01.03.2012, 17:58 Инцидентот го запали Гостивар
По мирниот протест беа нападнати 20-ина бутици, кафулиња, продавници, сите сопственост на Македонци
Киро Кипроски
Гостивар - Мирниот протест што се одржа вчера во Гостивар по двојното убиство што го изврши припадник на пограничната полиција, требаше да ја намали напнатоста не само во градот, туку и во целата држава. Но, за жал, по завршување на протестниот митинг, откако поголемиот број граѓани мирно се разотидоа, радикални групи Албанци посегнаа по имотот сопственост на Македонци и буквално го демолираа центарот на Гостивар.
Невиден пустош е извршен врз бутици, кафулиња, месарница, пекарница, продавница за бела техника, сендвичница, сите во сопственост на Македонци. На удар беа и стаклата на зградата на правосудните органи, гостиварската подружница на ЕВН, Шумското стопанство „Шар“.
„Глетката беше страотна. Млади луѓе наоружани со камења, шипки, стапови и палки го каменуваа излогот на нашата продавница. Кога почнаа да летааат камења од сите страни ние се скривме под тезгите. Оваа невидена бура траеше неколку минути, а толпата продолжи по булеварот кон автобуската станица“, исплашено и загрижено раскажува еден од вработените во демолираната месарница.
Очевидци изјавија дека толпа од околу 1.000 претежно средношколци од Гостивар и Тетово тргнале од дирекцијата на Шумското стопанство „Шар“, на булеварот „Браќа Ѓиноски“ по што продолжиле по булеварот „Гоце Делчев“. Вандализмот го започнаа со кршење на стаклата на зградата на регионалната дирекција на ЕВН, на пекарницата „Ѓуровски“ и така се' по ред до крстосницата со улицата „Илинденска“. Секој излог на продавница во сопственост на Македонец беше каменуван, а оние на Албанци и Турци беа поштедени.
Сопствениците на демолираните локали велат дека иако имало полициски службеници, тие биле само неми посматрачи на се' што се случува. По инцидентот на гостиварските улици имаше зголемен број полицајци, а неколку екипи вршеа увид на продавниците.
Многу гостиварци загрижени за личната безбедност вчера не ги пуштија децата на училиште. Немилите случувања ја зголемија меѓуетничката нетрпеливост. Македонците се гневни, пред се' на градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи. Не сакаат да веруваат дека тоа што се случи е организирано, иако, како што велат, толкава толпа млади луѓе полни со гнев не може спонтано да се собере и да беснее врз мирното население.
Беснеењето по гостиварските улици го стави во втор план мирниот протест. Над три илјади гостиварци, жители на повеќе селски населби во Полог, Кичево, Дебар и Тетово, вчера учествуваа на протестниот марш кој започна пред зградата на Основниот суд, а заврши на градскиот плоштад со протестен митинг. Маршот започна во 13 часот, како симболика на часот кога Бесник Шехапи (26) и Имран Мехмеди (30) беа застрелани од Јаким Трифуновски, припадник на Пограничната полиција.
Од протесниот митинг е испратена порака до портпаролот на МВР, Иво Котевски, јавно да се извини и да ја повлече изјавата со која застанал во одбрана на убиецот, како што беше речено, на „страната на црната рака на славомакедонската полиција“. Учесниците на протестот низ улиците, кои беа Албанци од сите возрасти, мажи и жени гласно извикуваа „Илирида“, „Косово“, „УЧК“, „Бараме одмазда“. Носеа албанско знаме, а на транспарентите беа испишани сло��ани со националистички и предупредувачки пораки: „ Соживот со кого“, „Вчера Бесник и Имран, утре ТИ!’ “Додека Вие бевте мајмуни, ние ја имавме илирската царица Теута“, „Бараме правда“.
Протестот го организираше асоцијацијата „Млади Албанци“, со логистичка поддршка на општина Гостивар. Советот на општината на вонредната седница усвои декларација со која ги повика граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да се воздржат од било каков коментар кој може да поттикне омраза. Советот донесе одлука на семејствата на загинатите да им додели еднократна помош од по 300.000 денари. (К.К.)
Убиството нема меѓуетничка заднина
Мотивите за немилиот настан во Гостивар, не се поврзани со меѓуетничките односи, односно станува збор за банална расправија. Ова е ставот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која вчера апелираше за воздржаност и да не се злоупотребува овој настан за меѓуетничка нетрпеливост и за насилство.
Полицијата веќе поднесе кривична пријава против полицаецот кој застрела две момчиња во Гостивар и тој се наоѓа во притвор во Шутка. Јанкулоска повика на трпеливост додека не бидат земени исказите и на другите евентуални сведоци.
Таа потврди дека инцидентот се случил пред очите на 10-годишната ќерка на полицаецот, која поради стрес се' уште не дала исказ пред полицијата. "Во моментот кога девојчето е донесено во полициската станица, било во тешка состојба од претрпен стрес и проценката била дека тоа во тој момент не е во состојба да даде исказ", рече таа. Семејството на осомничениот во овој момент не се наоѓа во Гостивар, а во полицијата немаат информации каде се наоѓаат.
Прашана како е можно лице против кое има неколку кривични пријави да работи во полиција, Јанкулоска рече дека е неважно во случај на убиство дали лицето претходно имало или не кривично дело, бидејќи тоа е најтешка форма на кривично дело. (Х.Р.)
Брзо решавање на случајот, побараа партиите
Полицијата да преземе се' што е потребно за убиството на двете момчиња во Гостивар од страна на полицаец и со тоа да придонесе во смирување на состојбите.
Ова се главните поенти на апелите на политичките партии од опозицискиот кампус до власта. СДСМ бара од државните институции да бидат на висината на задачата и ова убиство да добие судски епилог, а МВР да преземе мерки со кои ќе ги превенира бруталните испади на своите припадници.
„Политичкото раководство на МВР има целосна одговорност да ја зачува довербата на граѓаните во полицијата. Сметаме дека е недозволиво за било кого да си игра со оган и да се обидува со оваа трагедија да шири меѓуетнички тензии", реагира потпретседателот на опозициската СДСМ Гордан Георгиев.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека веруваат во институциите и очекуваат дека тие, согласно законските процедури и постапки, ќе го процесуираат целиот случај. Од ВМРО-ДПМНЕ апелираа до "сите поединци, субјекти и структури да не го злоупотребуваат овој случај за свои лични цели.
И ПЕИ бара дебална објективна и чесна истрага за убиствата, а виновникот да биде казнет. „Убиството на Бесник Шехапи и Имран Мехмеди потврдува дека во МВР има припадници кои не заслужуваат да бидат во полициските редови. Убиството на Мартин Нешкоски, исто така од полицаец, не беше доволна опомена за министерката Јанкулоска и таа мора да сноси одговорност за ова беззаконие и вмровизација на МВР", рече Сафет Бишевац од ПЕИ.
ДПА со радикална реакција соопшти дека ќе барала интервенција од Албанија и Косово. Од оваа партија сметаат дека случајот со убиството на двете момчиња е резултат на „агресивната националистичка политика“, како и на „толерантноста, сервилноста и потчинетоста на ДУИ“.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет, изрази жалење поради загубата на човечките животи и изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Верувам дека институциите целосно ќе го истражат овој фатален инцидент и правдата ќе биде спроведена“, порача амбасадорот Брет, кој истовремено апелираше за смирување на состојбите.
„Апелирам до локалните власти, политичките партии и граѓанското општество да не го злоупотребуваат овој трагичен инцидент, туку вистински заедно да работат за смирување на тензиите“, апелира тој. (Св.У.) |
|
Статијата е прочитана 4736 пати.
|
Испрати коментар
|
|
mene, 02.03.2012 00:36:50 | ne znam zasto se palat albancive ovaka,koga covekot sto gi ubil dvajcata decki,mozebi,imal nekoi licn pricini,a ne poradi toa sto se oni albanci,znaci deka naselenieto vo gostivar,ne treba da se kreve na prostesti,bez potreba ,verojatno toa se licni pricini,a ne na nacionalna baza,se slucuvale i drugi ubistva megju makedonci i makedonci,i megju albanci i albanci,znaci,deka religijata i nacionalizomot ovde se iskluceni,protestite se bez pricna |
| Читател-македонец, 02.03.2012 00:52:01 | Искрено сочуство до фамилијата на загинатите. Но треба само едно да знаеме сите, дека арогантноста,а не знам од каде и толкавата осоколеност кај поголемиот дел од младите Албанци, од една страна, а пак од друга страна бруталноста на поединци во полицијата, како може да не доведе до несогледиви последици. Тие нешта-арогантност, самобендисаност, спремност за провокација и сл. појави кои ги манифестираат некои припадници од албанската заедница постојано се чувствуваат во секојдневниот живот во З. Македонија. Тоа нешто треба да се искорени. Но исто така треба да се искорени и ароганцијата кај одредени припадници на полицијата. Овој настан нека ни е поука на сите. Сега ништо не можеме да помпгнеме ни на едни, ни на други, останува само да видиме како ќе реагира државата-и да се задоволи правдата. |
| Sydney, 02.03.2012 03:49:17 | Zasto nie makedoncite seg ne se kreneme i barame, covekovi prava, zasto vo gradovi so dominantno albanska populacija ne napagaat na parkinzi po cetvorica i ne tepaat pred sopstvenite deca. Sto treba da se stori vo takov slucaj koga ti e zagrozen zivotot i na tebe i na sopstvenoto dete, prasuvam ke mi odgovori li nekoj albanec, ama da bide iskren do kraj vo dusata, sto on bi storil...
|
| aleks, 02.03.2012 04:35:47 | koj znae kakva tortura trpel pa vaka da izreagira. |
| Bogomil, 02.03.2012 07:53:18 | Уште еднаш осуда за инцидентот во кој последиците се убиство на двајца млади. Меѓутоа, сцените од гостивсрката парада на омраза кон Македонците ги надминува рамките на нормалното однесување. Тие не искажаа револт кон власта, полицијата, судството, туку го истурија од себе она што во нив е од поодамна присутно - омразата кон Македонците. Ја искажаа нетрпеливоста кон граѓанинот Македонец. Колку само масакри меѓусебе направија во минатото, но тоа не било повод за вакво нивно дивеење. Во Струга два ученика од албанска паралелка и два од македонска беа суспендирани, следниот ден Албанците, но не и Македонците, организиораа протестна парада. Да не ги заборавиме и оние режирани срамни масовни ,, труења,, на албански ученици, само за да се испровоцираат масовни протести, пак на антимакедонска основа. Нешто очигледно почнува премногу да смрди и да го дразни спокојството во државава. |
| marjan.pp, 02.03.2012 08:26:28 | a,sto ke bese ako policaecot bese ubien pred ocite na svoeto dete od tie HULIGANI,dali ke protestiraja so vakov broj zavedeni ,,gragjani.Licemernosta e veke videna na ovie prostori od al.malcinstvo |
| elena, 02.03.2012 09:02:04 | na covecki, premnogu covecki nacin se odbrani zivotot na desetgodisnoto dete od strana na nejziniot tatko.kako mozete da se spravite so lugje ki ne se lugjetuku sadisti.slegoa od planinite im se dade sansa da naucat nesto.
sekade kade sto sretnav zivo sustestvo, sretnav i volja za moc;duri i vo voljata na slugata, vidov volja da bide gospodarlosiot covek stanuva los poradi nekoja losa karakteristika, kako i poradi nesoodvetnoto vospituvanje |
| набљудувач, 02.03.2012 09:34:53 | Зарем сите нападнати продавници, актови на насилство и безредие по гостиварските улици може да смета за мирен протест. Што е тогаш немирен протест?
Во тоа фрлање камења, разбивање на стакла и неконтролирано однесување можеле да загинат уште невини луѓе.
Смртта на дваицата младинци од Гостивар е за секаква осуда. Но, во Македонија, таквите инциденти секогаш ќе добиваат дупло значење, ако се случи една националност да убие друга. На народот како да му требаат уште жртви, како да не беше доволна 2001.
И наместо да се смирува топката, на МВР му е побитно да расправа за н��водните нови докази за падот на Кингерот. Се како да власта се обидува да докаже дека Трајковски не загинал од несреќни причини.
Сите знаеме и сме сведоци како заврши истрагата за падот на хеликоптерот на АРМ. Криви се пилотите и крај. Едно е сигурно, а тоа е дека власта не служи на народот. Служи само да докажува дека баш и е гајле што државата им пропаѓа, за да тие останат на тронот што подолго.
|
| Sonja, 02.03.2012 09:37:14 | Najprvo socustvo do semejstvata.Navistina dvajcata mladi zivoti nishto nema da gi vrati nazad na semejstvata.
Skoja cest na komentarot oa citatelot-makedonec.Mislam deka albancite treba da sfatat deka zakonite vazat za site.Poslednive godini za niv se e isklucok,zatoa shto se albanci.Obratno,da se zaprashame,dali makedonci smeat taka da se odnesuvaat so policaec,pa ushte i albanec???Ni vo son toa ne mozeme da si go dozvolime,iako ne go odobruvam.
Za MVR:treba malku da stavat prst na glava sekako.Od druga strana,vo koja drzava taka ke pomine vcerashnoto odnesuvanje po ulicite na Gostivar?Dali MVR ke prevzeme merki,za divjacite shto krshele i pustoshele.Makedonce strashlivo,pa se kriele,inaku kojznae kolku i ke bile ubieni.Ke odgovorat li albanskite partii,koj ke snosi odgovornost?Mozebi vo Amerika ili vo Germanija mozat vaka da se odnesuvaat a? |
| Anonimen, 02.03.2012 10:12:50 | Da bese obratna situacijata, albanec policaec da ubiese makedonci vo Tetovo ili kade i da bilo vo R.Makedonija dali nie makedoncite ke napravevme vakvi radikalni protesti??? DEFINITIVNO -NE- i toa vo sopstvena drzava. |
| Mile, 02.03.2012 10:19:19 | ne e lesno da se fatis za oruzje a uste ne e polesno da se puka a sam da bide tepan od cetiri lica i napad kon negovata kerka nemozi nikoj da go podnese toa pa sega razmislete samite licno sum protiv ubistva a isto taka protiv pokazuvanje na zabi eve kojsne nie cetiri protiv eden sto ni mozat.a sega sto bi bilo da izlezat makedoncite i tie da protestiraat protiv nasilsvoto sto go pokazaa so krsenje na buticite sopsvenos na makedonci a treba ne sum radikalis ali ima potreba od toa. |
| Poeti, 02.03.2012 11:11:31 | Ne veruvam vo pravdata, kako ne veruvam vo Utrinski Vesnik, koj ne gi objavuva komentarite sto gi pisuvat Albancite. Ne ste realni. Pozdrav. |
| Nekoj, 02.03.2012 11:42:55 | Se e slicno kako vo Palestina, Libija, Sirija itn.Albancite ne sakaat da sfatat deka ziveat vo Evropa.Celiot folklor me potsetuva na tie zemji, odvratno. |
| Tina, 02.03.2012 12:06:48 | Zosto Albanci se delat vednas na etnikum a ne se gledat kao gragani na Makedonija. Od ednas
nie sme krivi za se sto stanalo? Deka se roditelite da gi zaustavat decata? Deka e nijn pocit kon drzavata vo koja site mora da ziveeme.
Do koga takvi ispadi od etnikumot vo Makedonija? I na Makedonci ne im e lesno.
Sto se tie Albanci po inakvi?
Sami se oddeluvat, i si pravat losi smetki.
Za zal, decata ke ni ginat za roditelski gluposti. |
| ivana, 02.03.2012 12:14:48 | ova nalikuva kako kristalnata nok vo nacisticka germanija koga se palea i krsea izlozi na dukani na evrei..albanskite nacisti vrsat teror,etnicko cistenje,genocid vrz makedonskiot narod..toa treba nasite drzavni sluzbi da go dokumentiraat i da go procesuiraat do soodvetnite megunarodni organi koi se zanimavaat so problematikata na genocid i etnicko cistenje...da se izvesti sovetot za bezbednost na on,eu i sad kako i site prijatelski zemji...poveke ne treba da se molci i da se krie klasicen slucaj na etnicko cistenje..onoj koj go premolcuva treba da bide svesen deka e soucesnik i deka kako soucesnik eden den ke odgovara |
| lindi, 02.03.2012 13:03:37 | pa sega sekoj komentira kako ke mu dojde ili navijacki no edno e sigurno deka policiata ubiva civili , a nekoj saka da go brani istiot policaec nekolku pati pravil problemi i e poznat delikvent-policaec koj se stepal i so makedonci a zosto ovoj sto go napisal tekstot go osuduva gradonacalnikot koj nema vrska so krsenjeto prozorci ne znam mozebi licno go mrzi gradonacalnikot i mu preporacuvame da ne pisuva nevistini i dA NE JA PODGREE MNOGU SITUACIATA ZASTO NE E TOLKU LOSA KAKO GO OPISUVA TOJ,,,, |
| владата ни е килава, 02.03.2012 13:34:39 | Очигледно, властите по кој знае кој пат се решија за попуштање и го оставија невиното македонско население од Гостивар на милост и немилост на разуларена толпа. Никој ништо не кажува дали ќе се поведе постапка за нападот на објектите, за направената штета и претрпениот страв? А по ваквите насилства, албанците не треба веќе да се прашуваат зошто се непожелни во Македонија. |
| PAVLE ALIMASKA, 02.03.2012 13:40:29 | ИАКО ова убиство вон Гостивар е поинакво,т.е. полицаецот ваков или таков бил нападнат од силеџии,кои се силни кога се многу и морал човекот да се брани,зашто ако тој не ги убиел ќе го убиеле тие него,ВО ПРИЛЕП ГРАНИЧНИОТ ПОЛИЦАЕЦ РУБИН ЗДРАВЕСКИ-ШАНДАЛО пред две години со 6(шест) куршуми уби ни крив ни должен друг полицаец,го осудија на 12 (дванаесет ) години затвор,пресудата е правосилна одамна,А ТОЈ СЕУШТЕ СЕ ШЕТА КАКО ПАУН НИЗ ПРИЛЕП.Замислете не го затвораат ОТИ Е ВМРОВЕЦ,беше претседател на ВМРО ЗА ТРИЗЛА ВО ПРИЛЕП.КАДЕ ГО ИМА ОВА ОСВЕН КАЈ ГРУЕВСКИ И ЈАНКУЛОВСКА ? |
| Bitola, 02.03.2012 15:02:24 | Ako ne go imav procitano naslovot ke mislev deka slikata e od nekade vo Albanija...nivna drzava nemaat za da si go veat znameto na raat? |
| Vaga, 02.03.2012 15:03:18 | Kako ke reagirase nekoj Albanec dokolku situacijata bila obratna? Chetiri razuzadani Makedonci napadnat Albanec tatko so dete i go maltretiraat pred sopstvenoto dete?!
Za ova sto se slucuva vo drzavava ne se krivi Albancite tuku Makedoncite. Dozvolivme malcinstvo da ni ja kroi sudbinata i vodi drzavata. |
| za pravda, 02.03.2012 15:09:48 | se prasuvam zosto samo Gostivar kade se drugite gradovi . gi povikuvam site cesni i so oset Makedonci i tie da se pridruzat na narodot i da ja pritisnat ovaa necesna i necovecka vlada taa e kriva za se .a ministerkata da podnese ostafka bidejki znaela deka toj idiot bil osuden i bil uslovno trebase da go isteraat od rabota, ili pak namerno gi stava takvite idioti za da sece strav po narodot |
| Grazerin, 02.03.2012 15:32:10 | Vije makedoncite ste total neodgovorni i nepravedni.Kade go ima toa policijata se ponasa kako vo afrika a na ministerkata ni vlakno od glava nei fali.So ovje strategiji sto gi pravi vmro so dui,vodi do podelba na Makedonija i na kraj taka ce bide i taka treba neka pravoslavnite ziveet sami a zapadniot sam najdobra podelba na dva kantoni Pravoslavni kanton i Muslimanski kanton.Pozdrav do utrinski i citatelite |
| Mene, 02.03.2012 16:07:36 | Доволно кажавте за албанците.
Да кажам јас нешто сакам...
Сакате да кажете дека албанците се одвратни, со еден збор муслиманите. А зарем македонците не се одвратни христијаните?
Зошто во струмичкиот карневал имаше изложено такви грди слики за Исламот? и сега што мислите вие, дека вие сте подобри од другите, дека вие немате никаква грешка? Па страмота е бе ова, страмота е од сите веќе... Треба на ова еднаш веќе да се каже СТОП!!! Крај на сето ова |
| torino, 02.03.2012 18:04:33 | za osuda e se sto se slucuva vo gostivar bidejki vo toj grad imase sozivot koj veruvam nema da se narusi so ovoj incident treba nadleznite da go rasvetlat slucajot gi molam tie patrioti koi sakat da nastetat na situacijata ne treba da komentirat taka bidejki makedoncite vo gv se pobogati od site drugi kraevi od mk a za vistinata vo gv gi prodavat kucite za miljoni evra kupuvat stanovi po skopje i posle se pokazuvat kako deka imat problemi so albancite toa e realnosta deka ima sozivot koj treba da se neguva a ne rusi nikade e nosi omrazata |
| Ајван Доктор®, 02.03.2012 18:05:34 | Се згадив од грозоморното убиство на Јашар Али во „ГУЦ“!Се згрозив и кога беше убиен младиот Нешковски!Болно одекнаа во мојата душа!Не го оправдувам ниту ова убиство,но останува впечатокот дека имало четворица младинци,наспроти млад татко и малолетна ќерка од 10 години!Ако бил нападнат и засегнат животот на девојчето,тој имал право на самоодбрана!Секако,тоа не му дава право да убие,но афектот и стресната состојба често го занемарув��ат разумот!Очигледно некој постојано манипулира со националните страсти,а тоа во случајов е премногу нагласено!Никогаш нема да се сложам дека некому во Македонија му се скратени националните колективни права (најмалку на Албанците),бидејќи во Македонија најмногу се загрозени токму индивидуалните,правата на единката!Вандализмот и кршењето на излози одбрани според национална боја,ме повикува да реагирам и на чинот на ваквото селективно барање „правда“врз национална,или верска основа!Не помалку сум згрозен од злоупотребата на настанов за дневнополитички цели! |
| Кадавер, 02.03.2012 18:08:55 | нема никаков проблем со вистински албанци, има проблем со квази албанци, што незнаат ни правилен албански јазик, што се научени на толеранција на нивната кукавичка агресивност и криминално однесување, заслепени во верскиот фанатизам... не треба размена на територии, треба размена на луѓе... само незнам кој воопшто би дошол да живее во Гостивар и слични места, од Албанија никој... можеби само некој Курди, Авганистанци и слични |
| Gostivarec, 02.03.2012 18:09:00 | Ova go nema nikade em krivi, prvi sekogas zapocnuvaat so nasilstvo i zakani i sega koga si go dobija sega krshat dukjani Makedonski, divo pleme. |
| do elena i ivana, 02.03.2012 18:53:40 | elena ne drapaj m.....a kako da si bila ocevidec i da sudis sto odbranil toj i koj pocnal prv sepak go osuduvam cinot na mladite albanci so krsenje na izlozi zatoa sto nacisti imase i vo bitola 2001 pa nikoja pomocana kako tebe Ivana ne gi osudi zosto krsea i gorea vo bitola , molam komentarot da se objavi pozdrav,, |
| pile, 02.03.2012 19:20:19 | Nesoodvetnoto rakovodenje vo izminatite 6 godini od strana na rakovodnite strukturi vo MVR, pred se Ministerot, za cij nacin na rakovodenje se proiznese i EK vo Izvestajot od 2011 godina, prosledeno so partizacija na institucijata, nezakonski rasporeduvanja, politicka diskriminacija so degradiranje na dokazjanite profesionalci, i drugi oblici i nemanje na kontrola nad rabotata nad MVR od gragjanskiot sektor, neminovno doveduva do vakvi i slicni tragicni sostojbi, koi loso deluvaat na megjunacionalnite odnosi vo R.Makedonija.Reformite vo MVR se neminovnost, i toa sto poekspiditivno no bez Jankulovska i prviot tim okolu nea,TIE GO POKAZJAA SVOETO,od arogantnost,samobendisanost i necija zjrtva na Ministerot,zlatni casovnici na Eliot Nes, ili tolku vo mediumite ,,fokus``pisuvani mozjni zloupotrebi od strana na familijata Mijalkovi, a pretstavuvana od Saso vo MVR.Sekoe odlozjuvanje na reformite samo ke producira podlaboki krizi vo opstestvoto, gragjanite zasluzjuvaat podobro utre.
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
|
Недела
Ведро
Макс: 11°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
|