05.12.2012, 10:05 Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
На состанокот ќе бидат разменети мислења за натамошните активности и улогата на НАТО во Авганистан по 2014 година
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Брисел во седиштето на НАТО, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата и земјите учеснички во ИСАФ.
Како што соопшти МНР, на состанокот ќе бидат разменети мислења за натамошните активности и улогата на НАТО во Авганистан по 2014 година, во контекст на трајното партнерство на Алијансата со Авганистан.
Се очекува на маргините на состанокот министерот за надворешни работи Попоски да има повеќе средби со свои колеги.
|