15.03.2009, 17:18 Караваџо - прв мајстор на фотографската техника
Најновите истражувања потврдуваат нешто што одамна се претпоставуваше, а тоа е: Караваџо, ранобарокниот италијанскиот сликар од 16 век, навистина би можел да биде првиот мајстор на фотографската техника. Две столетија пред да биде измислена камерата. И досега беше познато дека своето студио го претворал во голема темна комора, правејќи дупка на еден дел низ која на платното прожектирал слики.
Во моментов во Фиренца е објавено ново значајно откритие: „Сигурни сме дека Караваџо прожектирал слики на своите модели, но дури сега на неговите платна пронајдовме живина сол, мошне чувствителен хемиски состав кој денеска се користи за изработка на филм“-вели Роберта Лапучи, шефица на конзерваторското одделение на фирентинскиот институт.
Особено е значајно откритието дека идејата за употреба на темната комора, Караваџо ја добил од тогашниот филозоф Џовани Батиста дела Порте, како резултат на неговите истражувања во областа на оптиката. Инаку, техниката за употреба на леќите и стаклото речиси еден век подоцна ги опишал Леонардо да Винчи. (К.Р.) |