Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.01.2013, 18:01

Мислења

Песимизмот на Михаел Ханеке, медиумите и политиката

Аљоша Симјановски

Наспроти катастрофични предвидувања за зајакнување на тоталитаризмите, многубројни се примерите каде што мали анонимни субјекти прават силен продор

Заплиснати од морето информации и наслови од сеприсутната политика често пати ризикуваме да прескокнеме или бегло да разгледаме квалитетни и содржајни новинарски текстови кои се надвор од општата контаминација со дејствата во политичкиот живот. Меѓу тој информациски галиматијас е и интервјуто со австрискиот режисер оскаровец, сценарист, интелектуален колос Михаел Ханеке.

„Толку информации, а не знаеме ништо“, со доза на суптилна резигнација одговара на едно од прашањата.

Новите технологии и презентацијата на политиката од страна на медиумите (според Ханеке) предизвикуваат огромна штета кај луѓето. Медиумите создаваат конфузна свест низ илузија дека навреме ги знаеме сите нешта. Живееме во свет во кој мислиме дека колку што побрзо ги дознаваме нештата сме помоќни и сме во предност пред другите, но всушност, не знаеме апсолутно ништо! И сето ова не' води во ужасен внатрешен конфликт, кој потоа создава напнатост, а таа се претвора во агресија и се создава насилство. Тоа е магичен круг, резимира прославениот синеаст.

Современиот микрочип на мал простор содржи милијарди информации, но проблемот е што информацијата не е сознание, но може да се развие да биде - ете им го одговорот на аналогната генерација песимисти од дигиталците.

Во таа секојдневна „спонтана“ оркестрација на тактилно визуелна наслада што не' обзема доброволно се претвораме во ментален фрактал - случаен придонес во „културата на далечински управувач“. Наместо епистемолошкото прашање „што можам да знам и како да го осознаам светот“, примарна станува онтолошката дилема „кој е овој од световите“.

И така, наспроти првичните катастрофични предвидувања за дезориентациите и зајакнување на тоталитаризмите од секој вид, многубројни се примерите каде што и мали анонимни субјекти прават силен продор и го ползуваат умно демократскиот потенцијал што е скриен во мрежата, се наметнуваат и ги реализираат своите идеи, остварувајќи ги при тоа своите соништа и го претвораат виртуелниот занес во реална придобивка, продукт, пари...

Во современото живеење наслушнуваме за извонредни поединци и „од нашиот сокак“ најчесто во анализите и написите за т.н. одлив на мозоци, кој капирајќи го правовремено потенцијалот на новите информатички технологии и усвојувајќи ја како важен дел од сопствената визија, вртоглаво пораснуваат и се верифицираат како релевантен креативен и потенцијал и со своите успеси не' уверуваат дека за умните вредни и амбициозни постои извесна надеж. Тој своевиден продолжен простор низ кој се движиме според нашите сопствени временски ритмови, е во некоја рака демократска придобивка и стварност која по својот карактер, иако претежно електронска, во нашите стеснети економски услови е вид психолошки баланс. Оваа наизглед цинична мистификација, во суштина е добар показател за правците на општествено-политичкиот ангажман за развивање и демократизирање на овие суптилни сфери на нашата реалност на кои мора да и' се пријде со полна сериозност.

Што се однесува до прашањето на фундаментални промени во економијата и во глобалниот општествен поредок, се' поизвесна и поприфатлива е тезата дека можеби во постинформатичкото општество се можни утопиите од типот социјализам, социјалната правда, еднаквост. Тоа што во историската перспектива и развој превасходно имаше третман на економски поими и параметри, во ерата на апсолутна медијализација и силен технолошкиот подем, во амбиент во кој индивидуата без оглед дали припаѓа на мали или големи народи, добива еднаква информациска вредносна супстанца и подеднаква шанса за сопствен квалитетен развој и надградба и понатаму за креативна и квалитетна репродукција и интеграција во креативните светските економски текови.

И додека скептиците, меѓу кои и почитуваниот синеаст Ханеке, во поглед на распределбата на информациските добра очекуваат повторна груба експлоатација на економските и човечки ресурси, ентузијастите и оптимистите предвидуваат и очекуваат подобри денови и ризоматско поткопување на структурите на моќта и вистинско демократско глобално село на интернет.

И за крај уште една во морето информации. Филмот „Љубов“ на режисерот Михаел Ханеке, кој говори за пар во поо��минати години кои се соочуваат со тешка болест е прогласен за најдобар филм, според оцените на американското Национално здружение на филмски критичари.

(Авторот е публицист и режисер)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 699 пати.


Испрати коментар



Писма - Македонија е вечна, дали и народот македонски?
Криза и трансформација
Рибата наречена Македонија
Бољшој покрај Вардар



pisatel, 14.01.2013 09:30:26
Haneke vo svojot prvonagraden film go prikazza embrionalniot razvoj na nacizmot.Mladi i nevini deca koi prerasnuvaat vo mladi sledbenici na Hitler, preku vospitno-religioznite metodi na vozrasnite.Bi bilo interesno preku ovoj film da se napravi paralela so denessnite sluccuvanja vo MK sekako zemajkji vo obzir deka osven ssto imame mediumi, nie sme seusste na nivoto na zzitelite od seloto vo Belata pandelka.
Европа, 14.01.2013 15:43:12
Не можам а да не ја изразам разочараноста од статиите на авторот, кој со неоспорни интелектуални и културни капацитети си дозволи да се откаже од светата должност на секој Македонец, Европеец и граѓанин на светот да направи се за да се одржи достоинството, креативноста и создавањето на трајните вредности.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |