Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Фељтон Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Време Хороскоп Што прават денеска
Македонија
03.07.2008, 16:31

Регистрирањето возила поевтини 5 отсто, а не 30

Владата не ги оствари најавите дека ќе го намали осигурувањето моторни возила

Александар Пешев

Вкупниот трошок за регистрација на моторни возила се намали за приближно 5 отсто во согласност со последната одлука на Владата за намалување на надоместот за користење јавни патишта. Ова намалување се' уште не ги задоволува амбициите на Владата дека вкупниот трошок за осигурување на моторни возила ќе се намали за 30 отсто.

Неделава Владата го намали трошокот за патарините и надоместокот за јавни патишта. Овие мерки беа дел од активностите за ублажување на ценовниот шок предизвикан од растечките цени на нафтата. Ваквите попусти не би требало да предизвикаат големи загуби, имајќи го предвид фактот дека растечката цена на бензинот влева повеќе пари во Буџетот преку данокот на додадена вредност.

Од осигурителните компании објаснуваат дека надоместокот за користење јавни патишта не е дел од задолжителното осигурување на моторното возило, туку дека таа такса се уплаќа преку уплатница по техничкиот преглед на возилото. Надоместокот за користење јавни патишта е само дел од вкупниот трошок кој возачот го плаќа при регистрацијата на моторното возило. Останатите трошоци се такса за екологија, надомест кој се плаќа за Буџетот, такса за Црвен крст, такса за советот за безбедност, такса за административни трошоци, комунална такса и слично.

Од станиците за технички преглед информираат дека техничкиот преглед на моторно возило со сите такси чини од 4.000 до 5.000 денари за патничко возило. За регистрација на патнички автомобил од 1.390 кубика и 59 киловати, вкупниот трошок за технички преглед изнесува 4.682 денари. Во овој трошок е вклучена таксата за користење јавни патишта која пред намалувањето беше 2.180 денари. Со намалувањето на оваа такса за 30 отсто, трошокот за користење на јавните патишта за патнички возила изнесува 1.530 денари или за 650 денари поевтино. Значи, за регистрација на моторно возило од 1.390 кубика и 59 киловати, трошокот за регистрација е намален од 4.682 на 4.032 денари. На оваа сума се додаваат и 7.768 денари за задолжително осигурување. Односно, за регистрација на ова возило на возачот му беа потребни 12.450 денари. Со намалувањето на таксата за јавни патишта, возачот треба да плати 11.800 денари што е за 5,2 отсто поевтино од претходно.

Со одлуката за намалување на оваа такса, Владата засега не ги оствари најавите дека ќе го намали вкупниот трошок за осигурување моторни возила за 30 отсто. Пред речиси еден месец, државниот врв достави предлог до Националното биро за осигурување за намалување на трошокот на задолжителното осигурување. Министерството за финансии тогаш изрази надеж дека со евентуалното усвојување на овој предлог, трошоците за регистрација на моторните возила би се намалиле.

„Владата донесе одлука во која се бара од Комисијата да ја намали премијата за автоосигурување за 30 отсто во рок од неколку месеци. Се очекува поголем број од оние граѓани што ги немаат регистрирано своите возила по оваа одлука да го направат тоа“, рече портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски по објавувањето на предлогот на Владата пред еден месец.

Вчера од Министерството потврдија дека предлогот не е повлечен и дека се очекува во рок од неколку месеци вкупниот трошок за регистрација на моторни возила да се намали за дополнителни триесет отсто преку намалување на трошокот за задолжително осигурување.

Дел од возачите не се во целост задоволни од последните намалувања.

„Мислев дека целиот трошок за регистрација се намалил за триесет отсто, а сега испадна дека само дел од трошокот е намален. Се надевам дека предлогот на Владата ќе се усвои и дека задолжителното осигурување ќе поевтини со што нема да мора да се плаќа толку висок надомест за регистрација“, вели скопски возач.

Во земјите од регионот трошокот за регистрација на моторни возила е значително намален, посебно во земјите-членки на ЕУ каде што веќе влегле европските фондови. Во Бугарија за задолжителното осигурување на возилото од 1.390 кубика и 59 киловати се плаќа околу 75 евра, со тоа што не се плаќа дополнително за зелен картон. Задолжителното осигурување на истото возило во земјава е 126 евра со дополнителен трошок од најмалку 40 евра ако се вози надвор од Македонија.


Статијата е прочитана 2780 пати.

Испрати коментар



Трговците и државните фирми доцнат со патриотските сметки
Во средно не се запишаа 12.000 полуматуранти
Признанија за добро управување за Царината, МАПАС и Велес
Антикорупциска оформи дебело досие за Топилница
Прва албанска паралелка во велешка гимназија
Кузев нов претседател на битолска Апелација
Тетово се збратимува со турскиот град Коња
Спас за измамените од „Фи-ком“ е нов инвеститор
Тетовци и охриѓани го празнуваа Св. Наум



Verica, 04.07.2008 00:35:39
Ama slatko se nasmeav.A sto ocekuvaa lugeto deka toa ke go ostvarat navistina.Pa tie za se taka pravata veuvaat pa se pismanat ama vo kampanjite seto toa go spomnuvaat kako da navistina bilo taka.Eh za kolku raboti ne sme ni svesni deka ne lazat na oci.
bitolcanec, 04.07.2008 01:42:13
komentarot na Verica mi lici kako komentar na Sekerinska :) Inace dobro so go namalija danokot, kolku poveke tolku podobro. Inace mislam deka nema vlada na svetot koja nelazi, rabotata e toa, kolku ke napravi vladata za narodot, zaboravete na vetuvanjata, tie sekogas bile i ke bidat samo prazni zborovi. Dokolku ovaa vlada napravi da se namali nevrabotenosta i se zgolemi standardot na nikoj nema da mu znaci kolku e registracijata na kolata, kako sto e vo razvienite zemji.
MKD, 04.07.2008 02:18:34
Bravo za premierot i Vladata.Ovie merki kolku tolku ke go ublazat cenovnikot sok od rastot na cenite na naftata .Veruvam deka vo celost ke go ostvari svoeto vetuvanje za namaluvanjeto na registracijata.Sepak nema da bide neznacitelno.A na koj ne mu se dopaga ovaa merka na Vladata i na premierot Gruevski i koj smeta deka e lazno vetuvanje i trik od predizborieto i koj go mrazi Gruevski i ne mu veruva,slobodno neka si plaka patarina ,registracija na vozilo i drugi olesnuvanja po stara cena t.e poskapo
Дордо, 04.07.2008 08:02:19
Аман бе луѓе што сега сакате? Панаѓурот заврши. 500 000 гласови се тука. А друга и многу поважна работа е, ако оние принцовите и шеиците од АБУ ДАБИ, АРАБИЈА начујат како нашата ВЛАДА ги намалила цените околу регистрацијата на возилата, ЌЕ ОПНАТ НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА СУРОВИТА НАФТА, ќе си создадеме уште додатни непријатности. ЦЕЛ СВЕТ ќе вика по нас и ќе не проколнува. Ни отиде не само името туку и презимето.И Владата и Ставрески не се од вчера, знаат што прават. Реформите и преродбата продолжуваат...
gradjanin, 04.07.2008 08:07:54
Ona shto beshe namelno go lapnaa stanicite za tehnichki pregled. Primer vo AMD Kavadarci minatata godina kompletiranjeto na dokumenti (proces koj trae 3 minuti i se sostoi od plukanje vrz edna taksena marka i lepenje na markata vrz eden formular) chineshe 580 denari. Godinava istata taa plunka vrz markata chini 1200 denari.
goran, 04.07.2008 09:33:21
Mozebi treba da pravis razlika pomegu registracija i osiguruvanje. Registracijata e namalena za 30%, a osiguruvanjeto nema vrska so trosok na drzvata. Ako ne si znael novinaru, togas treba da se potrudis poveke, a ako si znael, togas prodolzi da vaka. Graganite lesno gi voocuvaat manipulantite i izvrtuvanjeto vistini.
ана, 04.07.2008 09:50:05
па возете луѓе хибридни коли
TRPE original, 04.07.2008 09:53:31
Најнова вест!!!!!!!!!! Владата превзеде уште една мерка за ублажување на нафтениот ценовен шок.Мерката е на секои 1000 литри купено гориво граѓаните ќе добиваат гратис 1 литар кој ќе го плаќа владата.Хахахахаха.. Токму вака изгледа и намалувањето на регистрацијата од неверојатни 30% кои изнесуваат 500 денари.
Turcin, 04.07.2008 10:39:13
E more Bitolcanec, Dordo i MKD.. Aku poveketo gragani vaka ko vas razmisluvaat vo drzavava, tesko na ovaa drzava. Tesko i nas:). Abe apla so brojki se informira deka namesto 30 % namaluvanje na cenite za registracija, ima samo 5%, toa ne e problem za vas, ubeden sum deka vie sigurno mislite deka 5=30, samo zaradi toa sto, toa e odluka na VMRO. I ako mislite deka seicite odlucuvaat koja ke bide cenata na naftata,,ee, i za toa se lazete. Se znae koj ja diktira cenata, i nema nikakva vrska so zemjite od bliskiot istok. Ama kako sto kazav, tesko na ovaa drzava so vakvi ,"intelektualci".//
velko, 04.07.2008 11:05:18
Laga ta si laga, zavisi koj i kako ja soopstuva a ovaa garnitura e ekspert za mediumsko manipuliranje so javnosta.Koj registrira avtomobil?Spored nekoj statistiki 30% od graganite,a onie 70% samo slusnale deka vladata ja poevtinila registracijata. Drzava izolirana kako Kuba sme nie ,90 % od mladit ene bile podaleku od 50 km vo svojt zivot.den milion albanci rabotaat vo Italija Grcija i drugite zapadnoevropski zemji, a nie ziveeme vo virtuelna Makedonija.
makedonec, 04.07.2008 12:35:16
Gospodo Vmrovci, dali registriravte avtomobil ovie denovi?Dali nekogo go interesira po koi stavki odat ovie 12 000 denari?Ne bre braca, nikoj ne te prasuva dali ovaa stavka e za osiguruvanje, a onaa za patista ili za nesto treto?Ke si gi istrgnes parite - i gotovo.A deka ke se pocuvstvuvas izmamen, pa na toa trebase da se navikneme ovie 2 godini.Ke ni treba za narednite 4!
kole, 04.07.2008 13:19:48
Pa izgleda site imame problem so procentite kako Amdi Bajram, Grujo rece 30%, ispadna 5%??? Zavodot veli deficit... Trajko veli suficit??? Sto se slucuva bre lugje... da ne si pravat VMRO-vcive Bajram so umot???
03.07.2008, 15:56

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Недела
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
На платото пред МКЦ во сабота од 20 часот ќе се одржи ц��ловечерен настан инспириран и посветен на 1990-тите години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Фељтон | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Време | Хороскоп | Што прават денеска |