Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
24.02.2012, 18:38

Анализа

Еден лидер... далеку одовде

Радмила Шекеринска

Некои споредби понекогаш изгледаат претерани. Но, во Македонија сегашниов страв врши работа. Страв+пропаганда+манипулација е доволно за помала и посиромашна држава како Македонија

Та не сме саде ние, та не сме саде тука... Еве што се случува во една земја, на едни луѓе далеку од нас. Барем според зборовите на двајца странски новинари кои ги следат веќе долго време.

Пренесениот текст прочитајте го полека. Сами донесете заклучоци. Само едно ќе ве замолам: оставете го крајот на колумната навистина за крај. Без прескокнување. И дури откако ја имате својата слика и своите коментари. Можеби ве очекува едно изненадување.



Лидерот ги влече сите конци... И тоа наидува на воодушевување. Неговата дисциплинирана публика живее лошо. Стандардот на живот е многу понизок од порано. Несигурноста се зголемува. Стравот расте.

Критичарите на лидерот се во право кога велат дека таквата публика лесно може да се злоупотребува. Неговите настапи тоа го потврдуваат: подготвен е да ги искористи сите, ама буквално сите средства кои оценува дека му обезбедуваат нови следбеници. Подеднакво е бескрупулозен и кога ги разгорува огновите на омразата и кога воздигнува неверојатни надежи.

Ги повикува во борба против тиранијата на нивните соседи со поинаква етничка и религиска припадност. Тие се вештачкото „плашило“, создадено онака ад хок. Едноставно, пропагандата бара таква работа...

Во оваа земја, како и во сите други, постојат големи разлики во образованоста на населението. И тоа ги прави луѓето различни... Овдешниот лидер остро се спротивставува на тоа. Тој се бори за правото на полуобразованите да имаат своја слика за светот. За правото на полуобразованите да имаат култура дефинирана исклучиво со љубовта кон својата земја. Ги напаѓа студентите ако не размислуваат на ист начин како и останатите... Лидерот е самоук и во неговите очи, клучната работа не е вистинското знаење или интелектуалниот финиш, туку само активната љубов кон сопствената земја и меѓусебното разбирање... Убави зборови кои лесно се кажуваат, а никогаш не можат да се „измерат“. Дотолку подобро.

Лидерот повикува на единство, им ветува дека поради тоа единство цел свет повеќе ќе ги почитува, и им порачува дека нивната земја нема да има успешна надворешна политика се' додека целосно не се обедини. И толку... Ниту една од овдешните партии нема толку едноставна формула.

...Министерот за правда испрати циркуларно писмо. Пишува дека сите судии ќе бидат тестирани за патриотизам и општествен интегритет. За лидерот, концептот на апстрактна правда е истрошен. Според него, суштинската правда е онаа која и' служи на државата.

Новите владетели на овој новосоздаден народ имаат и нов вокабулар. Во литературата и уметноста, во професиите па дури и во спортот, нови барања ги заменуваат вкусот, знаењето и искуството. Уметничкото дело не „поминува“ ако не е создадено од „избраните“. Музиката и театарот се приспособуваат на потребите на пропагандата.

Медиумите се веќе „асимилирани“. Сопствениците, уредниците и новинарите кои се сметаат за непријателски, млаки, либерални, умерени, пацифисти... се веќе избркани, а партиски комесари го проверуваат секој напишан ред. Вниманието е сконцентрирано исклучиво на општи соопштенија, говори на лидерот, извештаи за „масовки“ и големи прослави.



Го читате текстот и сигурно ви звучи познато: неприкосновеноста на лидерот, бруталната злоупотреба на сиромаштијата и незадоволството на граѓаните, супериорното создавање „виновници“, систематското оцрнување на се' што е интелектуално, односот „елиминирај по кратка постапка“ кон објективните медиуми, партиското боење на културата... Животот се турка од една до друга прослава, од еден до друг непријател, од еден до друг говор... А, во секој од нив – истата приказна. Човекот кој најмногу не' дели повикува на единство. Човекот кој владее со кавги, бара обединување. Човекот кој ветува поголема почит кон Македонија од страна на „Големиот свет“... лека-полека ги затвора сите наши врати кон него. Можеби некои од вас наоѓаат утеха во тоа што не сме осамени во овие проблеми. Ако им се случува на други, тогаш сигурно не е наша вина – така можеме да се правдаме. Ама, не бива. Не оди. Фактот дека нашите „јавачи на апокалипсата“ само тераат по еден одамна напишан прирачник – кој е најважната (понекогаш единствена) литература на сите автократи во зародиш – воопшто не ме теши, туку ме плаши. Не' опоменува, а не треба да не' релаксира.

И на крај, она што го ветив. Морам да ви признаам дека во почетокот не ви ја кажав целата вистина. Да, текстот кој го пренесов го напишале двајца странски новинари. Не кои било. Едниот – уредник на престижниот Foreign Affairs, а другиот – познат дописник од Москва и Вашингтон. Да, текстовите ги напишале за една земја и едни луѓе далеку од нас. Една земја и едни луѓе од кои не' делат 2000 километри и... околу 80 години.

Тоа е она што го премолчев во почетокот. Армстронг и Шефер ги напишале своите статии во далечните 1932 и 1933 година, во срцето на Европа, и ... веќе погодувате – тие го сликаат владеењето на Хитлер.

И да, се сложувам дека тие споредби понекогаш изгледаат претерани. Знам. Во Македонија нема и нема да има концентрациони логори и СС-единици. Нема потреба – и сегашниов страв врши работа. Страв+пропаганда+манипулација е доволно за помала и посиромашна држава како Македонија.

Груевски не е Хитлер. Не. Но, не' храни со истиот отров и не' гаси со истиот бензин. И дел од публиката се' уште аплаудира. Се надевам дека некои од нив повторно ќе ги прочитаат овие стари текстови и ќе видат дека насилството никогаш не почнало со оружје. Туку со збор.

(Авторката е пратеничка и членка на СДСМ)


Статијата е прочитана 3710 пати.

Испрати коментар



Карикатура
Тонењето на „Охридско лето“
Добар и лош дефицит
Холивудски манири



jovan, 25.02.2012 00:48:33
Jas vednas ke se sprotistavam na ovaa komparacija. Ne za da go branam Gruevski, nego si zemam za sloboda Hitler da go branam. Germanija/Hitler na toj nacin gradese i izgradi drzava koja ja pokori cela Evropa. Imaa svoj geo-strateski pogled na svetot, koj i denes moze da se kaze deka povtorno zazivuva. Mnogu od tie pokorenite go docekaa kako svoj. Industrijata, naukata i dostignuvanjata sto gi imase taa drzava, ne bea napraveni od poluobrazovani provincijalci. Toa bese tehnoloski i naucno napredna drzava, a kadrite od taa drzava posle vojnata bea zemani i zaposluvani vo vrvni institucii vo SSSR i USA. Ovde so slicni metodi se unistuva drzavata. Ovde mozebi nema konc.logori, no luge begaat od ovde kako da se vo konc.logor. Ako ostanat, za glad ke trpat. Da ne zboruvam na kolku sposobni luge karierite im se unisteni.Diplomi ni od sredno me ni priznavaat, a ne pa nauka. Dodeka od Hitler strepese cel svet i bea prinudeni da mu se sprotistavat, nas ni se smeat i cekaat samite da propadneme.
Ich und nur ich !, 25.02.2012 00:56:26
Sreca nasha, a bogami i na Evropa i svetot, i osobeno na Grcija, shto Makedonija nema ni del od taa germanska moc. Inache ne bi bil on mal, nego golem Firer. I site bi mu se klanjale, a chlenovite i simpatizerite na SDSM, spored negova zelba, bi se vednash pretopile vo DPMNE. Tolku bi se soziveal so Firerot, da ce zaboravi i na Aceta. Hitler, so svojata voena mashinerija, e najmnogu potepal vo istorijata na choveshtvoto, daleko povece i od Aceta, i kako takov bi imal prednost za idol na nashite patrioti.
Povelbata na ON e prekreshena! Pregovorite nelegalni !, 25.02.2012 01:51:30
Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
elena, 25.02.2012 02:17:02
vo svetot go sporeduvaat ko beloruskiot lukasenko.se pojavuva sekade so lopatata i gradi samo sportski sali.tamu kade ne e mesto na eden premier tamu ke go vidis.glavnata uloga vo filmot ja rezira samiot.se blamira samiot a nas,ne vraka nekade vo 1948. toa se 64 godini pozadi noviot vek.ne cudo sto za primer sluzime koga e vo prasanje bedata i diktaturata na balkanot.posle albanija na vtoro mesto sme.optimisticki ama napreduvame-za prvo mesto
Shekerce, 25.02.2012 02:21:29
Shekerce go vidovme tvoeto blago cedo.Vistinata e vo tvojata politika ne si losa zena ali si losa politikanka,no zasluzuvas II sansa zasto ne si izvalkana!!!
glup-tup, 25.02.2012 04:11:12
Rado dali e ova najdobroto sto go mozesh? Gi citam tvoite kolumni redovono i cesto... Iako sum vecen protivnik na VMRO i Gwujo, .... ne e ni cudo sto se na vlast. So vakvi kolumni, idei i opozicioniranje uste dolgo ke gubite na izbori... Dajte vi se molam. Sednete, razmislete i pocnete so rabota, imate tolku mladi i polni so ambicija ljuge... Ostavete gi dogmite, ostavete ja kritikata kon VMRO, pocnete so svoi idei i misli...Garantiram deka ke dobiete na izbori....
Ace, 25.02.2012 05:44:00
Na vakviot fasizam mu pomaga i vasiot Branko koj ne dava drugi lugje da ja predvodat partijata i da go porazat grujo. Toa mu doagja kako da e podrzuvac na gruevizmot. I neka se prasuvaat site tie brankovisti naivci - od kaj firmata na suprugata na Branko profitira so pomos na segasnata vlast?
tito, 25.02.2012 05:48:44
госпого со цело поштованје ама овој народ овака плашлив и молчалив го направивте вие и вашиот водач, во една подалечна земја овакви в0дачи ги викале фирери зато што прво уништиле се за да завладеат арно ама им се случило народ и демократија па исчезнале па понатаму вие и лидерот мислете што следува..........................подобро утре ама без вас.
P.Petar, 25.02.2012 06:44:08
Kukumjavcenje,placki,kritiziranje i zalopojki se karakteristiki na nasata nedoizgradena nacionalna svest.Ako sme sigurni deka firerot necini,ne go biva ili slicno zosto nigde vo komentarite ne procitav AJDE DA SE SMENI ?Treba jaka politicka opozicija/koja vo momentot hibernira/ Kaj se nevladinite organizacii?Vo krajna linija kade e glasot na narodot? Avtorot na komentarot upotrebuvajki novinarsko-filmski trik ni otkriva GOLEMA VISTINA/a nie site ja znaeme/ Drugarke Sekerinska imajte malku poveke hrabrost pa povelete da ni ponudite LEK protiv bolki!Dokolku na akciite na vasiot omrznat firer ne mozete da odgovorite so jaka reakcija togas pomirete se so faktot da bidete zaboraveni ili transformirajte se!! Ne cekajte NATO,Merkel,Erdogan,ili Obama da go resat slucajot,bidejki dokolku i go napravat toa za toa tie naplatuvaat DEBELA taksa!!
analiticar, 25.02.2012 07:05:59
veke i da ne te citaat ke te procitaat,no ne znam zosto sds saka da dajde na vlast,za da doukrade nesto ako ovie dpmne ostavat,drugo i ne gledam,bideki i vie samata na sekoj cekor vikate za se sto se napravilo kriminalno e zastareno i treba da gledame samo denes sto se kradi,od druga strana sporeduvate kako bilo primer germanija,pa germanija i den denes se bori so minatoto duri i plaka osteta na poedinci sto bile vo rabotni logori za vreme na hitler,a vie sds-dpmne se sto bilo vcera e zastareno.
Hari, 25.02.2012 08:46:32
Mojot 80 godisen tatko pred 6 godini go zboruvase seto ova, Gebelstinata i pravese sporedbi so Hitler i Stali, Mao Ce Tung i jas velevtatko mi izlapil no za zal bil idiotski vo pravo.
KIro, 25.02.2012 09:08:11
Vo mk sitnoto liderce go du...sitniot narod. Ionaka nikoj ne gi broi i nema druga vistina.
od ostrijot, 25.02.2012 09:50:41
ve molam nesporeduvajte go premijerot so hitler oni nemat ama bas nisto zaednicko hitler gradel i germanija ja izgradel vo vele-sila dodeka nasijot i izgradenoto go rastura-unistuva.
Do shekerce, 25.02.2012 09:52:26
Kako tebe abdali sto gi ima Makedonija ke trpi mnogu. Ova e samo pocetok.
Евреите, 25.02.2012 09:57:56
Кога веќе цитираш изјави од тоа време, сетисе и на изјавата на писателот Ели Вазал, од тоа време и место. Ќе ја парафразирам: „ Кога почнаа да ги собираат циганите, си ќутев, зошто не бев циган. Кога почнаа со комунистите, пак ќутев, не бев комунист.Со либералите, словените и др. исто. Кога дојдоа по мене, веќе ��емаше кој да се буни“ Ти сеуште преташ, ама што правиме кога и на тебе ќе ти дојде редот? Малку останавте!
Анонимен, 25.02.2012 10:38:17
Неколку работи ќе пишам...зошто неможеш да споредуваш баби и жаби... 1. Хитлер 2 пати бил паднат од приемниот за на академија во берлин(нема високо образование и фрустрациите негови биле големи поради тоа...) 1.2 Груевски има завршено во Прилеп(Економски факултет...каков таков) 2.Хитлер се борел во Првата Светска Војна и бил курир,се додека не добил слепило,кое што го пратило во болница,каде го лекувал прочуен психијатар со фатална метода(величејќи го така што токму тој бил ТОЈ што може да го промени светот) 2.2 Груевски освен говорната мана...што треба да се каже?... Не велам дека сега е сјајно,но ако некој што придонел за Македонците да се почувствуваат Македонци,тогаш е Никола Груевски(поточно сите што работат околу него...:) пс.го поддржувам и коментарот на Jovan,што е апсолутно точно се што кажува во неговиот коментар
sime, 25.02.2012 11:20:23
Mala polemika so Jovan cii komentari mi se dopagaat. Sto se odnesuva dfo Hitler poznato e deka bil bolen covek so idei koi svetot ke go cinat milioni zrtvi i sradanja.No-ne e Hitler toj koj e zasluzen za podemot na Germanija tuku germanskoot narod cija disciplina i poslusnost ja iskoristi. Tocno e deka Gruevski ne moze da go sporeuvame so Hitler noobservaciite natie novinari gi imame vo denesna Makedonija.
Blaze m., 25.02.2012 12:05:05
Gos.Shekerinska Gruevski nee idealen kako nikoj vo svetov shto nee. Zalosno shto edna licnost izbrana na demokratski izbori e sporeduvate so Hitler, so toa si e pokazuvate niskosta I nesposobnosta kako na vas taka I na SDES, ako bevte sposobni ke ponudevte neshto po pametno vie kako licnost isto I kako opzicija partija
gete, 25.02.2012 12:26:27
За жал тоа ви е суровата Македонска реалност.............лек, едноставно нема...........Што ли сме му згрешиле на Бога???????????
Jelena, 25.02.2012 12:37:18
Gospogo Radmila ja procitav vasata statija i nemozam da se nacudam.Prvo nemozam da svatam kako toa si dozvoluvate da nekogo go sporeduvate so licnos koja sto imala zivot zasnovan na zadovoluvanje na svoite bolni frustracii.Ako se vratime nazad vo vremeto pa vo nasata ni Makedonija i ne bese nesto dobro dobro dodeka Vie i Vasiot cenet lider bevte na vlast.Bi skala da Ve prasam sekavajki se na predizbornata kampanja kako toa ke go resite sporot so imeto za samo 6 meseci?Neli e malku nisko i navredlivo da Vie seuste zboruvate i kritikuvate a ste zaboravile kolku ovoj nas narod se napati od Vas.Ajde zatoa ve molam da prestanete veke ednas da go navreeduvate gospodinot Gruevski koj e dostoen za pocit za razlika od Vas i da pocnete da se samokritikuvate.A so ovaa objava smo ste dokazale kolku vo Hitles ima slicnosti so vasiot cenet lider.
Куку Леле, 25.02.2012 13:23:17
Колумни ке пишам,Грујо ке го збришам !! Тој диктатор стана а народецот пусти не му најде мана !! Ако треба сто пати ке пиш(т)ам,ако треба до небо ке вриштам ама нема да се сторам пишман!!! А Г(р)ујо чита и се чуди, не дај Боже дејчево да полуди !! Ич не ме сака тоа е нејзината мака а никако да сфати која е мојата квака !!! Е за тоа ке мора уште многу политика да жвака,нели е така !!!???
usa-do R.Sekerinska, 25.02.2012 14:01:20
gospojgo Sekerinska kolumnata vi e super,samo imam edna zabeleska i eden predlog.1.vikate deka nema logori,,pa makedonija samata drzava pogolem logor amin,momentalno so ovaa vlast,,,a predlogot mi e sakam da ve zamolam ponatamu da ne pisuvate slozeni kolumni zatoa sto gledam ima mnogu sto ne razbiraat na koj i kakov nacin ja pravite sporedbata ,,pa mozete ete taka samo naslov da stavite,,sdsm i branko se krivi,tie samo toa go naucile od nivnite ..samo ne znam kako ne se stramat od svoite komentari a posebno koga spomnuvaat zapadni drzavi,pa luge setnete malku nadvor od makledonija pa ke videte sto e kultura i demokratija,vo tie zemji nema ovoj toj i tie se krivi,kriv e sekogas toj sto e na vlast,i zatoa ja ima vlasta da go opravi tyoa sto bilo krivo,a ne da se zali tie pred mene se krivi,samo za zal daleku sme nie od toa,so vakva vlast i narod(podrzuvac na istata)
девичанецот, 25.02.2012 14:28:59
Радмила, Некако мнгу се занесуваш. Нема основа тоа што го пишуваш. Не ми е јасно како некој па уште се обврзал да го објави ова. А некој ако не знае за Белорусија, нека не коментрира еднострано. Западот го неќе Лукашенко, оти во Белорусија нема невработени, нема претпријатие што не работи, нема тајкуни ни како кај нас, што ги создаде моделот на приватизација на Б.Ц. Ете, тоа го боли Западот, оти сепак има земји, кадешто народот, општо гледано, многу подобро жиовее отколку на Запад!
tihi, 25.02.2012 14:29:25
Onoj moment koga kje uspeesh da go otrgnesh hitler od svoeto maalo ,togash i kje ti veruvam vo napishanoto.
S.O.S., 25.02.2012 15:24:57
Госпоѓо Шекеринска, се плашам дека нечестивиот веке дојде по плодовите!!!!! Вакви манипулацији со граѓаните ќе се паметат долги, долги години ,популузам и трошење народни пари немилосрдно!Само еден пример од соседството Србија ,пречек на спортисти ,две златни и едно сребро. На плоштат, 20000 фанови ,земја со околу 7 милиони граѓани ,скромна прослава со многу, музика и со воодушевени и благодарни фанови и спортисти ,ниту министри, ниту претседател ниту премиер .Културно ,свечено и многу весело .И замислете никој никого не оцрни што не дошол дека е предавник ,или не се радувал на српските спортисти или не ја сака својата земја .Во времето на Милошевиќ во Белград на зид некој со големи букви напишал... У ОВОЈ ЗЕМЉИ НЕНОРМАЛНО ЈЕ НОРМАЛНО ,А НОРМАЛНО ЈЕ НЕНОРМАЛНО.....
BitolaHamiltonCanada, 25.02.2012 16:08:41
Citajki go tekstot,prvo shto pomisliv........ Severna Korea.Citajki ponatamu svativ deka sum zgresil. Odlicen tekst G-ga Shekerinska.Nie si go dobivme naseto firerce.....koj ke go istera????Koj ke bidi nasiot Cherchil, koj ke bidi nasiot Rozevelt???? Vie G-ga Shekerinska,Vie i samo Vie...CHEKAME !!!!
dobar večer, 25.02.2012 18:09:05
Dobar večer, g. Radmilo. Jas ve simpatiziram i podržavam, no moram vo celost da se složam ovoj pat so zabeleški, deka SDSM nee nikakva konstruktivna opozicija i deka pišuvanje statii rečisi nikade nešto rešava. Ponataka: se slagam so komentar na 1. mesto - na Jovan, pretstavi apsolutno originalen pogled. Ušte ponataka: nerazbiram, što sakaše da kaže Anonimen so konstatacija, deka g. premier Gruevski - citiram: pridonel za Makedoncite da se počustvuvaat Makedonci - dobro, a pred da dojde na pozicija premier N. G., Makedoncite se čustvuvale kako što?? No na ovo neznam dali ke dobijam odgovor. Na kraj, g. Radmilo, vi poželuvam sreka i uspeh vo rabotata a mislam, deka vie kako žena imate svoja verzija, svoj pogled i pretstava za rešenija na problemi vo državata, no bidejki ste svrzana so politička partija, koja izgleda sve poveke stagnira, nemožete da napravite baš ništo. Pozdrav :-)
seirdzija, 25.02.2012 20:47:48
Ke ostane kako istoriska vistina deka SDSM ja prezede odgovornosta za sozdavanje na Makedonija,koja se stavi na klimavi noze so prvoto vladeenje na DPMNE.Sega gledame mnogu posofisticirana repriza kolku od nesposobnosta na segasnava vlast,tolku i od kolicinata na omraza kon sekoj sto ima porazlicno mislenje od niv.Spadnavme na toa deredze da plukame po sopstvenite roditeli deka bile komunisti i da ne vodi nekojski Grujos(ki).Pogolemo ednoumie od segasnovo zdravlje....a drzavata tone vo dolgovi i siromastija...
Makdoncite od progonot..., 26.02.2012 03:28:53
Makedoncite od progonot (DIjaspora) NE MOLCAT vo nitiu edna prilika...zatoa nivniot broj se zgolemuva so Makedonci od Makedonija koi sekojdnevno ja napustaat sredinata sto potsetuva na logor...a odat nadvor od kade slobodno se misli i govori...od Makedoncite koi otidoa na pecalba i vo potraga po sloboda ovaa vlada napravi DISIDENTI...a od tie koi ostanaa vo tatkovinata i se svitkaa pred pritisocite od VLASTA napravi ponizni partiski poslusnici kako vo vremeto na Hitler, a od ostanatite progoneti zrtvi! Posle Cacko od K-15 ke ni bide vinoven!?
Silvester, Sidnej, 26.02.2012 07:51:40
Ednostavno citav gluposti.... cccc. Gospogjo ajde zafatete se so nekoi racionalni problemi vie kako opozicija. Znaete li zosto liderot e seuste na celo i ke bide uste za izvesno vreme? - Zatoa sto i vie ste uste ponesposobni od niv i narodot ednostavno znae deka so vas ke nema blagodet za niv... Yes...
Незадоволен член на СДСМ, 26.02.2012 09:10:51
Ја молам мојата почитувана сопартијка со истиот жар да напише текст на тема “Еден лидер... блиску, овде“ во кој ќе го опише делувањето на нашиот вечен лидер Бранко Црвенковски, па да видиме како тој владее со нашата партија, да ги споредиме двајцата лидери и да откриеме зошто нашиот лидер ги изгуби сите избори до сега од лидерот за кој пишува.
Димитар, 26.02.2012 09:38:42
Навистина,одлична колумна!!Додека ги читав извадоците од двајцата странски новинари,постојано ми надоаѓаше реченицата:Ова го има во Македонија,ова го прави Груевски...И ми доаѓаа безброј такви примери,од денешното владеење,каде доминира насилството,непотизмот,манипулациите,пропагандата,машинеријата која гази се пред себе... Се сложувам насилството не започнало со оружје,туку со збор...
decki, 26.02.2012 13:54:18
Bravo. Epten jako. Samo, po komentarive, zalosno e sto zrtvite na stravotpropagandatamanipulacijata se uste ne mozat da svatat, vidat...i si prodolzuvaat da ziveat vo svojot zanes i trans. Veruvam deka eden den ke se osvestat/svatat, koga ke bide opustosena nasata drzava, no da ne bide veke premnogu docna? Bi mu cestital javno na sekoj onoj sto ke se nafati da ja izvede ovaa drzava na prav pat, po nedodelkanive :(

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ведро

Четврток
В��дро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |