05.12.2012, 14:04 Пченката што ја јадеме не е токсична
Агенцијата за храна и ветеринарство ја испитува пченката која се употребува за човечка исхрана, за присуство на афлатоксини, кои биле регистрирани во српска пченка извезена во Италија.
„Мострите од пченката за човечка исхрана се веќе земени. Првите резултати од анализите се очекуваат в петок“, информираше директорот на Агенцијата, Дејан Рунтевски. Тој посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство нема идентификувано во досегашните контроли присуство на афлатоксини во пченката која се користи во нашата земја. Во меѓувреме, според Рунтевски, се преземаат интензивни мерки за надзор на пченката што доаѓа од Србија и се засилуваат и контролите. (С.Н.)
|