не видовме журнали како од времето кога Тито одеше низ светот.
ФЕЛИКС, 28.11.2012 07:51:06
Од како вчера беше испотресена опозицијата,сега поради баланс на анализите се испотресува власта.Но има и давање алиби(вероватно не сакајќи)на власта за неприсуството.Па така по описот на егзодусот на премиерот и председателот,се констатира да прославата да ти била во бајрактарски кич,во романтичарско националистички вознес,нападен етно фолклор и т.н Оти да присуствуваа топтан двајцата од власта тогаш ќе имаше ,,колективна аналитичка опаљотка,, од типот ,,видовте им дадоа љавојте легимитетет на орљите,,Инаку не се разбра дали имаше покана за оние законски територијални дарители,кој сега се чудат и се крстат и со нозе и раце кој тоа го омеѓува јарболно бајрактарски подареното.Па така во стилот на Евдините Зумбуљи истапуваат,,па шо,сме подариле било-поминало,,вие сте власт вие преправете го подареното,, Да присуствуваа можеби ќе добиеја дарителите и благодарница или спомен плакета кој му ја знае.
Moris, 28.11.2012 07:54:17
Premierot e vo Avganistan vo poseta na Mirovnicite, a ne vo USA.
Buntovnik, 28.11.2012 08:04:33
21 mart 2013 Bugarija ja stavi vojskata pored makedonskata granica i e spremna na napad. Premierot Gruevski pobegna vo Emiratite a predsedatelot Ivanov vo Avstralija. - a gostite organiziraa parada na kic i primitiven populizam- . Erole Erole, ako ne ti e jasno, gostite organiziraa proslava na albanskoto zname, paradata na kic i primitivizan e vo vasite glavi koj ne mozat da ja vidat paradat na gadotija do odredana grupa narod, del od makedonskiot narod, od premierot i predsedatelot. Erole malku pocit kon sunarodnicite inace ne mozam da ja vidam razlikata pomegu tebe i gruevski ili ivanov.
nato-jato, 28.11.2012 08:23:47
Dokolku DPMNE bese opozicija kreativno kje reagirase najprvin so zborovite Branko e kriv! Sega vidovme na delo kako patriotite kje ja branat Makedonija -pod jorgan planina . Nie si laeme oni se nafatiraa muva ne gi lazi za nisto.Kobajagi imeto ne go davaat , a drzavata ni otide...
Омар Муса, 28.11.2012 08:25:52
Браво , бре , УСА , веднаш погоди дека опозицијата е виновна!Туку , чувај ни го премиерот таму , да не дојде и таму лошиот Б.Ц. со се Бугаринот Љ.Г. топтан.Таков храбар премиер ретко се наоѓа! Избега само до Америка , не отиде на Марс! Ние овде си го чуваме Хорхе , затворен дома како анама , никој лош чичко не смее да не го види!
jovan, vlada @, 28.11.2012 09:00:15
Абе кој да ве разбере вас, сачувај боже што би кажале србите,еднаш почитуваниот новинар проморира и се залага за почитување и соработка помеѓу Македонците и Албанците како влог во иднината за оваа држава заедно со сите останати заедници,па после продава малку патриотска демагогија во стилот што ќе направеше ВМРО-ДПМНЕ или како ќе реагираше да беше во опозиција?А пак јас пак ќе го прашам почитуваниот новинар ШТО ЌЕ НАПРАВЕШЕ СДСМ АКО БЕШЕ НА ВЛАСТ ВО ВРСКА СО ПРОСЛАВАТА?!Мислам дека оваа дволичност убива,непринципиелност и недоследност во ставовите кој се менуваат во зависност од тоа како ќе бидат располежени оние од екс-Бихачка.И за крај гледам дека во последно време кај дел од новинарската свита која беше главна во едни матни времиња за Македонија во почетокот на 90-тите години сега сака да се продаде како големина без која медиумскиот простор просто ќе биде неинтересен без нив, се после нив е потоп,најпаметни,најубави,најнај и да не бројам понатаму.Поздрав и без нервоза,ќе ја биде:D!
ТОДОР од истоцна т.е. сиромасна МК, 28.11.2012 09:50:34
Предавниците т.е ПАТРИОТИТЕ побегнаа од вистината, а за сето ова сто се слуцува во ова дрзавце мислам дека е крива опозицијата и оној Бранко, ах, Бранко Бранко....
Bogomil(ec), 28.11.2012 10:08:24
Треба некој да ги поседува атррибутите на вистински лидери, за да е оправдано прашањето -каде се. Туку заден е часот да се побара отчет - каде и со кого тие некадарници ја водат државата. Претседателот на државата сосема оправдано не отпатува во Тирана. И ние како народ не би сакале албански хулигани, националистички набилдани криминалци, да го гаѓаат со јајца. А таму, се може да се доживее. А што се однесува до честа кон знамето, на Албанците треба да им се симне капа. Тоа што во случајов празнувањето го злоупотребија за да ни демнстрираат изливи на екстремен етнички национализам, е друга, за нас одамна позната приказна. Меѓутоа, факт е дека ние знамето го доживуваме безмалку како долна облека. А за разлика од нив, имаме знамиња со исклучителни историски и национални вредности, како што се веените во Разловечкото и Илинденското востание, од НОВ. Но ние ги осакатуваме националните симболи, за да ги направиме полиетнички, па дозволивме од грбот да ни ја симнат петокраката. Го обезличиј
stojancev, 28.11.2012 10:19:21
se krijat da mu nastetat na dui za da ne izlezat od koalicija,vmro samo gi interesira vlast za da mozat da crpat ako treba i pola mak ce ja pokolonat.
EU, 28.11.2012 10:25:34
Vo najmala raka ke imase mnogu pomodreni, natepani, povredeni, a moze bi i zaginati.
Mudrec, 28.11.2012 10:32:33
Ne e problemot kaj bile premierot i pretsedatelot. Problemot e sto se dozvoli demonstracija ma mokj na malcinstvoto vrz mnozinstvoto preku dozvoluvanje na se sto ke posakaat. Drzavnite institucii ostavija da ni se kachat shiptarite vrz glava. Jas se cuvstvuvam ponizen od nerekacijata na drzavata. Nikola i Gjorgji mozat ako sakaat i na Mars da bidat, no morase da postojat naredbi kako da se spreci diveenejeto.
Baba Zumbula, 28.11.2012 10:32:53
Evdo,Evdo, ova dunecevo tvoe,a zumbulceVo moe uste e na 33,neumorno e.Ja pa rekov otide vo stransTvo da opita ona znaminjana(vo Tetovo li bese,kade li),ili pa mozda otide so ona od Slupcane,partnerceto sto vedne kicma na cudni mesta,defile/parada proslava da gleda.Zs nema koj drug,kako sto veli Erol site razotideni niz svetov,i koga ke dojdat ke bide ona vo stilot *t*zi dupka ne e dupka*.A toa Erol sto prasuva sto ke bese ako bese.Pa kataklizma,verojatno,evaaa.Patriotive sto se zaglaveni na 33 obrtai i verglaat vo mesto,vaka kazuvaat gacki ,a onaka? evaaaaa..no comment.Da vidat podaleku ne mozat zs im smetaat ona grankine od palmine nasi ubai.Evdo odnesi go teflonceto na doktor,od SELEKTIVNA amnezija ke da boleduva.Ako doktorite strajkuvaat,vednaga kaj ministerceto, toa ke mu pomogne.I pobrzaj,zs se se plasam deka e veke dockan,mu nema lek.Otidov ja da prikupam 1/8 od kosnickava,se nema za poveke,treba parno da platam,palmicka da zasadam,spomenice nekoe da izzidam,jarbolce da krenam...
MakeDonalds, 28.11.2012 10:36:56
ZBOGUM MAKEDONIJO!
kumanovac, 28.11.2012 10:41:24
Да имавме добро и храбро па и паметно раководство во државата оваа манифестција требаше да биде забранета .Прослава на било каков јубилеј на една држава се слави во својата држава и на своја територија а не надвор.Тогаш ке беше нормално да и председателот и премиерот ако бидат поканети да присаствуваат на прославата во Албанија и тоа е гест на добрососедство.Со оваа провокација Албанците ни ставија до знаење дека тие овој дел од Македонија ја сметаат за дел од Голема Албанија.
silvester sidnej, 28.11.2012 10:44:21
Glufcite prvi go napustaat brodot sto tone...
od ostrijot, 28.11.2012 11:29:58
znaci takvi hrabri luge ja vodat drzavata stom malku zgusti fakat magla .bas sme zazalenje.
tihi, 28.11.2012 12:29:44
Bree junachishta brankofilski shto imala majka Makedonija.Sekako ne pripadnici na zhivotinsko carstvo.A da frlevte nekoe jajce tamu kaj shto treba.
pretpriemach, 28.11.2012 13:00:49
Ja utepa od kritikuvmnje i Vladata i koalicionite partneri... no Erol, kako spored tebe trebase da se reagira???? So nasilstvo, sigurno ne!!!! Proslavata besi i si pomina... sega tie istite treba da skrpat kraj so kraj i da go isteraat mesecot... verojatno i tie (vo nagolem broj) veke zaboravile na euforijata i razmisluvaat za realniot zivot bidejki treba da se jade, da se ispratat decata na uciliste, treba da se kupat alista, da se plati parno, struja, voda, telefon... treba da se zivee vo surovata realnost!!!! Od ideali ne se zivee... so PARI se se plaka..... a tie treba da se zarabotat.
bb, 28.11.2012 13:33:25
odgovor na prashanjeto: vo toj slucaj latas ke barashe prodolzenie na vestite
Stevo, 28.11.2012 13:41:22
Opozicijata se uste se pravi fina i evropska, mislejku deka ziveeme vo civilizirano opstestvo. I toa ne e nisto novo, Opozicijata zaspa, ama zaspaa i goelmite patriot Vlatko Gorcev, Antonio Milosovski, Filip Petrovski, zaspaa popovite patrioti, zaspaa site opstinski komiteti na DPMNE, site dobija naredba od centralata da potonat vo dlabok esenski son, baren nedela dve dodeka da legne rabotava, a posle pak da viknat :Branko e kriv.Zatoa treba so ime i prezime prozivka na patriotite : Gorcev, Milosovski, Petrovski, Boneva, onie tetkicite od parlament sto slucajno se pratenicki i poslusnicki, pa ministgercinjata vo tesni pantoloncinja, pa Valentina Bozinovska so svojot traoren glas da gi iskara Albancite. Dodadte vie Erole uste nekoe ime na patriotite, mene ne mi teknuvaat......
Gluvcite go napushtija brodot, 28.11.2012 13:49:41
Dali mislite ovaka da go osvojuvate i Solun so Solunsko Pole, od terasa ili USA? A, joj, joj! Koga od shiptarite se ispoplashivte i pobegnavte koj kade fati, shto ke bide ako samo eden grchki tenk pojde na vas? Za armija i ne smeam da prasham. Da, da bevte opozicija, mameto ke mu go rasplachevte na Branko, znaejki oti toj nema da ve tepa. Ama treba ednash da vi go vrze kotekot, za da ucutate za sva vremena. Sram ve bilo!
marcus marius, 28.11.2012 14:02:25
Za da ne se setat Vlasite. E be Erole, pa za sé se krivi Vlasite be. Pa tie ja napravia albanskata azbuka, pa tie ja formiraa drzavata Albanija. Vo prvata albanska vlada mnozinstvoto beshe vlashko. Samo sho koga go pravea toa Vlasite go pravea od najplemeniti pobudi, ne od takvi kakvi sega prezentiraat Albancite, posebno onie na sever od Tirana i onie od Kosovo (mislam deka se razbirame za koi se raboti). Onie na sever od Tirana i od Kosovo kakov doprinos imaa vo toa. Nikakov, ili skoro nikakov. Zatoa pak sega tie denes go pravat toa sho go pravat. Ete samo tolku malku istorija za da se setat ovaj pat drugite. A kaj Vlasite (ili kaj Aromanite kako miluvam) sekogash beshe prisutno deloto - misla a kako del od domashnoto vospituvanje koe veli Ako toj tebe so kamenja, ti nego so leb, taka polesno ke go skrotish. Imaj si ubav den.
СТОЈАНЧЕ ОД МАКЕДОНИЈА, 28.11.2012 14:09:31
Ероле,во право си,ама за сето ова БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Е КРИВ,навистина е крив,затоа што тој со неговите соработници со своето несериозно и незрело работење во годините кога ја имаше власта в раце и и тотално неработење дозволија народот да си створи омраза против СДСМ и малоумни и инфантилни луѓе да дојдат на власт,но и да се одржат на власт невообичаено долго време и да не однесат во провалија. Па што можете да очекувате од тешко исфрустрирани и забегани случаи,кои имаат на располагање се за да ги остваруваат своите болни амбиции и фантазии.Неемате право на штрајк,немате право да се разболите,немате право да ги критикувате и ако не сте со нив ќе ве уништат да не постоите.БОГ ДА ЧУВА И ДА БРАНИ,ПА КАДЕ И СО КОЈ И ВО КОЈ НАРОД СМЕ СЕ РОДИЛЕ и мораме да ги трпиме овие монструми да ја водат државата
Fenix, 28.11.2012 15:07:59
Odlicno prasanje! Se profilira Vlasta kako Kucinja od Slama!
аааа, 28.11.2012 16:36:17
Напишаното е на место. Треба да се учи од овој текст.Признание за овој текст.
Kojco, 28.11.2012 17:05:50
Za 10 godini nema ni M da ostane od Makedonija, NEVIDENO NIKADE VO SVETOT, a premierot i predsedatelot NEMAAT ODGOVOR na prashanjata nejzinite gradjani za ALBANSKITE ZASTAVI. GLUP NAROD SILNA DRZAVA
BHC, 28.11.2012 19:19:06
Kako ke reagiraa??? Junachki Erole junachki a ne kukavichki kako sega.Nemashe da begaat tri dena daluku tuku hrabro ke ja braneja zemjata od predavnicite Shatevski.Ke imashe i nekoja bomba.Koga makata e od Shatevci,tie se golemi junaci a ti znajsh Erole deka*na muci poznaju se junaci*.A shto pogolema maka od predavnicite od Shatevska.
koki, 28.11.2012 19:20:08
Kolku me drzi pamtenjeto, ova so znaminjata i jarbolite bese specijalitet od Gwujo !!!????? Demek ke go kr patriotizmot kaj narodot, arno ama Makedonecot ostana gladen i straden, a Albanecot se izdigna so iljadnici znaminja......... a kaj e patriotot Gwujo?????? Se razbira, stom ja zamesa mandzata, pravo na NOVO ROUD SHOU......... Nazdravje Makedonijo, sama si go izbra.........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Магла

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -6°C

Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |