Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
18.11.2011, 17:52

Анализа

Банкарите ѕвонат

Радмила Шекеринска

Помал проблем е тоа што Македонија се задолжува забрзано. Поголем проблем е на што ги троши парите од новите кредити

Стојановски и Поповски се соседи веќе трета генерација. Имаат многу заеднички нешта: живеат во постземјотресните бараки со убава (но, не многу голема) градина, веќе навикнати на живот во поширока заедница; врзуваат крај со крај со една плата и една пензија, внуците им се во средно, а внуките неуспешно им бараат работа... Секој ден се гледаат за кафе, се жалат на состојбата, кукаат за проблемите, се радуваат на убавите моменти. Во наш типичен манир, отворено говорат и за своите финансиски проблеми, за рабушот во продавница, за неплатените радиодифузни сметки, за хонорарот кој синот го добил со петмесечно задоцнување, за нивите и старата селска куќа која со години ја продаваат. Едноставно... сиромашен човек нема што да крие.

Затоа, кога семејството Поповски пред три години подигна кредит – немаше никаква причина тоа да го премолчат пред своите соседи. Се пофалија дека процедурата не била особено тешка ниту долга. Им помогнала една братучетка која работи во банка па ги знае сите процедури. Ги собрале документите, потпишале административна забрана на платата на ќерката и добиле потрошувачки кредит. Добрите идеи брзо се шират. „Ако успеале соседите, зошто и ние да не се обидеме?“ – си рекле Стојановски. И би така. Заминале во истата банка, ја следеле истата процедура, ги добиле истите услови, па дури и ја побарале истата сума на пари. Системот кој функционира не се менува, нели?

Од тој момент почнале разликите. „Иницијаторите“ на задолжувањето имале јасен план во главата: гаражата (која и онака малку ја користеле) ја преуредиле во работилница за синот. Тој пред повеќе години матурирал во електромашинскиот училишен центар, па работел во една мала фирма која пропаднала... и оттогаш е без работа. Поправал машини за перење и фрижидери, ама се' било импровизација без вистинските инструменти и услови. Со парите од кредитот направиле скромна работилница, ги купиле основните инструменти и микро-бизнисот почнал. Во почетокот одело тешко, малкумина знаеле за новиот мајстор... но, лека-полека информацијата се ширела низ маалото, а богами и пошироко. „Има еден дечко кој добро работи, а не е многу скап“ – велеле неговите муштерии и нивниот број растел. Во почетокот парите кои ги земал биле доволни само да се покрие ратата од кредитот; потоа можел да ги плати и сметките за струја; а по девет месеци во буџетот на семејството Поповски веќе влегувала уште една плата.

Кај соседите работата била поинаква. Тие и онака го зеле кредитот без јасен план – затоа што можеле и виделе дека комшиите така прават. Дури кога парите легнале на нивната сметка, почнале да размислуваат што да прават со нив. Прво си рекле: „Ајде да си ги платиме сите долгови за да не не боли глава секој пат кога некој ѕвони по телефон или кога влегуваме во блиската продавница“. Додека ги враќале долговите, некако се навикнале на идејата дека имаат вишок пари на сметка: тоа никогаш досега им се немало случено. Некако токму во тој период, внуката имала роденден. Посакале за прв пат да организираат вистинска роденденска прослава: со кловнови и принцези, со трикатна торта и многу балони. Купиле велосипед за неа, а за да не се налути внукот – нему му зеле нов компјутер. Искористиле уште една добра идеја од Поповски: на местото на старата гаража направиле нова детска соба за внуците да имаат повеќе простор. А, кога веќе копале низ градината, решиле оградата да ја заменат за поубава – од камен, и да стават нова влезна врата.

За шест месеци, парите од кредитот веќе биле потрошени, а семејството многу позадоволно и посреќно. Некои соседи веќе ги гледале со доза на завист и коментирале: „Е, Стојановски знаат како да живеат“, па дури и се потсмевале на синот на Поповски кој, според нив, „џабе зел кредит, кога сега се мачи повеќе од порано, а дома ни еден нов телевизор не си купил – стипса!“. Така барем се зборуваше низ населбата.

Тамам семејството Стојановски се навикна на подобар и полесен живот, почнаа телефонските повици од нивната банка. „Добар ден, овде тој и тој од таа и таа банка. Доцните со уплатата на ратата од кредитот и ако не платите, ќе ви ја активираме административната забрана. По третиот повик, Стојановски сфатија дека ѓаволот ја однел шегата. Мораа да смислат нешто ново. За среќа, како што реков, ова беше пред три години кога банките имаа многу пари и интерес да одобруваат кредити, лесно и брзо па Стојановски се спасија. Или барем така тие мислеа. Зедоа нов кредит, со тие пари го вратија стариот и здивнаа неколку месеци. Но, кога се обидоа да го повторат истиот „трик“ уште еднаш (кога зачестија телефонските повици од втората банка) – разбраа дека се во „каша“.

Заврши медениот месец на лесно кредитирање, банките го стегаа ременот... и за Стојановски веќе немаше нова шанса за кредит-кој-ќе-го-врати-претходниот. Секаде добиваа негативен одговор и банката им ја активираше административната забрана. Ако претходно живееја тешко, сега веќе не можеа да издржат: шестмина требаше да живеат од една пензија и намалена плата (плата минус забраната) и тоа во следните пет години. Видоа дека не се издржува, па ја продадоа старата селска куќа и нивата за трипати пониска цена од онаа на која претходно инсистираа. Се раздолжија и се вратија на стариот живот со ниски приходи.

Има многу Стојановски и Поповски околу нас. Тие ни докажуваат дека клучното прашање не е само дали и колку се задолжуваш, туку за што ги трошиш парите од кредитот. Не' потсетуваат дека кога трошиме, сите се чувствуваме поубаво и порелаксирано, но дека и тогаш треба да размислуваме на денот кога првата рата ќе пристигне. Не' опоменуваат дека кредитот е тука да ни помогне да заработиме повеќе – и тогаш е повеќе од потребен и корисен. Тогаш сам се враќа. Тогаш зад себе остава додадена вредност. Тогаш и само тогаш тој не е товар.

Истото важи и кога говориме за големиот буџет – оној на државата. Помал проблем е тоа што Македонија забрзано се задолжува. Поголем проблем е на што ги троши парите од новите кредити. На прсти можат да се избројат оние задолжувања кои владата на Груевски ги насочи кон проекти кои ќе носат пари: изградба на патишта и централи. Мнозинството заеми кои ги парафираше власта беа како оние на Стојановски: за да потрошат малку повеќе, за да се почувствуваат порелаксирани, за да ги импресионираат комшиите т.е граѓаните, за да ги „купат“ гласовите или за да ги вратат претходните кредити кои веќе ги заглавиле. На прашањето за што ќе се трошат новите 130 милиони евра заем, министеротот за финансии ладно одговара: „на покривање на буџетските трошоци“. И толку. Можеби капитални инвестиции (а-ла Поповски), а можеби на стоки и услуги (како Стојановски). Искуството, пак, вели дека Груевски повеќе милува родендени, нови „детски соби“ и огради. И кога станува јасно дека вака веќе не може, власта најавува дека ќе продава што може (секако, по пониска цена и никакви услови) затоа што нема враќање назад.

Денес, синот на Поповски има фирма во која работат тројца. Неговиот син веќе влегува во бизнисот и учи како да го надгради. Го вратија стариот и зедоа револвинг кредит со кој го развиваат бизнисот. Во меѓувреме, заработија доволно и за нова ограда и за потпокрив. Низ населбата сега се прераскажува приказната за штурецот и мравката и со восхит се зборува за вредниот син и мудрото семејство.

Поповски или Стојановски – прашање е сега. Времето за избор полека изминува, а банкарите почнаа да се ѕвонат.

(Авторката е пратеничка од СДСМ)


Статијата е прочитана 1671 пати.

Испрати коментар



Има ли судството интегритет?
Магичното размислување на Милтон Фридман
Можен ли е Вотергејт кај нас?
Игри без граници



jovan, 19.11.2011 01:05:54
Mnogu ednostaven primer kako moze da izgleda eden ist dolg, koj na kraj e sosema razlicen. Ne e tesko da se predpostavi od primerov na koe semejstvo nalikuva Makedonija. I jas mnogu pati na ovaa tema se obiduvam da dadam ednostavni primeri koj bi go opisale naseto zadolzuvanje, no vednas se naogaat experti koj tvrdat deka toa ne e isto. Ili so drugi zborovi ;tazi dupka ne e dupka ; E sega ke dodadam i drug primer. Mozes da zemes kredit za da ja rekonstruiras garazata i tamu da otvoris prodavnica vo koja ke rabotis. No karsi tebe ako imas nekoj golem super-market, togas konkurencijata ke te unisti, i pak ke si ostanes dolznik. Znaci sekoj dolg si ima posebna struktura. Sekoj dolg dobro se planira. Kaj nas veke ne stanuva zbor za zadolzuvanje, bidejki vaka ni najprostiot i najmaloumniot ne bi se zadolzuval. Kaj nas slobodno moze da se kaze deka stanuva zbor za pljackanje.
Mene, 19.11.2011 01:07:34
Во целата новокомпонирана басна за „штурецот и мравката“ фали само да објасните како во двата случаи поминал Банкарот. Оној кај кого се задолжиле. Тој сигурно не е у зијан
sdsm razocaran, 19.11.2011 01:27:35
Rada odlicen tekst i za se si vo pravo, ama imaj vo predvid deka 80% od naselenieto e nepismeno, siromasno i celata propaganda na vmro te pobiva na teren so muabetot-i sdsm da bese kriza e, ke se zadolzuvase ili ne odime napred oti od vremeto na sdsm e zgresena rabotata itn. Nazalost vie kako partija ste katastrofalno losi so pi-ar ot i so analitikata. Vo momentov vie kritikuvate za novite zaemi, a grueski pravi anketi kako stoi na lokalno nivo za lokalni izbori i tamu da gi trosi ovie pari, vie mestite caca ilinka pendarovski demek ke rabotele vo sovetite, a vmro vodi agresivna kampanja po mediumi i nateren protiv Stevce Jakimoski, Aleksandar Petreski i dr.vasi gradonacalnici. \\ve nema na teren i da ne se cudite zosto ovoj narod i na lokalnite izbori ke glasa za vmro, samo odrabotena pobeda postoi, a ne so pisuvanje kolumni na temi koi nisto ne im znacat na lugjeto vo demir hisar, resen, kavadarci. Zalno ama kolku vistinito vie ste zabegani od realnosta.
gimi, 19.11.2011 02:09:42
И во Македонија имаше еден министер за здравство кој за да ги импресионира неговите сопартијки и министерки со пари од фондот(значи наши народни) им купуваше огрлици вредни илјадници евра,а кога дојде денот да даде отчет за сработеното си зеде странско државјанство и избега, и има сега еден друг министер кој преспива по болниците за да ја запознае фактичката состојба и проблемите со надеж дека ќе им помогне.
Istocna Makedonija, 19.11.2011 09:04:51
G-go Sekerinska,znaete li deka vo MKD ima mnogu luge na ski i ini,koi i svojot skromen ,,imot,,go prodadoa za da gi hranat decata, nekoja godina,vo Vase,Nivno vreme, seedno! Sega,ostanati bez rabota,vo Vase-Nivno,seed no, nemaat moznost nitu kredit da zemaat! Znaete li deka nekoi od niv,i intelektualci,za- bradeni i ,,maskirani,,kako da pljackaat banka gi ,,posetuvaat,,kontejnerite,malkutenarodni kunji?!Ne se site ,,sposobni,,( materijalno i i so rizicno izigruvanje na ,,propisite,,da otvo rat,,mal biznis)da vlezat vo neizvesnost.Edn ostavno ne se educirale za toa!Pretendirate povtorno na vlast.Dojdete ako ste spremni nesto da promenete vo ovaa,sega veke saka na,mala,napatena i za zal iskompleksirana zem ja na mnogu-multi aspekti.No,samo ako moze- te da gi namalite,megu drugoto,gorecitiranite. Ako ste isti kako porano,ili ste kako ovie,fala vi,skraja da ste!
Hari, 19.11.2011 09:11:47
Tokmu zaradi takvata politika sekoj student razmisluva samo edno a toa e vednas po diplomiranjeto da zamine od drzavata i frapantnata brojka od 100 podnesiteli na den za bugarsko drzavjanstvo??? Toa se fakti a se drugo od kujnata na Bogatinova i Latasovi e rozeva magla i budalastini. Barajte pomos od zapad Rada , nitu edna diktatura ne e srusena na izbori!!!
milan, 19.11.2011 10:00:42
Go podrzuvam komentarot na razocaraniot sdsmovec.Rado krajno vreme e da se krene od vrata do vrata od selo do selo i na narodot da mu se prikaze vistinata,ta zaboga retko koj cita kolumni.Da se soglasuvam kade ke se potrosat parite od kreditot? odgovorot e ednostaven -kade sto ne uspee agresivnata propaganda ke se kupuvat glasovi. Potoa sekoj vraboten od 40 iljadi novovraboteni ke mora da donese spisok od 10-15 glasaci i pobedata nema da im izostane.Spustajte se megu narodot toa e resenie.
Toni, 19.11.2011 17:44:08
Site go znaat toa ama veli ne me interesira ,mene da mi e arno drugite neka mu a mislat taa poveke e prodavana ideja i za zal poveke minuva.Se izgubi covecnosta i vrednosta na eden covek.Samite kako licnosti neka se poglednat vo oci i neka razmislat deka te primile na rabota? Da ama toa e normalno i ne treba da mu bides dolzen na nikogo. Ti dale plata pa toa sum go srabotil.Koga toa ke go svati sekoj eden togas ke vidat koe e podobro na Popovski ili Stojanovski.
perica, 19.11.2011 18:11:32
Ima prodolzetok, sinot na Stojanovski pocinje da dila belo, i prai popara niz Skopje.Negovite telohraniteli go obrabotuvaat elektromehanicarov,koj mora da se seli sosve cela familija. Stojanovski gi rusat dvete baraki i gradat nova kuka,sinot vlegue u partija, so parite od beloto finansira kampanja...
ФЕЛИКС, 19.11.2011 19:23:58
Добро е да имаме две ретерирања во краток период кога се работи за задолжувањето надвор.Пред некој месец имавме став токму од г-ѓа Шеќеринска да надворешниот долг е страотно голем и предвидуваше катастрофични сценарија за иднината на земјата.Кога беше демантирана со се нејзините сопартијци,кој истото го говореа во Собранието од Светската банка и др. институции да сме ниско задолжена земја,одеднаш имаме нов рефрен.Ги загрижувала брзината на задолжувањето, ��птен бргу се земаат кредитите.Кога и ова беше демантирано од истите институции да земјата со својата економска стабилност може да се задолжува без пречка,повторно нов рефрен.Е сега не е важна брзината важно е за што се трошат парите.За овој рефрен се сложувам потполно и искрено,оти ова е работа на опозицијата да прашува а и да предлага како и каде да се трошат парите.
maja, 19.11.2011 21:04:30
Surova vistina...najprvo srozaj go narodot ekonomski a potoa ke go tepas politicki...tesko nam so ziveenje na kredit, ne mozeme doma da opstaneme, a kako drzava ne sakam nitu da pomislam...mnogu mi e zal sto edna detska vlada gi zadolzuva idnite generacii do beskraj
Димитар, 19.11.2011 21:33:45
Ми се допаѓа споредбата помеѓу двете семејства односно начинот како тие ги потрошуваат кредитите.Само за жал,ние личиме на семејството Стојановски,кое троши пари за огради и се луксузира... Секое ново родено дете се раѓа со долг од 1.250 евра.Кредитите кои ги позајмува власта не знаеме за што се трошат,но за капитални проекти сигурно-НЕ.Оваа неодговорна политика мора да престане.Од нас зависи дали ќе бидеме Поповски,или ќе продолжиме да бидеме како Стојановски,кои трошат,не размислувајќи дека кредитот треба да се враќа.Не размислувајќи за иднината,а тоа боли!
odlicen primer, 19.11.2011 21:56:22
odlicen primer ednostavno receno nemam poveke sto da bi dodal odlicno samo taka prodolzete
Od fakelaki, 19.11.2011 22:51:17
Bravo ratke vie imate golemo iskstvo so tat i bc so piramidite sigurno podobro ke gi iskoristite i jas sum za kriminal oti samo tova se isplati i malise rizicite i kaznite....................
Ekonomist, 20.11.2011 11:03:35
Napisov e mosne jasen, konkreten i poucen. Medjutoa, prasanje e dali ce go razberat onie na koi se odnesuva? Ne veruvem, bidejki nivna cel e da zgrabat kolku sto mozat poveke i koga ce ja dovedat drzavata vo bankrot, a mnogu pokazateli pokazuvaat deka toa ne e mnogu daleku, ce ja napustat drzavata i ce si gi grickaat parite sto taka ,,cesno,, si gi zarabotija!
Bistra voda, 20.11.2011 12:56:05
SeDeSéMoe kritikuva rasturanje pari? Pa kade bevte vie da gradite i kradite? Vie udrivte samo na kradenje. Podobro bi bilo koga bi napravile budzet vo senka i bi go obrazlozile detalno pa narodot da vidi koj e koj! So teks na zaplashuvanje ne uspevate veke.
zaza, 20.11.2011 14:29:30
dolgot e isto sto koga ke se iskacis na vrvot posle da se vratis od drugata strana decinja od drugata strana za zal provalija ,,,,,,,,,,,,,,,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -4°C

Магла

Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |