05.12.2012, 10:09 Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Бранислав Милинковиќ самоубиството го извршил скокајќи од паркингот на аеродромот во Брисел, пред очите на помошникот министер за надворшени работи на Србија, Зоран Вујиќ
Амбасадорот на Србијa во НАТО, Бранислав Милинковиќ, се самоубил синоќа на аеродрoмот во Брисел, објавија српските медиуми. Мотивите за самоубиството се уште не се познати. Милинковиќ самоубиството го извршил скокајќи од паркингот, пред очите на помошникот министер за надворшени работи на Србија, Зоран Вујиќ, одговорен за одделот за безбедносна политика.
Пред да биде назначен за амбасадор во НАТО, Милинковиќ бил амбасадор на Србија и Црна Гора воОБСЕ во Виена, а потоа и специјален пратеник во седиштетот на НАТО, по што во 2009 годи��а беше назначен за амбасадор.
Сопругата на Милинковиќ веста ја дознала во Даблин, од каде веднаш се упатила кон Брисел. Милинковиќ има еден син.
Пред да биде именуван за амбасадор во НАТО др. Бранислав Милинковиќ во Виена ја извршуваше функцијата амбасадор на Србија и Црна Гора во Организациата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а потоа беше специјален пратеник во седишето на НАТО. За амбасадор на Србија во НАТО е назначен на 3 август 2009 година.
|