05.12.2012, 15:55 Грција ја отфрли препораката на Филе
Атина потврди дека за неа не е спорно само името на државата, туку и името на јазикот, граѓаните, па и на македонските производи
Атина - Грција ќе инсистира името да се реши пред Македонија да почне преговори со Европската унија. Ова го истакна заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Куркулас, во ТВ-дебата за грчката надворешна политика. Куркулас посочи дека препораката на Европската комисија за почнување преговори со Македонија и решавање на спорот за името паралелно со пристапните преговори не е нешто ново, но е нешто на кое Грција се противи и не го прифаќа.
Според него, успех на грчката дипломатија е што Европскиот парламент ја изгласал резолуцијата на европратеничката Марилена Копа билатералните прашања да се решат пред отпочнувањето на пре��овори со Унијата.
„Не само парламентот, туку и Комисијата, која иако не се согласува со нашата позиција, појасни дека името треба да се реши во раната фаза на преговорите. Ние ќе инсистираме на ова“, истакна Куркулас.
На прашањата дали спорот со Македонија е само за името на државата или, пак, се однесува и на именувањето на јазикот, на македонските национални производи и дали граѓаните ќе се именуваат Македонци дури и ако биде прифатено име Северна Македонија, јасно одговори дека не се работи само за името на државата.
„Името е тема на преговорите во Обединетите нации со медијаторот Метју Нимиц. Покрај името на државата постојат и други проблеми. Името на јазикот, придавки и географски одредници“, одговори тој, додавајќи дека постои прашање и за тоа каква придавка ќе се користи за граѓаните.
„Не прифаќаме да се користат термини македонски, македонска, македонско“, додаде Куркулас. Потенцираше дека Грција инсистира на име за ерга омнес употреба, односно име за севкупна употреба, како и дека реагираат кога ќе забележат користење на термини кои не се во согласност со привремената референца.
Професорот по европско право на Универзитетот во Тракија, Григориос Евангелос Калаврос, посочи дека доколку немало инсистирање од македонска страна паралелно со името да се признае и национален идентитет, спорот веќе ќе бил решен. Според Калаврос, Грција треба да направи чекор и да се обиде да и' пристапи на Бугарија за македонско-грчкиот проблем за името, затоа што според него Грција и Бугарија имаат заеднички интереси за ова прашање.
На предлогот на Калаврос, заменик-министерот Куркулас посочи дека веќе имало трилатерална средба на Грција, Бугарија и Романија во Софија. Заклучокот од средбата на тројцата шефови на дипломатии бил дека Бугарија веќе ја сменила својата политика во Брисел кон Македонија. (М.П.)
|
Статијата е прочитана 4448 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| Грција демонстрира нервоза во Брисел | Косово ќе испрати амбасадор во Белград | Премиерот не истрчува пред заклучоците од Брисел | Груевски не попушта за плаќањето според ефикасност | Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика | Шест жртви од невремето на Балканот | Забрана за движење на товарни возила на Стража | Отворен тендер за концесионер за трамвајот | Неодговорно е да се лицитира со името | СДСМ - ЕЛЕМ и МЕПСО да инвестираат во енергетски капацитети | Електронски лиценци за транспортери и градежници | На Попова Шапка половина метар снег | Запленет хероин вреден 100.000 евра | Тројца повредени на наплатната рампа Желино | Странците полесно ќе купуваат недвижнини | Снегот најавува богата зимска туристичка сезона | „Та Неа“ - Отворена врата за Скопје, но под услови | Морси ја повлече декларацијата, но не се откажува од референдумот | Монти си оди, Берлускони се враќа | Земјотрес во Струшко | Парламентарни избори во Романија | Сараќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата | Лекарите се собраа на протест пред Владата | СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи | ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала | Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“ | Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет | Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името | Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија | Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати | Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски | Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел | ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник | Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент | Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски | Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари | Смирувачка средба пред европскиот самит | СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања | Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна | ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите | Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути | Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ | Јавната администрација најподложна на корупција | Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук | Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас | Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија | Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства | Украинската Влада измамена од лажен инвеститор | Грција не е подготвена на компромис за името | Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор | Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите | Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“ | Бопа зеде 540 жртви на Филипини | Арифи очекува креативно решение од ЕУ | Почнува изградбата на „Јужен тек“ | Египет на нозе, Морси бара национален дијалог | Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол | Грција стави рампа за „македонски“ | Нов командир на чело на битолската полиција | НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот | (ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција | Се поставува новогодишната елка | (ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето | Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите | Тачи ќе се повлече пред Харадинај | Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“ | Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО | Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“ | Македонија заглави во Брисел | „е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет | Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името | Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница | Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала | МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“ | Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево | Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си | Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил | Србија ја намалува соработката со Хаг | Седмооделенки се затруле со дијазепам | Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска | (ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар | Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија | Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид | Обама пак највлијателен во светот | Македонската група во Конгресот со нов член | (ФОТО) Морси под опсада | Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна | Големи смени во битолската полиција | Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци | Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри | Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија | Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО | ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија | СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата | СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство | Македонија останува во Авганистан и по 2014 година | Пченката што ја јадеме не е токсична | Штрајк „да“, но по правила | Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија | Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013 | Пронајдена нова масовна гробница во БиХ | На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија | Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа | Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“ | Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат | Ѓукановиќ - Не сум крал Никола | Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти | Укината забраната за тешки товарни возила на Стража | Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини | (ФОТО) Најмалку 230 жртви од тајфунот Бофа на Филипините | Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО | Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел | Харадинај се подготвува за премиерската фотеља | Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот | Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар |
|
Stojko, 05.12.2012 17:19:40 | Доколку Грците цврсто стојат зад овие црвени линии, тогаш треба јасно да се каже дека прегпвотите се прекинуваат на неопределно време. Арно ама одма ујка Сем ќе ги крене на нозе своите балкански измеќари и ете ти пак проблем... |
| Kultiviran Balkanec, 05.12.2012 17:20:16 | Grujo, sega koga vekje e se jasno, mozhesh da podignesh ushte eden spomenik na Aleksandar Veliki, ama sega vo blizinata na grchkata granica i neka gleda prema Grcija, pa neka puknat grcite od maka, vazhen e tovojot rejting, a za drugoto ima vreme. |
| petkovski, 05.12.2012 17:52:29 | Nepojmliva drskost nekoj da nas makedoncite ni osporuva kako da si go narekuvame jazikot drzavata i slicno. Ocigledno vakvi nesta se mozni vo EU (pa duri i se toleriraat od EU) pa kaj mene se nametnuva ednostavnoto prasanje: Sto barame nie vo evropska zaednica? Jas licno ne gledam nikakva pricina za priklucuvanje kon ovaa institucija koja (dokolku nie bi pristapile vo nea) i onaka losata situacija na Makedonija uste povekje bi ja vlosila.
Sramen proces od strana na drzava ispod juznata granica na makedonija i uste posramen odnos na evropskata zaednica kon ova prasanje. Nie sme makedonci, nasata drzava se vika Makedonija i nasiot jazik e Makedonski bez razlika na toa dali nekomu toa mu se dopagja ili ne! |
| некој, 05.12.2012 18:06:43 | Веднаш да реагираат нашите лидери, дека за име на јазик и идентификација на припадност НЕМА ШАНСА никогаш да се преговара.Во ИМЕТО на НАРОДОТ , доколку го сакаат својот народ , да седнат заедно сите партии од Македонија и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и сите други поголеми политички партии, па и партиите и на Абланците, да изгласаат една декларација за нашите црвени линии и да бидат сите на чисто за што се преговара , а за што не, тоа сето јавно да се каже и кај нас на нашата јавност , а и до цел свет ,нема за што да се тае и крие . |
| Mark, 05.12.2012 18:17:41 | Vi kaza cicko Mark uste pred dva meseci - NEMA DATUM ZA PREGOVORI VO DEKEMVRI! Ama rekol Popovski vaka, File onaka, Hovit sakal, Makovej uste poveke, site rekle deka zasluzuvame?!? A site tie znaele sto ke bide..E aj sega da gi vidam *tenderusite* od DUI - kako ke go pravdaat ponatamosnoto ostanuvanje vo skutot na Gruevski - ili i tie ke pocnat da bleat: Braanko e kriiiv za seee!?? |
| пријател, 05.12.2012 18:20:46 | Дали уште некому не му е јасен проблемот кој Советот за безбедност го означи како „разлики околу името Македонија“?Постоела античка Македонија и денешна Р.Македонија.Треба да се најде начин да се направи разлика помеѓу едната и другата,т.е. да се покаже дека Р.М.нема никаква врска со ант.Македонија и дека РМ не е наследничка на ант.Македонија и на нејзината територија.Постоеле ант.Македонци и денешни Македонци.Треба да се направи разлика помеѓу нив,т.е. да се покаже дека денешните Македонци немаат никаква врска со ант.Македонци и дека не се потомци на ант.Македонци и на нивната историја.И најважно,дека територијата Македонија не е етничка територија само на денешните Македонци,туку територија на која живеат три различни нации во свои држави-РМ,Бугарија и Грција.Советот за безбедност не дозволи само една од тие три држ.да го носи името на целата територија.Како да се реши ова зависи најмногу од нашата влада. |
| Prijatel, 05.12.2012 18:29:17 | Dobro e shto kumovive (Grcija, Bigarija i Romanija) se koordiniraat po ova prashanje, belki ke se slozhat megju sebe koe ime da ni go dadat, pa posle toa neka se slozhat veke ednash i chija e Makedonija, pa posle ke im kazhe i Vlade shoferot chija e... |
| Bogomil(ec), 05.12.2012 19:03:53 | Ставот на Грција не е веќе ирационален, туку фашизоиден. Доколку Брисел и натаму продолжува да ја толерира ова ступидна логика на Атина, тогаш веќе станува очигледно дека на Македонија не и преостанува ништо друго, освен на ЕУ да и ги врати сите оние тони хартија од критериуми, задачи, програми, проекти, условувања, со образложение дека ваквиот едностран и еднонасочен притисок кон земјава е илузорен, брутален и срамен чин, незапамтен во историјата на планетарната цивилизација. Грција отворено работи за национално обезличување, до исчезнување на Македонеците како нацио и на македонската држава. |
| pameten, 05.12.2012 21:12:22 | Se ushte postoi shansa da se potpishe dogovor za prijatelstvo i strateshko partnerstvo so Bugarija. Togash taa cvrsto kje se objavi protiv menuvanje na imeto na Makedonija, a imenuvanjeto Makedonci i Makedonski da ostane za sovremeniot Makedonski narod i jazik, koi shto se formirale vo 20 vek. Togash celata Evropska i svetska javnost kje izvrshi pritisok vrz Grcija da se zadovoli so dogovor za prijatelstvo, vo koj shto Makedonija jasno i glasno se odkazhe od kakvi da bilo pretenzii deka e naslednik na Antichkite Makedonci. Kako podarok mozhe da im gi dademe site statui na Filip, Aleksandar i Olimpija. |
| pile, 05.12.2012 22:01:43 | Dokolku izjavite na zamenik ministerot za nadvoresni raboti na sosedna Grcija se verodostojni ,diplomatijata na Republika Makedonija treba da prevzeme cekori za soodvetna diplomatska reakcija deka takvite izjavi ne vlijaat pozitivno na dobrososedskite odnosi pomegju dvete sosedni zemji.Kako i istite go potvrduvaat stavot deka predlog memorandumot e vsusnost predlog revizija na VS od 1995 godina so skraten opseg na vlijanie na nivo na EU.Dosieto, so vakvi izjavi od oficijalni lica od sosedna Grcija so odgovorite na diplomatskite reakcii od strana na R.Makedonija,treba da se polni kako dokaz za izleguvanje od ramkata na razgovorite predvideni so VS od 1995 godina so sto pred megjunarodnite institucii ke se nastapi so nekonstruktivnite priodi kon problemot od strana na sosedot, odnosno provokacii zaradi razgovor a ne razgovor zaradi resenie.Sosedna Grcija ima seriozni ekonomski problemi sto neznaci deka mozje da si dozvoli i nekonstruktivnost za taka cuvstvitelen regionalen problem. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -3°C
Слаби снежни врнежи
|
Недела
Ведро
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|