03.10.2012, 10:19 Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
На поранешниот боксерски шампион му е поништена претходно одобрената виза и нема да може да го одржи планираниот говор на добротворната вечера
Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Мајк Тајсон нема да може да го одржи планираниот говор на добротворната вечера во Нов Зеланд затоа што таа земја му ја поништено претходно одобрената виза.
Групата за борба против насислство над жените бурно реагираше на веста дека осудениот силувач ќе го посети Окланд наредниот месец, а против неговото доаѓање беше и премиерот Џон Кеј.
После овие негодувања, новозеландската власт одлучи да ја повлече одобрената виза на Тајсон, кој во 1992 година беше осуден на шест години затвор поради силување на 18-годишната Дезире Вашингтон.
Законот на Нов Зелан забранува влез во земјата на кој било кој служел затворска казна подолго од пет години.
Тајсон во Нов Зелан планираше да одржи мотивациски говор на една добротворна вечера, а организаторите сметале дека неговото појавува ќе придонесе за поголем одѕив. |