Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.12.2012, 10:40

Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија синоќа на полноќ го прекинаа состанокот во рамки на Корепер 2 групата токму за време на расправата за точката околу предлогот на Европската комисија за одредување почеток на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино само го претставил предлогот на Комисијата, по што започнало претставување на позициите на земјите-членки во врска со ова прашање. Но, состанокот набргу морало да биде прекинат, бидејќи состанокот на амбасадорите временски преминал во денешниот ден, па Корепер 2 групата ќе продолжи утре во 17 часот.

- Дискусијата околу други точки се одолжи, па токму кога дојде редот на предлогот на ЕК околу вашата земја, амбасадорите мораа да прекинат и ќе продолжат онаму каде што застанаа в петок, истакнаа од Кипарското претседателство со Унијата.

Според нашите информации од состанокот, иако е на високо амбасадорско ниво, тој тешко дека ќе донесе некаков договор во врска со заклучок за Република Македонија за Самитот на Европскиот совет кој на 13 и 14 декември ќе се одржи во Брисел. Ова посебно што мнозинството од шефовите на мисиите на државите од ЕУ се за предлогот на ЕК за одредување датум за пристапни преговори со Македонија, додека Грција и Бугарија засега се против.

Како што претходно не информираше портпаролот на Кипарското претседателство, Никос Христодулидис, наодите од извештајот на Комисијата за Република Македонија веќе се дискутираа на работната група на советот - КОВЕБ, која ги опфаќа земјите од Западен Балкан со кои се уште не се отворени пристапни преговори, заедно со другите делови од пакетот за проширување. Врз основа на овие дискусии, како и на дискусиите кои КОВЕБ ги имаше за драфт-заклучоците подготвени од Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), а кои се во согласност со предлогот на Европската комисија, се очекува Советот за општи прашања на ЕУ на 10 декември да ги договори заклучоците за проширување и за Процесот за стабилизација и асоцијација во рамки на Самитот на ЕС.

Високи дипломатски претставници на некои од земјите-членки на Унијата што инсистираат на анонимност за МИА велат дека најверојатно за судбината на Македонија на годинешниот Самит на Советот ќе биде позната по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Советот за општи работи, а кој ќе се одржи три дена пред Самитот. Но, тие не ја исклучуваат можноста и на ГАК да не може да се постигне консензус околу ова прашање, па во тој случај е можно како во 2005 година, кога Македонија стана земја-кандидат, токму на Самитот на ЕС да одлучуваат премиерите и претседателите на државите.

Општо мислење меѓу дипломатите во Брисел е дека колку повисоко се крева ова прашање, толку е подобро за Македонија, бидејќи тоа значи дека има простор за договор да и се додели почеток на пристапните преговори или барем, според последната понуда на ЕК - почеток на скрининг процесот со отворање на поглавјата 23 и 24. Како седумгодишен кандидат и четири едноподруго позитивни препораки од Комисијата, нема двојби во ЕК и кај мнозинството земји-членки дека Македонија заслужува да добие нешто на преттојниот Самит на ЕС.


Статијата е прочитана 818 пати.


Испрати коментар



Сараќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата
Лекарите се собраа на протест пред Владата
СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи
ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала
Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“
Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет
Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името
Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија
Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел
ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник
Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент
Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски
Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
Смирувачка средба пред европскиот самит
СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања
Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите
Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Јавната администрација најподложна на корупција
Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас
Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија
Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства
Украинската Влада измамена од лажен инвеститор
Грција не е подготвена на компромис за името
Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор
Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите
Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
Бопа зеде 540 жртви на Филипини
Арифи очекува креативно решение од ЕУ
Почнува изградбата на „Јужен тек“
Египет на нозе, Морси бара национален дијалог
Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол
Грција стави рампа за „македонски“
Нов командир на чело на битолската полиција
НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
(ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција
Се поставува новогодишната елка
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите
Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“
Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО
Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Македонија заглави во Брисел
„е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет
Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името
Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала
МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“
Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил
Србија ја намалува соработката со Хаг
Седмооделенки се затруле со дијазепам
Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска
(ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Обама пак највлијателен во светот
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Морси под опсада
Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна
Големи смени во битолската полиција
Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци
Грција ја отфрли препораката на Филе
Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри
Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија
Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО
ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија
СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата
Македонија останува во Авганистан и по 2014 година
СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство
Пченката што ја јадеме не е токсична
Штрајк „да“, но по правила
Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија
Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013
Пронајдена нова масовна гробница во БиХ
На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија
Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа
Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“
Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат
Ѓукановиќ - Не сум крал Никола
Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Укината забраната за тешки товарни возила на Стража
Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини
(ФОТО) Најмалку 230 жртви од тајфунот Бофа на Филипините
Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Харадинај се подготвува за премиерската фотеља
Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот
Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар



Tocka: Diverzno, 06.12.2012 12:52:59
Nie sme tolku vazni, sto sme staveni (kako i sekogas) pod tockata razno ts. diverzno a vie sonuvajte i ponatamu.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |