05.12.2012, 12:13 Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Во болница во Бејрут денеска почина патријархот на Антиохија и целиот Исток, Игнатиј Четврти. Деведесет и две годишниот патријарх вчера бил примен во болница, откако претрпел мозочен удар.
Игнатиј Четврти беше патријарх на Антиохиската православна црква од 1979 година, а неговата резиденција се наоѓаше во Дамаск.
Според преданието Антиохиската црква е основана од апостолите Петар и Павле. Таа е една од 14-те автокефални цркви во Источното православие, која обеднува милиони верници, претежно христијани од Сирија, но исто така и од Либан, Ирак, Кувајт и од неколку епархии во Европа, Африка и Америка.
Сириската христијанска заедница брои околу 1,8 милиони лица и таа се дистанцира од бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад.
|