16.02.2012, 16:25 Папуљас: Кој е Шојбле да ја навредува Грција
Грчкиот претседател не можe да прифати да ја навредуваат неговата земја
БРИСЕЛ – Грција стравува дека ќе биде исфрлена од еврозоната откако министрите од земјите-членки на зоната ја одложија одлуката за вториот пакет за спас за уште пет дена. „Ние постојано се соочуваме со нови услови, во евро��оната има многумина кои повеќе не не' сакаат. Таму има некои кои си играат со оган, дома и во странство. Некои си играат со факли, а некои си играат со чкорчиња. Но, ризикот е еднакво голем“, изјави грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос пред новинарите во Атина во средата по тричасовна конференциска врска со неговите 16 колеги од еврозоната. Грчките политичари ветија дека нема да ги поништат намалувањата на трошоците по изборите во април и ќе најдат дополнителни 325 милиони евра за да повлечат од буџетот. Но, шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер изјави дека „дополнителна техничка работа“ е потребна пред министрите да може да потпишат пакет за спас во вредност од 130 милијарди евра, најверојатно в понеделник.
Германија, Финска и Холандија се меѓу првите во барањето посилни гаранции дека Атина ќе ги исполни ветувањата. „Ние треба да бидеме убедени 110 отсто“, изјави еден дипломат за оваа веб-страница по конференциската врска.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во последниве неколку денови користеше остра реторика кон Атина. Во неделата тој за „Ди велт“ изјави дека „ние нема да ставаме пари во дупка без дно“ и дека ако Грција не може да го исплати својот долг еврозоната е „подобро подготвена“ сега отколку пред две години. Во понеделникот тој за „Дер шпигел“ изјави дека Грција треба „привремено да се откаже од дел од својот суверенитет“ ако сака повеќе пари.
Германскиот европарламентарец од редовите на централната десница Елмар Брок во средата изјави дека изборите во Грција треба да бидат одложени за една година за да им се дозволи на технократите да останат на власт. Таквите изјави произведоа силни реакции во Грција. Гркинката - комесар на ЕУ, Марија Даманаки, за „Тагесшпигел“ изјави дека напорите на нејзината земја се потценети „во одредени европски метрополи“.
Германски знамиња се палат на улиците на Атина, додека некои таблоиди ја прикажаа германската канцеларка Ангела Меркел во нацистичка униформа. Во меѓувреме, претседателот Каролос Папуљас на состанокот на воените команданти оваа недела изјави: „Не можам да прифатам дека мојата земја треба да биде навредливо критикувана од Шојбле. Не можам да го прифатам ова како Грк. Кој е Шојбле да ја навредува Грција? Кои се Холанѓаните? Кои се Финците?“ (ЕУ обзервер)
Сакала да се самоубие за да не остане без работа
Поради се' поголемите резови што Грција мора да ги помине за да го намали долгот, државната службеничка Ламброуси Хариклеа најверојатно ќе ја загуби работата. Таа се одлучи на очајнички чин. Се качи на вториот кат од зградата во која е сместена организацијата пред затворање и се закани со самоубиство ако ја загуби работата во таа организација, која поради должничката криза се' повеќе пропаѓа, јавува „Дејли мејл“.
Кога слушна за заканата со самоубиство, грчкиот министер за безбедност Христос Папутсис предупреди дека луѓето се доведени до самиот раб, но и додаде дека грчката влада направила натчовечки напори за ги прифати сите резови, но луѓето едноставно повеќе не можат да издржат. Локалните медиуми информираа дека очајната жена на крајот е одведена на сигурно. Само неколку часови претходно го спасија од самоубиство и нејзиниот сопруг.
|
|
Статијата е прочитана 3034 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.02.2012 02:21:04 | Lepa sela, lepo gore. |
| Tina, 17.02.2012 06:52:56 | Deka e taa uvreda? Verbalna pobuna ne e vojna, nego samo za politikata, vnimavanje.
Ako Grcite mislat da verbalna kritika e podvik na vojna, neka se podsetat kolku Grcki verbalni lagi se pusteni kon Makedonci i nijnoto pravo na sloboda i samostojnost. Edina vojna ke dojde od Politicki nesposobnosti i napaganje na graganite, kao sistem na izbegnuvanje na resenije na problemite. Vojnata vo Palestina e dokaz na bezumni lideri. Bideki pogolema teritorija vo Grcija e Egejska Makedonija, moze prv plamen da pukne bas tamo. Oti ne e Grcko. Razberete? Sekoj zbor e vazen da bide zbor na
mir, i spokoj za site gragani. Site koji terat lazna politika, kraj im doaga. Neka pazat sto zboruvat.
Ako mozat da ja gltnat vistinata. |
| soliter, 17.02.2012 08:17:11 | aj site da se kacime na zgrada i da se zakanuvame deka ke skokneme |
| Dragan, 17.02.2012 10:04:37 | Koj e Sojble?
Ako ne znae seuste Papuljas eve potsetuvanje:
Sojble e covekot sto ja finansira Grcija za da mozat mrzlivite Grci da rabotat do pladne i da zemaat 15 plati godisno!
|
| од мене, 17.02.2012 10:47:19 | До Јован!Ти си сигурно некоја бедна душа чим можеш да се ситиш на туѓата несреќа!ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ................ |
| радост, 17.02.2012 10:54:32 | Никој нормален не се радува на гужви во комшилук затоа што тие можат да дојдат и кај него. Само силното-изгубено македонче се радува... |
| Pirin, 17.02.2012 11:52:04 | koi se tije taka da navreduvaat se prasuva Golemiot Grg, a ne se prasuva koi se tie sto napravija za da do toa dojde i kade otidoa tolku mnogu pari. |
| од некој, 17.02.2012 14:21:55 | им ги намалија платите од 750Еур на 600Еур и ке скокаат ке се самоубиваат. Што да кажеме ние тука кои работиме за 250Еур. па треба да не проголта црна земја. Еееее грци грци си патите од паметот од нисто друго. |
| ГРГ, 17.02.2012 15:22:17 | Пирин , се вели Грк , а не Грг , ќе го научиш тоа кога ќе се запишеш во трето! |
| Курто, 17.02.2012 22:23:10 | А бе ај Грците, ама вие што им се ситите, вас не ве разбирам. Па и со кризата 100 пати се поарни од нас, а колку и да ги мразиме, имаат храброст да излезат и да протестираат, таму нема да и текне на власта контра протести да направи оти се знае како ќе си поминат тие што ќе се обидат да го угушат оправданиот револт на своите сограѓани. |
| lilija, 17.02.2012 22:52:17 | i mene me interesira koj e toj Sojble da im gi zema parite na evropejcite koi cesno gi zarabotile , za da gi spasi tie iskompleksirani Grci. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Магла
|
Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 5°C, Мин: -1°C
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
|