14.01.2013, 16:29 Инвестицискиот бум ќе се врати в година
Иако поради кризата некои компании ги одложиле одлуките за инвестирање, немало индикации за комплетно откажување од проектите, вели министерот Веле Самак
Маја Томиќ
Покрај рецесијата и економската неизвесност, Владата и годинава не се откажува од проекти за привлекување странски инвестиции. Како и досега, и оваа година ќе се продолжи со инвестициските проекти и преговори со повеќе компании. Според Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции, се прават сите напори за да се дојде до ситуација странските компании да се убедат да инвестираат во Македонија, иако поради кризата, кај некои се чувствува доза на несигурност за инвестирање на други пазари.
„Постои неизвесност за нови вложувања затоа што во ЕУ има рецесија, која, дефинитивно, може да влијае врз одлуките на компаниите. Затоа сме фокусирани на конкретни земји од каде што фирмите бараат излез преку подобра пазарна позиција или подобри услови за експанзија“, изјави Самак за „Утрински весник“.
Тој додава дека европската криза ќе продолжи, како и големите структурни проблеми. Покрај фискалната криза и долговите, веќе постои и огромна невработеност особено кај младите лица.
„Во ЕУ е очигледна фрагментација на земји-членки кои успешно се соочуваат со проблемите и земји кои се' уште бараат решенија, гледајќи во ретровизор. Ваквата неизвесност им годи само на фирми кои имаат добра ликвидност и бараат нови инвестиции со освојување нови пазари“, посочува Самак. Тој додава дека кај некои компании веќе има одложување на времето за донесување одлука за период од два-три месеци, но дека засега нема индикации за комплетна смена на стратегија или откажување од проекти.
Иако во десетте месеци од минатата година вредноста на странските инвестиции, според Народна банка на Македонија, изнесуваа само 50,6 милиони евра, сепак, Владата е задоволна од постигнатото на инвестициски план. Според Самак, ланските резултати се најдобрите во споредба со последните десет-дваесет години.
„Прв пат многумина видоа четири-пет нови фабрики, како и отворање нови погони. За потсетување, ’Кемет електроникс‘ го започна производството со 100 вработени, ’Џонсон Мети‘ го дуплира капацитетот и е на пат да постигне 500 вработувања, ’Џонсон контролс‘ во Штип е при крај со изградбата, а веќе остварува извоз од привремен погон, ’Продис‘ и ’Текнохозе‘ започнаа со производство, ’Кромберг и Шуберт‘ во Битола веќе има над 240 вработени и ја заврши изградбата на фабриката, а ’Дрекслмаер‘, покрај фабриката во Кавадарци, веќе вработува речиси 500 луѓе овој месец и извезува делови за ’Мерцедес‘. И на крајот, холандската ’Ван Хол‘ е во тек со изградбата на фабриката. Тоа се вкупно над 7.000 нови вработувања во првата фаза на сите овие фабрики. Се надевам дека , ако не оваа, тогаш наредната година ќе го повториме овој резултат“, нагласува Самак.
Во скоро време, како што неодамна најави министерот Самак, во Велес ќе никне нова гринфилд-инвестиција. За неа имало голем интерес од една германска фирма, која го пикирала токму Велес, иако посетила и други градови во земјава каде што ги разгледувала можностите за инвестирање. „Претставници на оваа компанија веќе два пати беа во Македонија. Работиме интензивно со Општината за да бидат подготвени со понудата, а моментно преговараме интензивно со фирмата за да одлучи да инвестира токму кај нас. Се надевам на позитивен одговор наскоро“, вели Самак.
Тој додава дека моментно има многу проекти на кои се работи интензивно во соработка со Агенцијата за странски инвестиции.
Еден од нив што ќе се реализира наскоро е интеграција на домашните фирми во процесот на привлекување странски инвестиции. Во таа насока, како што вели Самак, ќе се организира конференција во која ќе се поврзат странските фирми, сегашни и идни, со домашните потенцијални партнери. „Со тоа ќе зајакне економијата и ќе ја зачуваме повеќе додадена вредност во Македонија. За неколку недели ќе имаме и детали за оваа конференција која ќе стане редовна практика“, посочува Самак.
|
Статијата е прочитана 2346 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
riki, 15.01.2013 00:17:11 | da investiciskiot bum se vrati do godina?kakvi smeli vizionerski izjavi.ocekuvav kako po navika da kazete,ke se vratat pred martovskite izbori. |
| Itar Pejo, 15.01.2013 00:30:09 | 50 milioni investici za deset meseci lani! Golema para! A kolku e vo sosednite zemji? A kolku novo vraboteni ne e jasno. Vkupno 7000? Samo vo Kavadarci pocna vrabotuvanje na 500. POCNA! A koga ce zavrsi? Znaci tie 500 ce gi broime i lani igodinava i vgodina, taka da tie 500 ce stanat 1500 pred voopsto da stanat 500. Povesela matematika zdravje! |
| andrej, 15.01.2013 00:48:14 | Sekoja godina, 7 po red istite lagi!! Do koga? |
| stefan, 15.01.2013 01:09:10 | da da ovci sme nie |
| загрижен, 15.01.2013 01:13:21 | Зашто многу ја сакаш Македонија ти отвараш фабрики во Кина. Барем вие не треба да дискутирате на вакви теми. Начекавте, бркајте работа дур можите. |
| pile, 15.01.2013 01:50:26 | ,,Иако поради кризата некои компании ги одложиле одлуките за инвестирање, немало индикации за комплетно откажување од проектите, вели министерот Веле Самак.Vo eden komentar vo Utrinski vesnik preporacav DPMNE-vcite da im ponudite alkohol za da ja cuete vistinata , ama nepreporacav da gi komirate od alkohol i da ne znaat sto zboruvaat.Posle vakov predmalku citiran voved ministerot koj se javuva za da ponudi prazno vetuvanje ,,KE bide mozje ostavka da si ponudi.Koj vlozjuva vo Drzjava vo koja vladeenjeto na pravoto e na najniska granka vo regionot i izvrsnata vlast se mesa vo pravosudniot sistem oceneto od relevantni megjunarodni institucii i mozje da go procita na sajtot na Stejt departmentot na SAD.Koj seriozen investitor osven mentor na Vladata kako sto e najava za investicii vo ,,Drizla, vlozjuva vo Drzjava nadvor od NATO Alijansata, kaj sto korupcijata e na visoko nivo a borbata protiv organiziraniot kriminal vo totalen kolaps.Dosta prodavavte evtini prikazni za mali deca.OSTAVKA |
| Jaavas , javas Vele, 15.01.2013 01:50:35 | Javas, javas Vele , nemoj tolku da se napregas,malku uspori. Lani si donesol duri 50,6 miliona , ovaa godina malku uspori. Sto ce pravime so tolkavi investicii? Kade ce gi smestime, a i ce treba da uvesuvame rabotna sila?! |
| Baba Zumbula, 15.01.2013 02:52:33 | Baba nikogas premnogu ne se raduva na stranski investicii.Trba da doagjaat,no da se nadevame deka ete bas tie ke ni gi resat ekonomskite problemi,ne e bas za veruvanje.Sekoj sto ke investira sekako ke go nosi profitot nadvor,sto e normalno.Inaku zosto bi investiral?!Drugo e prasanjeto kolku ke bide vrednuvana rabotnata sila vo MKD.Ima mnogu stran kapital vo Indonezija,Bangladez itn.Kolku se vrednuva rabotnata sila tamu?2$ na den?Ako vlasta e zadovolna so 50 miliona strani vlozuvanja,toa si e nivno.Se nabrojuva kolku se vraboteni vo ovie novi objekti.Vo red.Ajde da ja vidime taa brojka sporedena so administrativnite vrabotuvanja za istiot period?Malku porazitelno neli,poveke administracija od proizvodstvo.Baba nesto drugo ja maci.Procita edno pisanie na web http://www.burevesnik.org/mk/2011-07-09-13-25-27/item/282-однесено-со-фамилијата.html Baba ne moze da razbere koj,sto,kako.Veruvam da tefljonceto na Evda ke gi izvadi zamaglenite okalki (bi rekol 5001),ke procita i ke pojasni.. |
| Krt, 15.01.2013 07:41:08 | Na ovie vasi lagi ni Feliks nema da poveruva. Pedeset milioni evra investicii???. Pa tolku pari se investiraa vo dve opstini vo sosedna Srbija i se vrabotija 5.ooo rabotnici..Ama taka e toa kaj vas, vie funkcionirate samo vo ,,futur buduci,,. Za segasnive maki ke zboruvame vcera , a dogodina ke vidime za lani. Vi nema kraj na falbite. Nema sto, jaka vi e fabrikata za ROZOVI ocila. |
| melbourne, 15.01.2013 08:34:42 | Kakva matematika a!? 7000 vrabotuvanja? Ajde uste ednas prebroj i kazi ni na site nas glupavite ovci od narod,kako gi izbroja tie vrabotuvanja.Avo megju vreme napravi matematika kolku rabotni mesta se zatvorija vo poslednite 18 meseci,zaradi dobrata investiciska klima vo Makedonija! |
| xxx, 15.01.2013 08:44:51 | Vaka go citas ministerov i si vikas: Pa dobro be covece, na skala od 1 do 10 za kolku glupavi ne smetas ti nas? A koga ke vidite deka 7 godini e na vlast pa i za nisto pomalku od 10-ka ne sme. Samo napred Vele, ovaa godina ako moze 65 milioni eur ke bide super. Toa ke bidat fantasticni 15% poveke od minatata godina. Bog znae Dnevnik sto li ke napise na naslovna za vasite uspesi. |
| Buntovnik, 15.01.2013 08:50:56 | Kaj nas imase eden kafangija koj nad sankot stavi natpis, - sledniot vtornik, gratis pivo.- Koga ke dojdese vtornik i nekoj ke recese -ajde gazda gratis pivo- toj ke im odgovorese procitaj go natpisot. I taka nikogas gratis pivo. Taka i nasava vmrovska ekonomija po doktrinata na glavniot ekonom od Prilepskiot Universitet, Vo godina podobri investicii. Eh sto e lesno da tropas gluposti kaj prost narod. Samo malku pravo ke te razberat. Premalku. |
| slartibartfast, 15.01.2013 08:58:16 | Vele, Vele, zlaten toj. Pak odrabotuva nesto za tatko mu. Pak nekoja drzavna para treba da legne na nivnata semejna smetka. |
| Дедо Ставре, 15.01.2013 09:25:25 | Абе не се возбудувајте толку, знам дека ви смета тоа што на Македонија ќе и тргне но немојте толку, па ужувајте и вие малку во победите на Власта.Нели?:) |
| Mile, 15.01.2013 09:41:48 | A -ha ,Obavezno. |
| od ostrijot, 15.01.2013 09:51:29 | vele i ti i nije znaeme oti toa e trubenje vo prazno
no tinesi vinoven zatoa natebe tije naredeno dase fales a akotinekoj veruva toa e negov problem. |
| В година, 15.01.2013 09:52:48 | В година бумот ќе се врати како ТРЕС! |
| zen, 15.01.2013 10:26:00 | vo EU ima recesija, a vo MK nema,a?? tamu e kriza,a tuka cveta. ne znam zosto germancite ziveat tamu, a ne dojdat tuka da uzivaat vo makedonskata ekonomija...a i matematikata so brojot na novi vraboteni ne vi e za masala... |
| Од мене, 15.01.2013 10:33:43 | Бре колку паметен народ имаме..сите се знаете, и како се носат инвестиции и колку може тоа да биде лесно..јас се нудам за помош на сите оние кои имаат негативно мислење за министерот да им помогнам да ги вработи кај него и да му помогнат заедно да донесат повеке инвестиции..
Сите мудрувате ама сите си ги носите старите куфери со вас каде и да одите..Се само мувлосани коментари од луге без идеи и визија..Време е да почнете нешто конкретно да понудите и да сработите... |
| Mudrec, 15.01.2013 10:38:52 | Komunjarski komentatori, ako vekje kritikuvate, dajte izdrzani kritiki. Mozete li da negirate deka konecno vo Makedonija se otvaraat novi fabriki? A ekspertite koi se zagrizeni deka strancite ke go nosat profitot doma zasluzuvaat ismevanje. Se razbira deka tie doagjaat za profit. Nie gi vikame za da vrabotat lugje koi so platata sto ja zemaat ke ja razdvizat domasnata ekonomija. |
| mitre mutaviot, 15.01.2013 10:44:32 | Ако вие способни ВМРО-вци успеавте да вработите 7000 луѓе со 50,6 мизерни милиони инвестиции, замислите колку ќе бевте поспособни ако 800 милиони евра бадијала фрлени пари за КИЧЕРАЈОТ викан Скопје 2014 (за кој цел свет ни се смее и не прогласи уште и за крадци на туѓа историја) ....... со 800 милиони евра, кои итаат кон цела милијарда ќе вработевте 111000 илјади луѓе..........Наздравје Македонијо........ |
| Трпе, 15.01.2013 11:00:02 | Му честитам на оптимизамот на Самак со фамилијата.Ако не ова лето другото лето гарант.Се додека на македонскиот народ спиењето му е побитно од празниот стомак ,вака ке биде ЌЕ,Ќе,ќе....ќе.Некои учени,при��чени недоучени на сметка на стекнатиот нечесен капитал на сопствената фамилија со право си дозволуват македонскиот народ да го сметат како стадо на овци.Само што не пристигнал овчарот да ги измолзи и остриже овците. |
| jovan, 15.01.2013 11:01:36 | KE bide, KE bide. Sreka sto vo gramatikata ima IDNO vreme, pa mozes da se iznaobekavas kolku sakas i sto sakas. No, veke vidovme kolku vredat nivnite obekanja. Na red se povtorno da gi spomnat EFTINITE KREDITI koj ke se delat vo Juni-Juli. Od preraskazuvanje bajki preminuvaat kon preraskazuvanje komedii i vicovi. |
| Виктор, 15.01.2013 11:36:53 | Ги читам коментариве и неможам да не се изначудам. Каква ли е тоа омраза и цинизам што преовладува само да се плука по нешто? Толку ли малку разум имате да нема никој од вас некој аргумент да даде, па и немора позитивно. Кој толку многу ви ја плаќа омразата што не се штедите, кажете барем и ние останатите да заработиме нешто од вакво плукање!?
Човекот си кажал, па ако биде ќе биде, ако не ќе го држиме на збор. |
| mojso, 15.01.2013 11:46:07 | Corbe i Cvanciko od Prilep gospo da gi prosti ne ti se ravni.[za neprilepcanite najgolemite lazoj vo prileo] |
| makedon, 15.01.2013 13:56:52 | Ti be Vele kako da si dojden od Kushkundalevo a ne od Amerika pred da ja fatish foteljata. Airlija be, so 50,6 milioni 7000 vraboteni. I vo Amerija kaj sho beshe taka beshe i taka e i denes, a ? Vele be, vo Amerika so 50,6 milioni investicija ke vrabotat maks 400 dushi, a i pomalku po sé. Zato koga davash takvi shifri davajgi najarno za Kurir i Vecher, nemoj zjivti i za Utrinski. |
| prijatel, 15.01.2013 14:34:15 | Ako Utrinski uchestvuva vo seenjeto magla so vakvi naslovni, ne ochekuvajte pomosh od nadvor, samite znaete shto pravite i zoshto toa go pravite. |
| fin..makedonec, 15.01.2013 17:32:29 | Kade izbroja 700 vraboteni zziti boga. I dokolku se toccni sive ovie (zaokruzzeni) brojki na vraboteni toa se (zaokruzeno) 1500 vraboteni |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Сабота
Замрзнат дожд
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
Недела
Сончево
Макс: 3°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
|