Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
18.11.2011, 17:45

Мислења

Можен ли е Вотергејт кај нас?

Ѓорѓи Спасов

Основното барање на демократизацијата на партиите е ограничување на апсолутната власт на партиските лидери

Кога претседателот Ричард Никсон ја злоупотреби својата функција за партиски цели, со ��тавањето прислушни уреди во штабот на Демократската партија, тој се најде на голема мака. Еден човек од државната администрација, кој остана анонимен, ги информираше новинарите на „Вашингтон пост“, кои со страста за независно и истражувачко новинарство ги проверуваа наодите. А откако независното судство почна да се занимава со нив, Никсон мораше да поднесе оставка. Новинарите на „Вашингтон пост“ Боб Вудворд и Леонард Бернстајн за својата мисија ја добија Пулицеровата награда.

Се поставува прашањето можно ли е и во Македонија некој висок функционер, уште додека е на власт, да одговара за злоупотреба на својата фукција за партиски цели? Имаме ли ние во Македонија јавни службеници на кои им се поважни принципите на демократијата од лојалноста кон лидерот на партијата? Имаме ли новинари и уредници на кои им е поважна вистината од судбината на „пастирот“ или „папата“? И имаме ли судство кое би се дрзнало да ги испита гласовите допрени до јавноста за злоупотребата на власта од страна на актуелни функционери?

По моја оценка немаме. Да имаше, немаше да се случи јавно да биде констатирано дека, на пример, ВМРО-ДПМНЕ ја освоило власта на последните избори употребувајќи четири пати повеќе телевизиско време од она за кое што платила партијата, а сметката од која што треба да бидат платени тие трошоци е веќе затворена и тоа се смета само за прекршок. А во спектакуларна акција на истата таа власт се апси, се става во затвор и му се суди на еден од лидерите на мала опозициска партија заради „злоупотреба на функцијата во време на изборите во врска со некои стотина илјади подметанати евра од заштитен сведок на полицијата“. Тоа не се фер избори. И тоа не е фер општество.

Причината за бескрупулозно газење на принципите на демократијата во нашата земја, според мене, е градењето култура на подаништво внатре во партиите. Партиите во Македонија, од оние најмалите, како на Љубисав Иванов-Ѕинго, Борис Стојменов, Бојо Андрески и Амди Бајрам, кои се само додаток на нивните приватни компании и бизниси, па се' до големите како ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, се организирани и функционираат на начин кој ја гарантира апсолутната власт на лидерот во нив.

Независно што тие партии во својот назив го ставија зборот демократски, како на пример: Социјалдемократски сојуз, Демократска партија за македонско национално еднинство, Демократска партија на Албанците и сл. внатре останаа целосно недемократски структури во кои на крајот за се' решава еден единствен деспот. Овие партии, по нивното формирање или реформирање, го задржаат принципот на „демокраскиот централизам“ во одлучувањето, со нагласка на централизмот, што значи „се расправаме внатре но не и надвор од партијата“ за да не чуе непријателот и на крајот да не се знае кој за што се залагал. Сите сме поденакво одговорни.

Второ, постојат разни организациски форми на дејствување како што се општинските организации, организација на младината, клубови на жените, органи и слично, (како во време на единствената комунистичка партија) но кога се решава за тоа која ќе биде конечната одлука на партијата или кој што ќе биде во неа и кој за која функција ќе биде кандидиран, последниот збор го има лидерот.Тој е единствениот кој има можност за делење награди и казни и најчесто тоа зависи од неговата оценка за лојалноста а не за способноста на кадрите, од кои некои би можеле да бидат и закана за неговиот престиж.

И трето, лидерот има право да го поставува прашањето на одговорност и да одлучува за одговорноста на личностите во пониските ешалони на организацијата, но не и обратно. Со тоа тој станува недопирлив и секако недоговорен.

Во Македонија членството на партиите не плаќа членарина. Тоа не е таму за да плаќа туку нешто да добие, ако може. Лидерите на партиите никогаш не инсистирале да се плаќа членарина, затоа што ако некој дава барем минимален прилог за партијата тој може да бара и одговорност. Партиите се финансираат од големите и тајни спонзори од бизнисот, кои ги финансираат сите големи партии, но парите ги даваат како инвестиција во лидерот, кој е или може да стане премиер, и од медиумските тајкуни кои се трудат да останат во нивна милост или да бидат нивни коалициони партнери.

Дел од корупцијата исто така завршува во партиските каси, но најчесто само лидерот на партијата е упатен во тајните на партиското финансирање и само тој знае на кого му должи партијата. Лидерот всушност располага со целиот имот на партијата, иако тој тоа располагање може формално да го покрие со одл��ки од надлежните органи на партијата. Овој модел на финансирање на партиите дополнително ја зголемува нивната моќ и затоа се случува некои од нив, како Љупчо Георгиевски на пример, според сопствено признание, да го завршат мандатот како „средно богат бизнисмен“, без кој било да постави прашање како можело тоа да се случи. Партиските лидери во Македонија за време на своите мандати стануваат авторитарни водачи, со апсолутна власт во своите партии, имуни на контрола и убедени дека за успех во борбата со сличните партии и лидери на нив мора „партијата да остане високо централизирана и дисциплинирана структура“, со апсолутната власт во рацете на еден човек.

Кога таквите лидери ќе ја освојат власта, тогаш тие и не знаат ништо друго освен по принципите со кои управуваат во својата партија да се обидат да управуваат и со целата држава. Државата, како што тоа сега го прави Груевски, се претвора во партиска држава. Тие не можат да одолеат да не биде партизирано се' во земјата и тие да се прашуваат за се'. Кај нас се стекнува впечаток дека сите партии се исти и дека кај сите лидери постои ист степен на нетрпеливост кон оние што ги критикуваат за деспотизам или за отсуство на демократија во партиите.

Основното барање на демократизацијата на партиите е барањето за ограничување на апсолутната власт на лидерите. Тоа е барање за замена на културата на подаништво со партиципативна култура на членството. Тоа е барање на механизми, за внатре во партиите да се ослободи креативната енергија на индивидуите, да се развие критичката моќ, луѓето да се ослободат од стравот, да бидат способни да побараат одговорност. Тоа е барање за кариерате на секој човек да не зависи од милоста на актуелниот лидер и само од лојалноста кон него туку од индивидуалната способност и лојалноста кон принципите на демократијата и кон идеологијата на партијата на кој и пристапил. Централното прашање во таа дебата е она што го има поставено таткото на социјалдемократијата Едуард Бернштајн. Како партиите (како и синдикатите) да станат школи за демократијата а не предворје за деспотизмот и подаништвото. Како партијата која бара промена на недемократската власт во земјата да биде гарант дека нема да воспостави исто таква власт ако ја добие довербата. Како да ги убедиш гласачите дека ако гласаат за промена на изборите нема да се смени само бојата туку и суштината на владеењето. А за тоа е потребна и малку поразлична партија од онаа што е на власт. Тоа е суштината на барањата за демократизација.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 1013 пати.

Испрати коментар



Има ли судството интегритет?
Банкарите ѕвонат
Магичното размислување на Милтон Фридман
Игри без граници



Ljubotan Trade Name, 19.11.2011 01:30:01
Eee Moj Spasov! Dobro si seme,ama na losa pocva! Makedonija nikogas nema da ima Vodo Instalater kako sto bese Toj Daniel Elsberg, i tvoite,i takvi novinari sto ja dobivaat Pulicerovata Nagrada.Na Gluvite ne im citaj za Ovidieva Oplakuvana,a na Slepite ne im kazuvaj za Smernosta na Mona Liza pa i od kade dea ja gledas !
Даниел, 19.11.2011 01:41:46
Одличен текст Спасо��, одговорот како што утврдивте е НЕ. Во Македонија нема ниту новинарство, ниту јавна сфера во кое може да дејствува. Луѓето се уплашени за својата егзистенција и ги преќутуваат сите (со извинување) лајна кои се случуваат околу нив - а во кои можеби и самите се вклучени. Партиите и политичарите се посебна приказна - централизирани, затворени и интелектуално ограничени. Истакнатите членови, со чест на исклучоците, немаат свое „Јас“ и едноставно се спречени да размислуваат и да дебатираат со сопствените ставови и мислења. Во разговорите со новинарите се искрени само „off the record“, додека официјално претставуваат само лидерски мегафон. Сево ова е штета, како за јавноста, општеството и демократијата, така и за политичарите и партиите. Македонија се развива во нездрава клептократија, а новинарството пропаѓа се пониско. Инаку вистинските новинари, без скриени агенди овде имаат Пулицери на претек. П.С. Новинарот Бернстајн се вика Карл, а не Леонард.
respekt, 19.11.2011 05:27:32
Сигурен сум дека и кај нас ке се случи Вотергејт. Што има две новинарчиња во ,,Дневник,, Зоран Димитровски и Сотир Костов, чудо се.Каков Боб Вудфорд, каков Леонард Бернстајн. Толку му се на трагите(народски: по стапалките) на Премиерот, што од пријателите го добиле псевдонимот ПОСТАПАЛКИ.
Леви Бенин, 19.11.2011 05:33:25
Господине Спасов, констатациите ви се сосема во ред, меѓутоа нажалост, невозможно е било кога, додека човекот е социално битие да се променат. Од моментот кога човекот „изговорил„ - „ова е мое и само мое„ човештвото се збогувало со демократијата.Без оглед на геслата и паролите со кои се прокламирала и воведувала демократијата низ вековите (општества, религии), уште во самиот нејзин зародиш имало ркулци на центризам.Мислам дека човештвото не познава демократија за каква се залагате (еднаква на дефинициите за дем.) бидејќи постојано инклинира од анархија до деспотизам. И во едната и во другата крајност крајната цел е моќ на поединци.Нажалост средината, има најмал период на полураспаѓање.
ZRAK, 19.11.2011 06:53:52
rekov i pak ke recam,dali i vaka pisuvase ili ke pisuva koga e na vlast.Sporedbata so SAD so prisluskuvanjeto e isto koga TI bi komentiral deka po kradenjeto na stedilnicite vlasta trebase da si dade ostavka [togas TI kutese] a kako narodot ke go ubedis deka tie sto ke dojdat na vlas ke bidat podobri,pa tie bea na vlas dva pati i koga dojdoja vtoriot pat bea polosi od prviot.
sime, 19.11.2011 09:16:19
Najteskoto e da narodot svati deka promenite se neophodni za da ima napredok vo drzavata.
milan, 19.11.2011 09:38:27
Profesore neznam kakva e imotnata sostojba na liderite na partiite no nastrana so toa bez razlika sto nasiot narod bas na toa se pali.Bi sakal da napomenam deka BC. koga bese predsedatel ja ostavi partijata na svoite pomosnici i sto napravivte? 2006 i 2008g.za malku ke ja urnisavte.Postavivte /mislam vladata/ koekakvi Prcevski vo obvinitelstvoto a slicni i vo drugite sferi na zivotot pa se zivo sprcija. A votergejt pa nie toa go imame PRISLUSKUVANJA no po se izgleda samo Crvenkovski na toa reagira.
ФЕЛИКС, 19.11.2011 19:04:10
Интересантен е оној дел од написот за партиските деспоти.Како тоа да вие дури сега ја дознавте деспотијата на својот лидер.По се изгледа дури деспотијата некого лично не засегне,дотогаш се премолчува ако таа евидентно се применува врз други.Ми годи кога видни членови на опозицијата имаат скоро ист став за некои работи,како сега со практикувањето внатрепартиска демократија.Инаку се сложувам да и во владеачката партија нема којзнае каква внатрешна демократија.Но барем сега засега нема јавни препукувања по медиумите и отворен лов на ,,одработувачи за опозицијата,, како што каде вашите се етикетираат барателите за партиска демократија,нарачени ,,скриени Вмровци,, или ,,одработувачи за власта,,.И уште нешто овие од власта имаат какво-такво алиби оти се неколку кратни изборни победници.Во вашиот кампус ем нема демократија ем неколку кратни изборни губитници,ем ве тотално изолираа,ем замајување на величенствено со она легендарното,,успешен изборен пораз,,.
Of Lele, 20.11.2011 05:50:40
A be ovoj Felix mnogu mele, kako i Kardelj,a Brasno nema,daj bre nauci nesto od Ljubotan Trade Name; Malo Receno,a Mnogu Kazano!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -4°C

Магла

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |