Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.08.2012, 17:12

Помирувањето поизвесно од изборите

Ќе нема предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе најдат решение за кризата, став на аналитичарите

Горан Адамовски



Предвремени парламентарни избори воопшто не ни се потребни. Гласачите и јавноста се презаситени од постојаните избори, особено што следната година е на дневен ред трката за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе соберат сили да ја надминат кризата. Вака вели м-р Владимир Мисев, претседател на Институтот за демократија од Скопје.

Кому му одговараат предвремени парламентарни избори, кој ќе извлече најголема корист од нив, која е намерата за нови избори, каков епилог може да се очекува, што ако распоредот на силите остане ист и дали воопшто ќе дојде до нив, се дел од прашањата што се наметнаа по судирот во Владата.

„Прво, Груевски рече дека ако ДУИ побара предвремени избори, тогаш тој ќе се согласи со тоа, односно дека ВМРО-ДПМНЕ не гледа некоја причина за одржување на предвремени избори, бидејќи оваа влада има мандат уште три години“, вели професорот Ѓорѓи Спасов.

Тој оцени дека клучот е во ДУИ. Од партијата на Ахмети може да решат да не гласаат за Законот за правата на бранителите и да ја напуштат Владата, а може и да му соопштат на Груевски дека ако не бидат прифатени нивните предлози, тогаш ќе се приклучат на некоја од иницијативите за гласење недоверба во Владата.

„Ако на Владата и' биде изгласана недоверба со гласовите на ДУИ, тогаш се отвора простор за создавање на ново парламентарано мнозинство и нова влада. ДУИ може да му соопшти на Груевски дека новата Влада ќе ги организира и спроведе изборите. Оттука, ако предвремените избори ги распише оваа Влада и ги спроведуваат од позиција на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе имаат предност. Но, ако ДУИ му соопшти на Груевски дека може со своите гласови за три дена да го стави во опозиција, тогаш Груевски, без оглед на патриотските изјави, ќе размисли сериозно“, вели Спасов.

Според овој аналитичар, поранешен дипломат и ветеран на левицата, на опозицијата многу повеќе и' е во интерес изборите да ги организира нова влада.

Но, прашање е и дали опозицијата има сила да формира ново парламентарно мнозинство и нова влада, и доколку тоа се случи дали тогаш воопшто ќе сака да се одржат избори?

„Сепак, јас лично не верувам дека оваа криза во владината коалиција ќе води кон нови избори. Повеќе може да се очекува двете страни набргу да изразат жалење и да соопштат дека седнале да се договорат за дел од правата на бранителите да им се дадат и на борците на ОНА, со некоја формулација дека и тие се бранители, бидејќи го одбраниле она за што тие и нивните команданти се бореле“, констатира професорот.

Неговиот заклучок дека нема да има избори, е прогноза и на аналитичарот Мисев. Тој смета дека Груевски и Ахмети ќе најдат начин да ја решат политичката криза.

„Јавноста и гласачите се презаситени од избори и од кампањи, а работите треба да се гледаат и од аспект на меѓународната заедница, која сигурно нема да биде благонаклонета кон евентуалните избори. Не гледам потреба да има избори, ниту, пак, гледам сериозна политичка криза, која би можела да се разреши со распишување избори“, вели Мисев.


Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар



Црвенко��ски не им верува на „солзите“ на Бесими
Тачи застана на страната на ДУИ
Јанкулоска
Тивкиот министер ја потресе Владата
ДУИ не попушта - бара права и за ОНА



do Gjorgji, 24.08.2012 17:48:03
Ti si imal bujna fantazija.Sakas da ima osven za branitelite i za ONA da ima nesto bidejki za tebe i tie se braniteli.BOG DA CUVA od lugje kako Spasov.Tie od ONA ne bea braniteli,tuku agresori.Neka ti kaze nekoj ili neka ti nacrta nekoj ako se uste ne razbiras.Na teroristite nema da im se dade nisto od ona sto ke go dobijat branitelite.
od prilepcanec, 24.08.2012 21:51:55
pa sekako cese dogovorat cesi dobijat toa sto sakaat a obicniot graganin i ova cego progolta kako bozemtoa bilo neizbezno ovie kavgi megu niv se samo zalazuvajne narode makedonski osvestise od lagive vmrovski

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Можете ли да поверувате дека до 2050-та година Нигерија и Египет економски ќе ја престигнат Германија? А кои ли ќе бидат...
Покриени пред и зад камерите
Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен...
(ФОТО) „Гринпис“ повторно протестира на Арктикот
Ова е веќе втор обид на „зелените„ во последните три дена да го насочат вниманието кон проблемот со експлоатацијата на п...
Пронајдени коски од досега непознат вид на диносаурус на југот од Франција
Во близината на Екс-ан-Прованс на југот од Франција се пронајдени остатоци од досега непознат вид на диносаурус, наречен...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |