Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон Вести
Економија
19.10.2010, 17:59

Фармацевт со плата од астрономски 63 илјади евра

Веледрогериите биле најплатен бизнис - УЈП ги објави екстра-приходите и највисоките плати за минатата година

Александрија Стевковска

Во јавноста како бомба одекна информацијата дека на контото на еден скопјанец лани секој месец легнувале по неверојатни 63 илјади евра плата. Сега сите се прашуваат кој е тој среќник. Речиси преполовена плата од оваа или 34 илјади евра зел, исто така, менаџер од земјава, а трет на списокот е директор на кој секој месец му се кеширале по 31 илјада евра.

Астрономските суми плати биле исплаќани во секторот здравствени услуги и фармацевтска индустрија, по што следуваат телекомуникациите и банкарското работење. Интересен е податокот што покажува дека некои граѓани, дополнително од работен однос, остваруваат повисоки приходи отколку нивната плата, кои достигнуваат и до 1,3 милиони евра.

Второто највисоко дополнително примање се движи околу 1 милион евра, а третото дополнително примање, пак, достигнува 818 илјади евра.

Милионер со заработени 1,6 милиони евра капитална добивка на Берза е скопјанецот кој за лани пријавил највисок годишен бруто-приход. Ова милионче и 600 илјади евра, според Управата за јавни приходи, е негов единствен приход, односно тој освен што играл на Берза, не пријавил дека зел и плата, бидејќи не се појавува кај ниту еден исплатувач на плата, ниту, пак, како самовработен. Оваа сума покажува дека кризата лани ја издишала берзата, бидејќи заработената сума од тргување е светлосни години оддалечена од 15 милиони евра што ги пријавил скопјанец лани како екстра-заработка во 2008 година. Вториот на листата најбогати Македонци лани ќарил 1,4 милиони евра, додека треторагнираниот стекнал „скромни“, 1,3 милиони евра. Сите тројца се од Скопје и освен информацијата дека првиот на листата ги стекнал парите на Берза, за другите двајца не се обелоденуваат никакви дополнителни информации.

На листата на најголема добивка од дивиденда, исто така, е лице од Скопје со приход од 1,1 милион евра. Најмногу пари од кирија си стокмил скопјанец, кој од оваа дејност лани зел и пријавил неверојатни 323 илјади евра. Како доходовна дејност во Македонија во 2009 година биле и авторските права и правото на индустриска сопственост со оглед на тоа дека по оваа основа, скопјанец остварил бруто-приход од 1,3 милиони евра „Иако според определени истражувања македонските граѓани се едни од најголемите љубители на игрите на среќа и наградни игри, според УЈП мал е процентот на граѓаните што ги пријавуваат овие приходи, односно реално ги искажуваат во даночните пријави. Потврда за ова е струмичанец, најсреќниот добитник во 2009 година, кој од учеството во овие игри остварил 214 илјади евра и не ги пријавил во УЈП“, објави вчера директорот на УЈП, Горан Трајковски. Според него, секоја добивка од игра на среќа над 10.000 денари се оданочува.

Кој вели дека и во пензионерските денови не може да се живее убаво. Пензионер од Скопје за остварен дополнителен приход пријавил фантастични милион евра.

УЈП, како што информира Трајковски, направила контрола и на продажбата на скапи автомобили. Опфатени се 12 автокуќи, при што предмет на контрола биле автомобили со пазарна вредност од над 20.000 евра, при што е констатирано само по основа на ДДВ затајување од 169 илјади евра, по основа на данок на добивка 47 илјади евра и персоналец 5 илјади евра. Од оваа контрола покажува како автоиндустријата се инволвира и во секторот за градежништво, преку компензации.

УЈП, исто така, ги исконтролирала и пловните објекти во Македонија. Од првичните анализи, како што рече Трајковски, индикативно е дека има нереални и ниски вредности за пловните објекти. „За да биде парадоксот уште поголем, вели Трајковски, на некој пловен објект даночна основица му е декларирана 10.000 евра, а е осигуран во некоја осигурителна компанија на 40 или 50 илјади евра. Злоупотребите, според првиот даночник, се однесуваат на тоа што пловните објекти ги водат сопствениците како основни средства на своите компании, на кои дејноста не е поврзана со пловни објекти. УЈП објави дека наплатила данок во висина од 211 илјади евра од тројца функционери, кои самите не пријавиле приходи, а постапките станале правосилни според Законот за спречување корупција“.

До законски утврдениот рок пријава доставиле 149.464 граѓани и дополнително уште 44.225 граѓани. Против оние што не доставиле годишна даночна пријава, како што рече Трајковски, ќе биде поднесена даночна пријава, а од фактите што ќе бидат утврдени во постапката некои ќе поминат само со опомена, а против други ќе биде изречена законски утврдената глоба од 500 до 1.000 евра. (А.С.)


Статијата е прочитана 6800 пати.


Испрати коментар



Комерцијална банка го зголемува капиталот
Странците навалија на „ТЕХНОМА 2010“
Сега се разговара, инвестиции догодина
„Телеком Словенија“ го засилува „Оне“
И нашите градежници сакаат дел од патиштата



mene, 20.10.2010 14:45:57
Blazesi im, so drugo da se kaze, osven zdravje vo zivotot e mnogu bitno da imas i pari za da go prozivees zivotot, inaku sve se sveduva na ziveewe od so moras da zivees.
SSS, 20.10.2010 15:16:30
E bog da cuva!!! Sramota, sto moze 1 bilo koj covek za 1 mesec da sraboti za tolkava plata??? SRAMOTA
eu, 20.10.2010 17:31:18
da tolkvavi dobivka a danok 10% hahaha i sakate da ima za bolni i bolnici abe na zapad ovie placat 75% danok zatoa ima za site.................
Na kogo mu odgovara ravniot danok?, 20.10.2010 21:48:49
Ova uravnilovka vo odanocuvanjeto e navistiba bizardnna i smesna i im odi na raka na tajkunite i bogatite sloevi. Vo skoro site zapadni zemji odanocuvanjeto na prihodiot stepenasto raste vo zavisnost od ostvareniot prihod.Samo kaj nas ovie "golemi finansiski stru;njaci" izmislija raven danok.Toa e najogolema nepravda i korupcija od strana na Vlasta so koja gi obespravuva obicnite gradjani , a im odi na raka na najbogatite sloevi Vo sekoja normalna drzabvca , a izgleda nie vece odamna ne sme toa, onie koi povece zarabotuvaat povece i odvojuvaat vo vid na danoci za drzavnite potrebi i funkcioniranje na drzavata.Pa ova go nemalo ni vo najsuroviot kapiotalizam , pa ni vo feudalizmot. Na kogo seto toa mu odi vo prilog? Dali se zaprasal nekoj?
mmbb, 20.10.2010 22:47:05
Kucinjata laat, karavanot si vrvi! Site tie sto imaat mnogu - gi imaat zatoa sto gi zemaat od narodot. A toj pustiot se poveke osiromasuva. E pa na zdravje...
sebastian, 21.10.2010 01:23:20
за државата да има ќар од овие нивни приходи треба да има т.нар. „скалесто оданочување“ како што има на пример во скандинавските земји... но за да се донесе тоа како закон треба да власт да дојде некоја друга партија, но и таа за да дојде на власт треба да биде поддржана и финансирана од истите тие кои ги земаат овие суми, а тоа ќе се случи „кога ќе си го видам тилот“ ... за таков закон е потребно повисоко ниво на општествена свест, која ние овде не југот ја немаме...
Nat, 21.10.2010 05:21:39
Tocno kako sto rece ZAPAD - vo Avstralija ovie prakticno ke dadat se sto ke zarabotat nad 100 000$ i taka da iako mozebi tie imaat nad 100 000$ godisen prihod, sepak, na kraj cisti ke im bidat polovinata od niv. A da ne zboruvame za neprijaveni pari, takvite nema da se izraduvaat...!
InspekcijaMolam, 21.10.2010 06:24:51
Na 1.6 Milioni Evra treba da mu se 'udri' danok od okolu 750,000 evra...ete od kade mozat da se zgolemat penziite vo makedonija. Bogatite treba da plakaat golem danok a ne da prikrivaat ili da se falat..Sekoja cest na zarabotkata, ama so toa i danoce ke si odi zaedno..
Alien from Space, 21.10.2010 08:11:59
Ајде портокалчиња,повторно во лов на доктори!Замислете,познавам хирурзи чија плата не е поголема од просекот во МК,но новинарскиов текст гласи:„Астрономските суми плати биле исплаќани во секторот Здравствени услуги и Фармацевтска индустрија, по што следуваат телекомуникациите и банкарското работење“.Јавното здравство е одамна пропаднато,аптеките исто,па би било интересно новинарите да им ги претстават ваквите „бинго“-вредни персони!Друго е,ако тука ги вбројуваме директорот на ФЗО и оние хохштаплери кои легално дилаат таблетки,или,пак,оние што државата им купи приватни болници!
stip, 21.10.2010 09:28:36
GRUJOOOOOOOOOOO!!!!!!!!!!!!!!!!!!! sto praves, i kade si. da ne spies.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -5°C

Сабота
Претежно облачно
Макс: 6°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон | Вести |