24.10.2008, 18:43 Доларот расте во однос на еврото
Лондон-Токио - Еврото вчера на валутните берзи падна на под 1,27 долари, што претставува најниска вредност на европската во однос на американската валута во последните две години, од октомври 2006 година. Според берзанските дилери, падот на еврото се должи на очекувањата за намалување на основната каматна стапка во зоната на заедничката европска валута, како и на забавениот економски раст.
Аналитичарот на „Си-Ем-Си маркетс“ Гери Томсон смета дека намалувањето го предизвикале шпекулациите оти Европската централна банка до крајот на годината ќе донесе нова одлука за намалување на висината на основната каматна стапка.
Во исто време, со падот на вредноста на еврото, на азиските берзи доларот достигна најниска вредност во однос на јапонскиот јен во последните 13 години, од од август 1995 година. Според аналитичарите, ваквото зајакнување на јенот се должи на ориентацијата на берзанските дилери кон евтиниот јапонски кредитен пазар. (Ек.Р.) |