Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Култура
15.03.2009, 17:23

Конечно, оловна купола на Мустафа-пашината џамија

На крајот на март ќе биде распишан и меѓународен тендер за следната фаза на обнова

Катерина Богоева

Големата купола на Мустафа-пашината џамија во Скопје, репрезентативниот споменик на културата од османлискиот период, е препокриена со олово. Подолго време најавуваното препокривање, што требаше да заврши на крајот од минатата година, е дел од започнатиот проект во 2006 година за реставрација и конзервација на џамијата, кој стартуваше по потпишувањето на спогодбата меѓу Националниот конзерваторски центар и Турската агенција за развој и соработка - ТИКА од Анкара.

Трите мали куполи на тремот ќе бидат препокриени во следната фаза, за која на крајот на март ќе биде распишан и меѓународен тендер под водство на ТИКА, а според планираното, треба да опфати и реставрација на шадрванот, зајакнување на фасадните ѕидови и елементите од тремот на џамијата, декорација на нејзината внатрешност и друго.

Националниот конзерваторски центар задолжен за конзерваторски надзор на објектот, како што посочува директорот Бехиџудин Шехапи, ќе ја преземе координацијата на сите планирани активности кои ќе се реализираат околу џамијата во земјава.

„Во текот на февруари бевме во Турција на официјална средба со претставниците на ТИКА и според договореното, реставрацијата и конзервацијата на објектот ќе треба да биде завршена во октомври годинава. Сметам дека веќе нема да има пролонгирање на зацртаните работи и чекор по чекор, џамијата ќе ја добие потребната физиономија“.И во оваа прилика Шахаби посочи, дека досега пролонгирањето на работите надвор од предвидениот термин, биле резултат на недоволната координација на сите фактори вклучени во проектот, и од македонска и од турска страна.


Статијата е прочитана 1100 пати.

Испрати коментар



Бољшој театар може да остане затворен до 2013 година
Запознајте го македонскиот маестро!
Евидентен подем на македонскиот роман
Караваџо - прв мајстор на фотографската техника
15.03.2009, 19:10

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |