24.10.2008, 18:41 „Вардар осигурување“ - најдобра осигурителна компанија во 2008
Според извршените годишни рангирања во Југоисточна Европа, од страна на „Фајненс Централ Јуроп", „Вардар осигурување" е прогласено за најдобро друштво за осигурување во Македонија во 2008 откако истото признание го доби и во 2004, 2005, 2006 и во 2007, според критериумите - вкупни премии и остварениот бруто-профит. „Вардар осигурување" од пред една година е во сопственост на словенечката „Триглав осигурување“. (Ек.Р.) |