Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
03.10.2012, 15:28

Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија

Иако без визуелна раскошност, препознатлива за класичните опери, обновенета „Лучија од Ламермур“ донесе свежина и во овој контекст

Ана Дурловски е вистинска оперска дива. Ако во нејзината прва Лучија блескаше на нашата сцена во 2000 година со својата младешка енергија, тогаш откривајќи ни го и својот прекрасен колоратурен сопран, денес во нејзината Лучија таа воодушевува со зрелоста, сензуалноста, моќта за привлечност. Вчеравечер, во преполната сала на Македонската опера и балет, Ана Дурловски повторно измами воздишки, овации и силни аплаузи запечатувајќи ја оваа ролја во опера��а „Лучија од Ламермур“ на Доницети, како свое најдобро досегашно достигнување во кариерата, или како што и самата ќе каже, како улога која е веќе нејзин знак на препознавање.

Ана Дурловски, всушност, и во вчерашната новообновена изведба на „Лучија од Ламермур“, и' го даде сјајот на операта на италијанскиот композитор, не случајно наречен „генијален мелодичар“, и таа без сомнение треба да остане на редовниот репертоар на нашата куќа. Македонската сопранистка која својата кариера годиниве наназад ја гради на европските сцени, и сосема заслужено се кити со награди за најдобра оперска певица на годината, гордо на плешки ја носеше сета тежина на комплексната, романтичарска, мелодична приказна за која е неопходна совршена техника, виртуозност, но и актерска, па и животна зрелост. Препознатливи се нејзините „славјески“ летови во висините на нејзиниот глас кои мамеа аплаузи на отворена сцена, особено во ариите.

Но, се разбира, успехот во целост се должеше и на влогот и умешноста и на останатите пејачи, Борис Трајанов како Енрико и Владимир Саздовски како Рајмондо, но особено на нејзиниот партнер на сцената, гостинот од Аргентина, тенорот Пабло Караман, кој го играше Едгардо и со кого оствари успешна комуникација. Двајцата дишеа соединети во единствената, но трагична љубов која е средиште на приказната, пленеа во вокалните дуети сликајќи ги и верно карактеристиките на своите ликови.

Иако без сценски гламур, односно визуелна раскошност препознатлива за класичните опери, обновената „Лучија“ донесе свежина и во овој контекст. Минималистичката сценографија на Лев Пулиезе од Италија, во која огледалото на средината ги претставува двете страни на човештвото, доброто и злото, но и неговата едноставна режиска концепција користејќи малку од алатките, но доволно за неопходната динамика, и секако костимите на Марија Пупучевска вклопени во севкупната замисла, се разбира и топлината на оркестарот предводен од маестро Алесандро Дагостини кој ги потенцираше драмските контрасти, како и специфичните за ова дело меки лирски мелодични слики, создаде да посакаме да ја видиме „Лучија од Ламермур“ повторно. Всушност, оваа поставка го постигнува она кон што и самиот Доницети тежнеел - со едноставни средства да се достигне силата на драмскиот интензитет. (Т.И.)


Статијата е прочитана 571 пати.

Испрати коментар



Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
Новите германски филмови го окупираат Скопје
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |