Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
03.10.2012, 15:20

Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“



Фестивалот вечерва во Кинотека ќе стартува со мултимедиумската инсталација „7к: њу лајф форм“ на словенечката уметница Саша Спачал и настапот на Саше Пуцковски со својот соло-аудиовизуелен проект „Ноиту“

Уникатниот ритам на Германецот Гунар Вендел, алијас Касем Мосе, и мрачниот повеќеслоен електронски ритам на проектот „Анстам“, исто така од Германија, ќе го обележат четвртото издание на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност „Десонанз“ што ќе се одржува од вечерва до 6 октомври годинава.

Фестивалот вечерва ќе стартува со мултимедиумската инсталација „7к: њу лајф форм“ на словенечката уметница Саша Спачал, која открива еден уникатен техно-екосистем, населен со растителни и микроскопски организми. Интерактивната инсталација ќе биде прикажана во Кинотеката на Македонија, а по неа ќе настапи Саше Пуцковски со својот соло-аудиовизуелен проект „Ноиту“.



Утревечер фестивалот ќе ги однесе посетителите на аудиовизуелното патување „Сиренс“, кое ќе се одржи во Македонскиот народен театар, на артистите Нови Сад и Ријоичи Курокава, кое, всушност, претставува реакција на економските колапси. Потоа ќе настапи македонскиот електронски артист Гоце Глигуровски, кој настапува под псевдонимот Мнемоник 45.

Во петок и сабота „Десонанз“ продолжува во клубот „Хавана“, каде што ќе обедини повеќе германски електронски музичари, како и домашни диџеи. Покрај Касем Мосе и „Анстам“, пред скопската публика ќе настапат и домашните состави „Херцел и Геновева“, „01 плант“, како и диџеите Мартчин и Хаде.



На последниот фестивалски ден во Кинотеката на Македонија ќе се одржи предавањето „Берлин - меѓу дрвени шупи и стартап-раскош“, а ќе настапи и Германецот Саша Кеш алијас диџеј Блид.

Влезот на првиот фестивалски ден е бесплатен, додека билетите за „Сиренс“ во МНТ ќе може да се купат на билетарницата на театарот по цена од 150 денари. Влезниците за музичките вечери во „Хавана“ ќе чинат 200 денари во претпродажба и 300 денари на вратата во клубот. (Н.Б.)


Статијата е прочитана 195 пати.

Испрати коментар



Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
Новите германски филмови го окупираат Скопје
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци ��д книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |