Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
На прво место
27.09.2009, 19:09

СДСМ обвини за големо расипништво во ЕЛЕМ

СДСМ вчера ја обвини државната компанија ЕЛЕМ за расипничко трошење. Квалификувајќи го како скандалозен документ, опозицијата го презентира финансискиот извештај за работењето на ЕЛЕМ во државна сопственост за првите три месеци од 2009 година, наведувајќи дека се трошеле големи пари на телефони и на партиски вработувања во месеците непосредно пред претседателските и локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека опозицијата се обидела неаргументирано да дебатира и да го дискредитира работењето на АД "Електрани на Македонија".

"Во првото тромесечје од 2009 година раководството на ЕЛЕМ на телефони потрошило 180.000 евра или двојно повеќе од планираното. Во први три месеци и тоа во пресрет на локалните и на претседателски избори, раководството на ЕЛЕМ потрошило неверојатни 700.000 евра за партиски вработувања или речиси три пати повеќе од испланираното. За илустрација, за иновации и за технолошко усовршување во првите три месеци од 2008 година, и за истиот период во 2009 година, во ЕЛЕМ испланирале и потрошиле нула денари", истакна потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, и додаде дека ова не се обвинувања извадени од ракавот на опозицијата, туку несоборлив доказ за уште еден скандал на актуелната власт.

Ваквото расипничко трошење на раководството на АД ЕЛЕМ, на чело со Влатко Чингоски, според Заев, било аминувано од претседателот на Надзорниот одбор, Дионис Манов, татко на сопругата на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

"Стана јасно зошто и оваа зима нема пари за справување со енергетската сиромаштија. Наместо парите да одат кај социјално загрозените семејства, тие одат во џебовите на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ", обвини потпретседателот на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека се во прашање партиски и нови вработувања, туку привремени вработувања за потребите на новиот рудник."АД 'Електрани на Македонија' отвораат целосно нов рудник 'Брод-Гнеотино' за кој е потребно да се ангажираат дури 500 нови работни места. ЕЛЕМ во континуитет има ангажирано 250 привремено вработени лица, кои активно работат не само на отворањето на рудникот 'Брод-Гнеотино', туку и на сите останати потребни работни места во комбинатот. Овие 250 лица се луѓе кои со години работат во РЕК 'Битола' и се остручени во својата работа, односно не станува збор за нововработени во првите три месеци од оваа година како што тврдат од СДСМ", се вели во писмената реакција од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ .

Зголемените трошоците на ЕЛЕМ за Интернет, телефонски сметки и слично, во ВМРО-ДПМНЕ ги оправдаа со интензивно тестирање и ставање во функција на контролниот систем на координативниот центар, во кои се дистрибуираат он-лајн податоците за работа и производството на секоја производна единица, односно експозитурите кои ЕЛЕМ како дисперзирана компанија ги има низ цела Македонија.

За проф. Дионис Манов ВМРО-ДПМНЕ вели дека е познат и признат стручњак и научен работник во секторот електроенергетика како во Македонија, така и надвор од неа и тоа ја покажува неговата висока стручност и компетентност за работата за која е избран и именуван од Владата.(Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 2489 пати.

Испрати коментар



Закон има, пристап до информации нема
Груевски прстот го вперува кон мрачни сили



mene, 28.09.2009 00:31:59
SDSM vo svojata reakcija se obrakja do ELEM, kako kompanija so svoj direktor, upraven i nadzoren odbor. So koe pravo odgovor i vo koja funkcija na ovaa reakcija odgovara partijata VMRO DPMNE namesto ELEM, i pritoa dava DELOVNI objasnuvanja na nastanatite trosoci. Dali so ova VMRO priznava deka delovnata politika na ELEM se vodi vo VMRO?
bitolaman, 28.09.2009 02:22:50
seto sto e navedeno od sdsm e tocno. vo rek bitola se vraboteni isklucitelno partiski kadri.neka kaze vmro ime barem na eden sto ne e partiski aktivist od vrabotenite i vednas ke go demantiram so konkretni podatoci za toa ime. duri i regresot za godisen odmor na vrabotenite vo elem mu go zede rakovodstvoto i mu go potrosi za sekojdnevnite kampanji protiv sdsm i branko konkretno.vakov haos nikogas ne bil...gospod neka ni e napomos
od nekoj si, 28.09.2009 06:35:34
Za ELEM nishto ne mozhe da se "Kazhe " samo gospodata od MINISTRSTVO za Ekonomija ne dojdat Vo REK Oslomej so Dva Generalni Direktori ps da vidat kako ne se raboti ili pak kako se Zloupotrebuva drzhavniot imot (pokraj traka za nosenje jaglen od rudnik do elektrana e probien pat za dase nosi jaglenot so Kamioni se Znae nekoi ima Tender- zema pari, se drzhayt rabotnici koi zemaat mzeren lichen dohot oti nivniot trud nekoi go koristi sedejki po kafeani,O. Za ambientot da ne zboruvame oti Tatkovcite od opshtina Oslomej IZGLEDA se solidarizirani so omie od REK Oslomej site se od VLASTA. So ova reakcija go POKANUVAM G- Besimi kako minister od partija na Vlast i koi gi naimenuval tie DIREKTORI i G- din Chingoski da slezat i da gledat kakvi Kadri imat po Kompaniite so Drzhavna sopstvenost. Chekam Demanti ako nekoi ima poinakvi podatoci.
Kolo Diamantot, 28.09.2009 06:53:29
Ne pamtam dase edna den vo godinata da preskoknale bez kritika clenovite na SDSM. Od 365 dena vo godinata tie imaat izdadeni kritiki duri #1000. Slobodno moze da bidat zapisani vo Ginesovata kniga bez konkurencija.
zabegan., 28.09.2009 09:04:11
Еве колку се чисти од ВМЕЛОТО се обвинува ЕЛЕМ а се јавуват тие кои не се обвинети.Значи СМРДИ нешто.
Do Koljo Dijamantot, 28.09.2009 09:07:10
Vie od DPMNE tolku "dobro" rabotite da nema nikakva zamerka. Se dodeka zemjava ja vodite vo provalija ke ima bezbroj komentari i kritiki i ne samio od opozicijata tuku narodot kuka sekoj den. Kazi nekoj argument vo prilog na tvoite a ne komentar koj ne e komentar!
zelezara, 28.09.2009 10:48:55
DO KOLO DIJAMANTOT Tebe treba da te zapisat u Ginis po tresenje gluposti
Одговор без одговор, 28.09.2009 11:46:51
Смешно.
Sekogas tuka za vas, 28.09.2009 12:31:41
Ova so rasipistvoto vo ELEM samo e prodolzenie na vmro-vskata praktika na Ljambe. Ista e prikaznata - i so ovoj ohridjanec Cingo: se trosi do nemilost, i so avtobusi sekojdnevno se vrabotuvaat partiski kadri. Prerodbenicive -kleptomani se site kompeltno za vo zatvor, ama belki i toa ke bide eden den.
Добре, 28.09.2009 12:59:33
спиј народе -образованието е сила образованието е моќ.Ајде нека се јави некој компетентен во ЕЛЕМ што се вработил од 2006 па навака според тоа што завршил како образование и дали е во согласност со тоа што го работи. Што се однесува до Кољо Дијамантот нека се присети со каква кампања настапуваше ВМРО ДПМНЕ од 2004 до 2006 7 пати во ден излегуваше на прес конференции господинот Бичиклиски или јавно да те прашам дали имаш дупка во меморијата или го кажуваш она што ќе го слушниш без притоа да размислиш барем една стотинка
Dekadencija na drzavata, 28.09.2009 14:01:33
Па не е само ЕЛЕМ, секаде, во секоја државна институција ова стана ПРАВИЛО. Се тргаат стручни кадри, особено оние кои не се определени и се ставаат партиски тутурутки. Затоа работите одат ЗАБРЗАНО НАНАЗАД.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |