Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
03.10.2012, 12:43

Новите германски филмови го окупираат Скопје



Вечерва во „Милениум“, со филмот „Прозорец кон летото“, почнува 8. фестивал „Недела на новиот германски филм“

Жанровска разновидност и стандардизиран германски квалитет се карактеристиките и на годинашното издание на фестивалот „Недела на новиот германски филм“, кој од вечерва до 28 октомври ќе се одржува во кината „Милениум“ и „Фросина“. Годинашното осмо издание, како што велат организаторите, ќе понуди прогресивни, модерни и актуелни филмови на германската кинематографија, која се смета за една од водечките во Европа.

Фест��валот почнува денеска, кога во киното „Милениум“ во 20 часот ќе биде прикажана драмата „Прозорец кон летото“ во режија на Хендрик Хандлектен, филм за кој критиката ќе каже дека е една од најоригиналните германски продукции годинава, или „успешна акробатска точка со кремот на германски актери“.

До крајот на фестивалот, љубителите на филмот ќе можат да погледнат околу 15 филма со жанровско шаренило, меѓу нив и документарци снимени во Македонија, кратки наградени филмови, а првпат ќе се прикажат и два филма во 3Д-техника, наменети за најмладите. Годинава, освен во Скопје, филмовите од фестивалот ќе се прикажуваат и во уште седум града во Македонија, во Тетово, Кавадарци, Велес, Струмица, Прилеп, Битола и Штип.

„Наша задача е да ви понудиме интересна програма. Изминатите седум години избиравме мото на фестивалот, но годинава тоа е разновидноста на програмата. Повторно се содржани три комедии, а едната од нив е ’Машки срца... и голема љубов‘ во режија на Симон Верховен, филм кој ги наполни киносалите низ Германија. Но, го издвојувам и трагикомичниот ’Три-четврт месечина‘ на Кристијан Циберт, затоа што е снимен во Нинберг, град кој е збратимен со Скопје. Всушност, секоја година сакаме да најдеме некаква врска со Македонија, па така некои делови од филмот ’Среќа‘ на пример, се снимени во Битола. Потоа, документарните филмови ’Во потрага по рисот‘ и ’Пеликаните од Преспанското Езеро‘ се исто така снимени во Македонија“, рече Франк Штесел, аташе за култура во германската амбасада. Тој додаде дека програмата во целост е мошне интересна, издвојувајќи го и филмот „Хорот на Томас“, музички документарец за еден хор кој постои 800 години, како и филмовите од жанрот на научната фантастика, но и филмовите за најмладите во 3Д-техника - „Големиот поход на Вики“ и „Конференција на животните“.

„Се обидовме да сервираме една добра трпеза. Се надеваме дека ќе им се допадне на македонските љубители на филмот, но и дека ќе се зголеми бројот на гледачите“, рече Штесел.

Филмот на отворањето, како и детските филмови, ќе се прикажат во киното „Милениум“, додека останатите во киното „Фросина“. Организатори на фестивалот се амбасадата на Германија во Скопје и Прокредит банка. (Т.И.)


Статијата е прочитана 514 пати.

Испрати коментар



Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |