18.11.2011, 17:54 Едиторијал
Има ли судството интегритет?
Гордана Дувњак
Два судски процеса го ставаат во моментов на тест македонскиот правен систем и претставуваат парадигма на функционирањето на македонското општество. Случајот со убиството на младото момче Мартин Нешкоски, како и судењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Од начинот на кој што ќе бидат процесирани овие два случаја и задоволена правдата, во голема мера ќе зависи и тоа колку третата власт е отпорна на влијанија, особено на оние што од доаѓаат од извршната власт, поточно од полицијата. Од тоа во голема мерка зависи и одговорот на прашањето: постои ли воопшто судски интегритет или, пак, тој е ставен во скутот на полицијата?
Што е она што ги поврзува овие два случаја, кои, веројатно, ќе бидат проучувани како „бисери“ од практиката од страна на идните генерации млади правници?
Судските процеси, во суштина, се многу различни, особено во квалификативите на кривичните дела опишани во обвиненијата. Обвинетиот припадник на „Тигрите“, Игор Спасов, кој се товари за бруталното претепување со смртни последици, одговора за едно од најтешките кривични дела - убиство. На бившиот министер за внатрешни работи и жесток критичар на владејачката партија, пак, му се става на душа злоупотреба на финансиски средства за изборна кампања, како и злоупотреба на службената должност.
Сепак,она што ги поврзува овие два кривични настана е силната политичка конотација, а уште повеќе нескриената инволвираност на полицијата, како во забошотувањето на вистината така и во насочувањето на процесите во посакуваниот правец.
Убиството на момчето се случи ноќта кога владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја славеше изборната победа, во срцето на градот и пред очите на сите оние што тој ден се најдоа на Градскиот плоштад во главниот град. Апсењето, пак, на братот Љубе се случи ден по изборите, среде бел ден, во наместена полициска акција, во популарна скопска кафеана, каде што тој, наводно, примил 100.000 евра во кеш. Стотиците евра никој не ги виде, па дури ни одбраната на Бошкоски, но затоа целата македонска јавност го препозна брендот „Зара“ на кесата на „донаторот“.
Многу елементи упатуваат на тоа дека, прво, истрагите на овие два случаја, а потоа и судските процеси, се водат со многу намерни и ненамерни пропусти, недоследности, па и контроверзи. Сето тоа укажува на впечатокот дека судиите што ги водат овие предмети се под силен притисок, како на одредени центри на моќ така и на јавноста.
Игри без граници со притисоци врз сведоци, снемување докази, непотребно иритирање со избор на претесни судници, во кои не може да се смести ниту одбраната, а камоли семејствата и оние што треба да ги следат судењата. Како да се разбере, пак, небулозата да се одложуваат судски рочишта, затоа што не можело да се обезбеди присуството на „загрозениот сведок“, кој бил отсутен и во странство. А, токму Обвинението да се темели на неговото сведочење, кога, сепак, ќе се направи тоа, надвор од секаква процедура, да се исклучи јавноста за ликот на сведокот да остане во темница. Наместо да се дозволи можноста одбраната непречено да му поставува прашања за дискредитирање на изјавата на сведокот со трансформиран лик и видоизменет глас на сведокот, судијата да зазема страна.
Доколку судиите дозволат политиката повторно да надвладее над правото, ќе упатат две многу загрижувачки пораки. Прво, дека насилството во оваа земја се исплатува и останува неказнето, доколку зад себе имате силна партиска заштита. И втората, дека лошо ќе заврши секој оној што ќе се дрзне да ја критикува власта! |
|
Статијата е прочитана 1011 пати.
|
Испрати коментар
|
|
analiticar, 19.11.2011 06:40:30 | od sudi advokati popovi politicari,novinari....poloso nema.Pr;nasite novinari se so kuso pamtenje,zosto;pa dali nekoj novinar vo slucajo so Martin ima napisano deka ovaj ubiec koga vide deka drzavata ne ke moze da go skrija SAM SE PRIJAVI deka toj go ubil.... |
| Stevo, 19.11.2011 08:11:47 | Судството е диригирано и претворено во џелат,особено кога странки во предметот се граганите наспроти државата.Колку и да е во право граганинот,го губи спорот-оти
така му е наредено на судот.Оттаму се прашува човек,дали е потребно да постојат такви диригирани институции и да се изигрува некоја божемна правда и правдина???!!!... |
| Hari, 19.11.2011 08:49:17 | Ima uste eden politicko montiran proces a toa e procesot protiv Velija i A1. Na rocisteto se prifakjaat dokazi i toa fotokopiii na koi e dopisuvano so penkalo a sudikata otvoreno go krsi pravoto. Site tie presudi se vece doneseni. Sudiite se vo teska polozba no mora da ostanat profesionalni a ne kako ovie koi potkleknaa na pritisoikot od Vlasta. |
| Istocna Makedonija, 19.11.2011 09:08:46 | Integritet,dignitet,doblest,profesionalnost,posve
tenost,pravicnost,objektivnost,nepristrasnost,
humanost,sto toa bese?!Zosto samo sudstvoto?!
Dajte,posiroka analiza i za drugi opstestveni oblas
ti,sferi,kade ovie karakteristiki ne se izgubeni,seu
ste gi ima-imame!Zalosno,gi imame vo imaginaci-
jata,memorijata,virtualitetot i fikcijata! |
| Од Мирко, 19.11.2011 09:24:16 | Наша реалност !
Било какво срање да направи во кој е инволвиран некој орган од власта ,или нејзин партиски миленик ,нашето судство мора да и го обелува образот,односно да докажува дека власта или активистот се секогаш е во право.
Затоа власта е толку осилена, што се зема за право дури и невешто да монтира ,поттикнува извршување или забашотува кривични дела во кои таа е инволвирана како извршител. |
| NG, 19.11.2011 09:28:48 | Правилно напишано. Штета што многу мал број грагани ке ја примат оваа вест. |
| Cveta, 19.11.2011 09:36:19 | Utrinski kako da zaboravi na Pajazina. Mojot soprug e vo pritvor 11 meseci, pokraj ponudena garancija od 600 000 evra. Sto zboruva toa za sudiite? Da pratevte novinar na nekoe od rocistata ke videvte na sto lici toa sudenje. Ili e seuste rano za presudi pa smetate deka ne e interesno da se pisuva za toa? Pritvorot za Pajazina e veke pretvoren vo zatvorska kazna bez pravosilna presuda. Ne mozam da svatam kako moze ovoj slucaj da ne go spomnete! |
| odgovarac, 19.11.2011 09:40:20 | DA, eve kratko da ti odgovoram Gordano. Uste ednas da ti kazam - DA. sega sto ce kazes. (nemoj da se smees Gordano, zimi majka sudstvoto ima integritet. izvini i jas mora da se nasmeam na odgovorot. ne e loso vaka nautro covek sam da si napravi smeska i da mu pocne denot so smeski). |
| Katastrofa!, 20.11.2011 10:40:55 | Se soglasuvam so site komentatori deka makedonskoto sudstvo e staveno vo skutot na policijata i na politikata i se naoga vo katastrofalna sostojba, kako nikogas dosega! Care? E, care de? Samo so smena na vlasta moze barem malku da se podobri situacijata! |
| D.V., 20.11.2011 12:29:02 | Sosema tocena analizata na Gordana,za denesnoto nase sudstvo,zaedno so zaklucokot vo posedniot pasus.Za sudenjata i presudite, nema potrebe od dokazi za vistinata; presudata e zavrszen pred da pocne i dobibva onoj koj gi upotrebil site svoi vrski i sé sto se razbira pod toa.Najlesno e za onoj koj laze.Ne se problem samo golemite procesi - skandali so kakvi denes obiluvame, tuku i onimalite nasledcki delbi, prisvoeni grobni mesta sitni dolgovi.Kataden se pojavuvaat novi politicki procesi,sto ja tovaraat MK, za da se podzaboravat postarite; Pajazina,
Kosmos , iako toa ne e opravduvanje za sudiite koi ne si ja vrsat cesno dolznosta i ne drzat na dadeniot zbor , krivo sudi, pravo sudu, so oci vrzani ,simbolot na Pravdata. Za vakvi neodgovorni sudii, trebe na gragjanite da im se ovozmozi, da mozat da gi prijavat sé pocestite nepravedni presudi kako toa sto go ima niz EU,po sto takvi bi bile zemeni na odgvornost pred da se izbere patot za Strazburg, denes kaj nas sé pocest |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Магла
|
Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
|
Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|