Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
22.05.2012, 17:34

Китка ќе оди курбан за хотел и фарми

Скопски бизнисмен најавува елитен туризам на планината, викендашите негодуваат што се става прст на природата

Горан Адамовски

На планината Китка, која со својата дивина му пркоси на градскиот метеж, ќе никнат луксузен хотел, фарми, оранжерии, органска храна, па дури и скијачки патеки. Инвеститор е бизнисменот Адем Абдулаи, сопственик на маркетите „Принц“, кој најавува дека, всушност, ќе развива летен и зимски туризам. Жителите на селата што гравитираат околу Китка, како и сопствениците на куќи и викендички во ова популарно градско место за одмор и рекреација, се поделени во размислувањата. Едни се задоволни што, пред се', некој конечно ќе го среди патот преполн со кратери, други, пак, негодуваат што и Китка ќе стане достапна за сите, а не само за вљубениците во природата.

До Китка се стигнува преку Драчево, по што патот долг триесетина километри води преку селата Долно и Горно Количани. До тука патот и не е толку лош, но потоа престанува асфалтот, се налетува на дупка до дупка и освен џип, тешко дека може да мине друго превозно средство, особено ако е врнежливо. Сега таму работи градежна механизација. Инвеститорот го тампонира патот, а за асфалтирање се очекува помош од Општина Студеничани, но таа засега изостанува.

Бизнисменот Абдулаи има големи планови на планината. Го купи рибникот, се одгледува органска храна, во фармите ќе има добиток и стока што ќе се храни без конзерванси. Здравата храна ќе им се служи на гостите во елитниот хотел што се гради до рибникот.

„Во првата фаза, хотелот ќе има 30 соби, а на крајот, околу 150 соби“, најавува Абдулаи. Тој вели дека важно е да се гради квалитетно без да се брза, иако, доколку се' биде во ред, хотелот би можел да проработи и до крајот на годината. Проблем претставува што во месноста околу рибникот, се' уште нема струја, но се очекува и тој проблем да биде решен. Во следните планови е изградба на скијачки патеки зад планинарскиот дом Караџица.

Дел од граѓаните, пак, се лути што планината ќе биде узурпирана.

„На Водно се изгради жичарница, се исекоа дрвјата, а сега истото ќе се случи и со Китка. Тука доаѓаа само луѓе што ја сакаат природата, оти поголем дел нема струја. Единствено патот што е за никаде, ама подобро тоа отколку Китка да стане место за елитен туризам“, негодуваат дел од викендашите на планината.

Абдулаи вели дека ги има добиени сите потребни дозволи за градење. Во Општина Студеничани не сакаа да коментираат околу градежниот бум на Китка.


Статијата е прочитана 3584 пати.

Испрати коментар



Забрането возење по „Киро Фетак“
Учениците во Карпош учат за безбедноста
Летово на филмче под ведро небо
Цртање на асфалт



Планинар, 23.05.2012 09:45:03
Добра идеја, го подржувам инвеститорот. Сум бил повеќе пати на Китка и на Караџица и мислам д��ка со добро осмислена, ненасилна урбанизација овие предели ќе ја добијат својата вистинска вредност и ќе бидат достапни за повеќе граѓани. Впрочем планови за изградба на скијачки објекти на овие планини постојат уште пред повеќе од половина век.
medo, 23.05.2012 13:19:08
sve e toa ubavo,zatoa so site se ljubiteli na prirodata,a sega odat samo tie so dzipovi i so konji,so znaci ako nesto se napravi ke imaat pristap site.A toa so ne e dobro e toa so investitorot kazuva deka ke gradi poleka ,toa ne e dobro,ako se gradi treba so pobrzo,so rokovi....
Луда Мара, 23.05.2012 13:51:28
Боже,има ли крај на лудилово и на хохштаплерајот?!
Zalna Kitka, 23.05.2012 17:44:30
Neznam sto ke znaci izgradbata na seto navedeno. No losiot pat napravi sopstvenicite na vikendickite so godini da ne pojdat vo niv. Isto taka zapusteniot pat i negriza od drug vid napravi lugjeto od selata vo planinata da se iselat nemajki nacin da obezbedat egzistencija. Negrizata na drzavata napravi ,,Karadjica,, i drvokradcite da ja opustosat sumata na Kitka. A sega nekoj neka mi kaze koj e nadlezen da reagira sto zalni divi deponii se sozdadoa od golem broj na sopstvenici na vikendici. Jas barav odgovor koj bi mozel da bide nadlezen no ne uspeav da go dobijam.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |