Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
09.03.2012, 17:34

Поглед

Премиере, врати се!

Димитар Чулев

Многу смешно настапи лидерот на една вонпарламентарна партија кој го повика Никола Груевски да се врати во земјата и да ги смири тепачките во автобусите.

Поразително е сознанието дека во некои кругови премиерот се доживува како директен чувар на мирот и поредокот и дека во негово отсуство престанува функционирањето на институциите на државата што доведува до помалку или повеќе комичните повици во стилот „Грујо врати се - се' ти е простено“.

Тепачките во автобусите на едни и исти скопски линии се случуваат со години, но овој пат пресметките на разулавените хулигани се креваат на ниво на предвесник на некаква меѓуетничка „војна“ која следува или која никогаш и не е завршена.

Апелите, па и од надворешни посматрачи, инцидентите да се посматраат на ниво што се - значи како сериозно кршење на јавниот ред и мир и загрозување на безбедност на граѓаните - се пренебрегнуваат и упорно во тепачките во „68-ка“ во „65-ка“ или на автобуска станица пред „Чаирчанка“ се бара скриена заднина: заговор или почеток на некаква „арапска пролет“ во Македонија. Или, едноставно „дефокусирање на вниманието од...“ што би рекле експерти.

Но, факт е. Груевски на враќање од Индија и Малезија ќе наиде на многу поинаква атмосфера од таа пред тргнувањето во уште еден обид за промовирање на Македонија како земја во која може и треба да дојде странски капитал и светски брендови.

Дома очигледно работите не се ни оддалеку розови. Почна кампањата за локалните избори, почнаа шпекулациите за „преиспитување“ на односите во владината коалиција, во ек се црните прогнози за Македонија по Чикаго 2012.


Статијата е прочитана 3486 пати.

Испрати коментар



Автобусот наречен ризик
Cif? Не, благодарам!
Коронарен капитализам
Јас не сум папагал – зборувам слободно



jovan, 10.03.2012 01:22:48
Nie i ponatamu si se zezame, a ako nesto seriozno ne se prevzeme, ovde ke gori. Ima eden Srpski film *Tunel*, strasno glupav film, no sjajno go odslikuva glupiot film vo koj nie poleka upagame.
P.Petar, 10.03.2012 06:28:18
Premnogu gluma,licemerje,prepravacki nema da ja razresat megjunacionalnata tenzija!Toa e vulkan sto cadi.Ima edna pogovorka koja mi se dopagja:Ne moze dva sofera za eden volan! Asto se odnesuva za Chikago tamu vece bea prvite protesti protiv odrzuvanje na samitot!
uplašen, 10.03.2012 07:56:12
Ušte edneška od edno uplašeno čoveče: čitajki go ovoj komentar, se nadovrzuvam samo na eden mal del od nego: mislam, autore, deka silno ja bagatelizirate situacija. Vo Makedonija ne se dešavat samo tepački na dve autobuski linii vo glaven grad, a inaku cela država od Debar do Berovo si živee vo red i mir. Što se tiče do naivnata vera na nekoi naivni žiteli na ova država, deka nekoj može da gi spasi od konflikt (ili od bilo što), koga toj edneška ke plamne, potsetuvam, deka vo čovečkata istorija imalo samo eden vistinski Spasitel - no toj si ja svrši rabota ušte pred 2000 godini, so nadež, deka luge ke se poučat. Se pouči nekoj?
Od Prijatel br-1, 10.03.2012 11:09:04
E ovie se plodovite od politikata na bc i Grujo dvajca se kara tret koristi stvarno go pretera ali i vie treba da svatite deka vas vi kopa grop................
Premierki odgovor, 10.03.2012 12:41:52
E ne se vracam! Vo Malezija mi e ubavo. Vie tamu cukajtesi ja glavata so bezbol palki.Srdecni pozdravi od Gruevski
jimmy1, 10.03.2012 14:58:21
Jovan vo pravo si, istovo se slucuvase i pred 2001, ali seto toa se sveduvase na nekoj lovgii ili kamperi, koga buvna bese kasno. Ako povtorno se sluci istoto, togas nema drug izles, borba to kraj, ednas zasekogas, bez zapadnite pametosolaci. Do uplasen: Koj da pouci nesto bre bratu, ovie se site nepismeni, gledas deka cekaja da dojdat na fu funkcija za da zema magisterski i doktorski diplomi. Ako ne beja na funkcii ke beja pak bez diplomi. Za niv e sega: Udrete sega mu e majkata
Трпе, 10.03.2012 15:59:22
Ко ке си дојди премиерот се ЌЕ,Ќе,ќе...ќе се среди и како победник ке помине низ победничката порта.А плус кога ЌЕ,Ќе,ќе...ќе ни каже дека по него доаѓат и странските инвеститори од радост нема да знајме дали да се радуваме или да плачеме.Добар пастир одлично стадо.Ама ич не е важно дека волкот заклал неколку овци и јагниња.
angele, 10.03.2012 23:49:06
Do koga Makedonskiot narod ke bide tolku naiven i koga veke ednas ke ja razbere providnata finta na DPMNE da ja drzi vo zaloznistvo Makedonija veke 20 godini.Grujo se faka za slamka i koga veke nama poveke sto da ponudi na narodot,ekonomijata rascveta kako meur od sapunica pocnuva da igra na megunacionalnite odnosi istoto go napravi i Ljubco so fingirana vojna koja podocna mu izleze od kontrola svestete se veke Dosta e.
Dolno Vodno, 11.03.2012 10:16:03
Ne samo od den -na den, sto sostojbata vo Makedonija se vloshuva, vo sekoj pogled, tuku sega stana i od cas- na cas! Zapocna *naivno* so revoltot poradi samovolieto okulu predlog gradba crkva na ploshtadot,onie nevkusni i nepotrebni grabi na levata strana na Vardar zaedno so usteponepotrebni mostovi plazi, pa slucajot na Kaleto i unistuvanje na nasiot prav indentitet so onie grdebi tugju fasadi koi ja unustuvaat sosema dusata na Skopje i makedonskiot indentitet. Citam se poveke i poveke lgjeto se budat i revoltiraat, dodusha so strav, davajki go svoeto mislenje pod tekstvite na novinarite. No SAMO PISHUVAJKI.Posebno gi zabelezlivi mislenjata na JOVAN, JIMMI1, AJVANDOKOR i uste mnogu drugi, no samo na toa, sto e NEDOVOLNO! BARAME lcnost sto ke ne organizira site, vo edna miroljubiva grupa koja ke bara navcin da se dogovori so onie nesovesni ministri koi go unistija nasiot grad i idninata na Makedonija, deka veke nemaat vreme za poigruvanje i so zivotite na narodot i so lagi kon svetot
dosta e, 11.03.2012 12:51:31
Na tie shto im e dosta od mene ,i mene mi e dosta od leshinari koi sekoj povod go koristat za sebepromocija i lovat vo matno.Za takvite za koi shto polosho toa podobro ,za niv.E od takvite mi e stvarno DOSTA.
mile, 11.03.2012 15:38:37
Груевски........... Ќе се вратам, само спремите ги лопатите.............ќе има нови камен темелници...............

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |