06.12.2012, 16:10 (ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Од тежината на снегот што деновиве падна во градот попушти уште една од само неколкуте гранки што останаа на крошната на неколкувековното стебло. Стариот чинар во Охрид, еден од препознатливите симболи на градот, ја губи битката со годините и елементите. Од тежината на снегот што деновиве падна во градот попушти уште една од само неколкуте гранки што останаа на крошната на неколкувековното стебло.
Она што може да се види на плоштадот „Македонија“ каде се наоѓа Стариот чинар, се само остатоци од некогашниот симбол на градот.
Иако пред десетина години беа преземени мерки за санирање на стеблото, тоа не беше доволно за да се заштити чинарот.
Инаку, Стариот чинар во Охрид пред само дваесеттина години се` уште го имаше це��осниот изглед, со стебло чиј дијаметар во основата беше повеќе од три метри.
Фотографиите од минатото покажуваат дека во самото стебло што беше шупливо уште во турско време имаше маси со столици, засолниште од сонцето наоѓаа граѓаните и патниците намерници што доаѓаа во градот. Иако не постојат документи ниту записи за неговата старост, според димензиите на стеблото во основата се прценува дека чинарот е посаден мошне одамна, се споменуваат дури и десет века.
Во Охрид има уште неколку стари примероци чинар, исто така препознатливи симболи за локалното население, меѓутоа според изгледот тие се далеку помлади од Стариот чинар.
|