Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Економија
24.10.2008, 18:42

Владата децидна - нема државна помош за фирмите

Според Славески, поголемо гарантирање на депозитите би имало спротивен ефект

Александрија Стевковска


Во овој период товарот од кризата и падот на цените треба да си го понесат самите сопственици на компаниите, смета министерот за финансии, Трајко Славески, потврдувајќи дека Владата нема намера со соодветни мерки да им го олесни работењето на производителите. Според него, Владата доволно ги субвенционирала овие фирми со ниски цени на електричната енергија во време кога тие постигнувале огромни екстра-профити.

„Сега тие како подлога треба да ги имаат тие заработки и да продолжат со производството, како што и прави секоја компанија која знае дека цените по извесен период повторно ќе почнат да растат. Тие треба да продолжат да работат, макар и на создавање залихи, бидејќи подоцна ќе ги извезат. Тоа е рационално однесување на фирмите, а она што може да направи Владата сега е единствено да разговара и да ги слушне нивните проблеми“, изјави вчера Славески на прес-конференција.

Според министерот за финансии, во делот на металургијата, падот на цената на металите не е директно поврзан со финансиската криза, затоа што овој тренд е започнат многу поодамна. „Тие се берзански производи чии цени варираат во зависност од циклусите во светската економија. Од падот на цените на стоките на светските пазари земјава треба да ја процени нето-штетата или користа. Корист има од падот на цената на нафтата, која е под 70 долари, за разлика од јулските 147 долари, и падот на цената на храната, а штетата е изгубениот доход на компаниите што извезуваат производи. Добар дел од нив се и значителни увозници на суровините кои ги доработуваат“, објаснува Славески.

Тој потенцира дека од аспект на овие дејности Владата будно ја следи состојбата и дека е подготвена во рамки на стандардните расположливи мерки и по сериозни процени што се прават, ако може, да помогне во пребродување некои тешкотии.

Првиот финансиер во државава нагласува дека можноста за гарантирање поголеми депозити од 20.000 евра засега нема потреба да се применува. „Најавата на некои влади за поголемо гарантирање на депозитите дава сигнал дека состојбата е очајна и дава спротивен ефект од очекуваниот. Цениме дека не постои фундаментален проблем. Заштедите се сигурни, а најголема сигурност дава фактот дека секој граѓанин може во кое било време да си го подигне штедниот влог во полн износ. Некои штедачи ги повлекуваат заштедите, но тоа е нивна лична одлука. Имаме информација дека некои од нив повторно ги враќаат откако се увериле дека банките се најсигурното место за чување на парите на македонските граѓани. Покрај ова, парите во банките ги штитат реалните износи на депозитите од инфлацијата, бидејќи сега каматните стапки што ги исплаќаат банките ја надминуваат стапката на инфлација која паѓа и ќе паѓа до 5 отсто до крај на годинава. Значи, во ваков случај може не само да се заштити вредноста на заштедите туку да се оствари и приход од камата“, потенцира Славески.

Тој се заблагодари на предлозите за спас на стопанството дадени од СДСМ, но смета дека тие можат да бидат контрапродуктивни и нагласува дека Владата сама ќе се справи со предизвикот на светската криза.

„Му благодариме за советите на СДСМ, сметам дека се добронамерни, а не упатени кон создавање паника во време кога тоа не е потребно“, истакна Славески, нагласувајќи го приоритетот на оваа Влада, а тоа се економските прашања.

„Не може предизвиците и шоковите што доаѓаат однадвор да бидат надвор од нашиот видокруг. Светот е преокупиран од финансиската криза и подзаборави на ефектите врз реалниот сектор што се чувствуваат. Ниедна земја не може да биде имуна на тие ефекти, ниедна земја не е остров сам за себе, а посебно не малите и отворени економии, па кај нас првите негативни ефекти веќе се почувствувани“, додаде министерот за финансии.

Инаку, и натаму продолжува падот на Македонската берза. МБИ 10 вчера забележа драматичен пад од 4,9 проценти и изнесуваше 3.302,7 индексни поени. Беше остварен промет од 76,6 милиони денари.

 


Статијата е прочитана 1020 пати.

Испрати коментар



Струјата ќе поскапи за 13,5 проценти
Од Пекинг повик на глобална реакција против финансиската криза
Доларот расте во однос на еврото
Бензините паѓаат - каде се другите поевтинувања?
ОПЕК го намали дневното производство на нафта
„Вардар осигурување“ - најдобра осигурителна компанија во 2008
Храната и превозот ќе ни зависат од волјата на „газдите“
Пристаништето во Солун затворено до вторник на полноќ
ССМ бара надоместоците да бидат според Колективен договор



Anastas, 25.10.2008 08:59:11
Besplaten sovet. Ne ocekuvajte nisto. I nema da bidete razocarani. Pozdrav
24.10.2008, 18:53

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |