Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Економија
24.10.2008, 17:48

ССМ бара надоместоците да бидат според Колективен договор

Владата не ја почитува одлуката на Уставниот суд за укинување на два члена од Законот за извршување буџет, надоместоците за храна и за превоз на вработените во јавниот сектор треба да им се пресметуваат согласно со Колективниот договор, тврдат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според портпаролот на ССМ, Пецо Грујовски, со пресметување на надоместоците за храна и превоз согласно Законот за извршување на Буџет, а не според колективните договори за јавниот сектор и на ниво на работодавец, Владата им скратува повеќе од 1.000 денари секој месец на вработените. Голем дел од вработените во јавниот сектор земаат фиксен надомест за храна од 2.300 денари месечно и превоз 900 денари месечно. Според ССМ, доколку овие надоместоци се пресметуваат согласно со Колективниот договор што го изработи ССМ, вработените би земале околу 3.900 денари за храна и најмалку 1.400 денари за превоз. „Одлуката беше донесена во април годинава и досега не е спроведена. Бараме ССМ и Владата да го решат ова прашање преку преговори“, порача Грујовски. Меѓу ретките кои земаат надоместоци за храна и за превоз пресметани согласно со гранковиот колективен договор се здравствените работници.

Раководителот на Секторот за работни односи, Драге Јованоски, посочи дека Владата, не почитувајќи ги одлуките, Уставниот суд ги крши одредбите на Уставот. (А.П.)



Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар



Струјата ќе поскапи за 13,5 проценти
Од Пекинг повик на глобална реакција против финансиската криза
Доларот расте во однос на еврото
Бензините паѓаат - каде се другите поевтинувања?
ОПЕК го намали дневното производство на нафта
Владата децидна - нема државна помош за фирмите
„Вардар осигурување“ - најдобра осигурителна компанија во 2008
Пристаништето во Солун затворено до вторник на полноќ
Храната и превозот ќе ни зависат од волјата на „газдите“
24.10.2008, 18:53

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |