Хороскоп
Овен
На која страна и да се свртите, наидувате на неправда. Затоа престанете да се вртите и концентрирајте се на себеси и на својот живот. Обрнете внимание на својот физички изглед, дружењето со пријателите и саканото лице. Добро ќе ви дојдат долги прошетки.
Бик
Секогаш се трудите да преминете преку некој важен проблем, но не ви оди. Што да се прави? Мора да бидете свесни дека околностите моментално не ви дозволуваат да тргнете од мртва точка, а тоа, секако, не значи дека треба да се нервирате.
Близнаци
Не ги живеете најубавите моменти. Тоа особено се однесува на здравјето и на работата. Сега можете да уживате во плановите за патувања, но и за новата работа. Емотивната ситуација е стабилна, како и досега. Го разгаливте саканото лице.
Рак
Смислата за хумор е на прво место. Барем подобро се чувствувате. На тој начин вешто го прикривате вашето неосновано незадоволство. Настојувате да изгледате мизерно пред луѓето. Тие што ве сакаат ќе ве прифатат какви и да сте.
Лав
Можни се недоразбирања со околината, а тоа не е ни најмалку чудна појава. Многу често имате чувство дека не сте сфатени. Не заморувајте ги другите, посебно не оние што не се вредни за внимание. Свртете се кон себеси и кон она што ви причинува задоволство.
Девица
Се' ви оди од рака. Се наоѓате во поволен период, период на лична експанзија на речиси сите полиња. Не можете да се пожалите ниту на емотивниот живот, партнерот ви причинува голема радост. Малкумина од вас се осамени.
Терезија
Не обидувајте се да ја прикриете радоста. Многумина од вас беа мрзливи и не сакаа да се експонираат на деловен план. Дозволивте да ве третираат како помалку квалитетна конкуренција. Денеска променете го ставот целосно.
Скорпија
Почнете да се занимавате со уметност, вашата креативност е неверојатно нагласена. Подготвени сте за создавање големи дела. Денеска може да биде чисто промашување се' што е надвор од уметничките води. Односите со партнерот се променија на подобро.
Стрелец
Константно сте во центарот на вниманието. Желбата за наметнување на сопствените вредности е многу нагласена. Мислите дека сте најпаметни и најспособни. Зошто очекувате од околината постојано да ви дели комплименти? Приземјете се малку.
Јарец
Бидете внимателни во секој поглед. Можни се извесни проблеми кога е во прашање здравјето. Раздразливоста може да ве направи невнимателни, па не е исклучен ниту проблемот во сообраќајот. Одморете се.
Водолија
Одлично се чувствувате, а како резултат на тоа и прекрасно изгледате. Комплименти доаѓаат од сите страни, а за вас тоа не е безначајно. Само внимавајте да не претерате со суетата. Причината за таквата состојба е љубовта. Таа е најважна во вашиот живот.
Риби
Одлучно се фативте во костец со животните проблеми. Ги решавате, и тоа со голем успех. Бидејќи веќе поминавте неколку лесни проблеми, оптимистички се фаќате за нови предизвици. На емотивен план евидентна е хармонија. Уживајте во среќата.
|