03.07.2008, 16:34 Кузев нов претседател на битолска Апелација
БИТОЛА - Битолскиот судија Васко Кузев веќе два дена е на челната функција во Апелациониот суд во Битола. До промена дојде откако на 1 јули му престанал мандатот на досегашниот претседател Кице Јузевски. Според законот, Кузев како заменик-претседател на судот ќе мора да раководи со оваа институција се' до наесен за кога се најавуваат нови избори во судовите, потврди Јузевски. Името на апелацискиот судија Кузев последните месеци беше особено експонирано во јавноста како тужител во случајот со битолскиот новинар Менде Младеновски. (А.Б.) |