06.12.2012, 14:41 Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
Лажните баратели на азил не ќе можат да ја напуштат границата и да го злупотребат бевизниот режим. Полицијата веќе го има детектирано можниот профил на лажните баратели на азил, поради што презема мерки да го спречи нивното заминување од земјава на граничните премини, доколку неможат да докажат дека патуваат во странство поради друга причина. Ова е пораката која ја испрати денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по промоцијата на публикацијата „МАРРИ Миграциска анализа 2012“.
Во период кога земјава е притисната од закани за враќање на визите, поради неконтролираниот одлив на азиланти во регионот во земјите на Европската унија, Јанкулоска вели дека МВР и другите надлежни институции интензивно работат на неколку полиња. „Мерките кои ги преземаме се и во делот на анализа и детектирање на проблемот, а спроведуваме и превентивни активности ко�� се насочени кон ранливите групи, со цел да ги запознаеме со суштината на визната либерализација“, вели министерката. Полицијата ги зајакнала и контролите на туристичките агенции и превозниците кои најчесто ги пренесуваат баартелите на азил кон европските дестинации. Се зајакнува и казнената политика за злоупотребата на безвизниот режим.
Во однос на извештајот на Транспаренси интернешенл за 2012 година, во кој Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата, Јанкулоска смета дека тој ги потврдил добрите политики кои ги води земјата во борбата против корупцијата.
„Ако се земе предвид дека овој извештај доаѓа во време на најтешката економска криза, кога и земји како Германија и Словенија бележат пад на листата, тогаш задржувањето на истата позиција од лани има поголемо значење. Македонија, за разлика од соседите, е меѓу најдобро пласираните во оваа област“, смета министерката. (П.Р.)
|