05.12.2012, 12:26 Ѓукановиќ: Не сум крал Никола
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека никогаш не сторил нешто што би било на штета на државата, како и дека поради долгогодишното владеење не треба да го споредуваат со кралот Никола.
Ѓукановиќ синоќа на забелешка на еден од лиерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, дека владее долго и на ист начин како кралот Никола, ја негираше таа оценка.
- Не сум крал Никола. Не се гледам себеси така. Благодарам за оваа позитивна споредба, но во никој случај не се гледам себеси така, нагласи Ѓукановиќ.
Тој додаде дека мирно спие и оти е горд на се што досега сработил во својата политичка кариера.
- Се` што работев во минатото подготвен сум во секое време да го појаснам. Секој го носи својот крст, па и јас. Мирно спијам поради тоа што го правев во корист на Црна Гора. Другите нека се запрашаат дали тие можат мирно да спијат, наведе Ѓукановиќ.
Собранието на Црна Гора ја избра синоќа новата Влада, на чие чело по седми пат е Ѓуканови��. |