Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.01.2013, 17:54

Мислења

Рибата наречена Македонија

Арсим Зеколи

Освен изборот на приоритети и несреќно срочените формулации, клучниот гаф во соопштението на ЕУ и САД е во редоследот на пораките

„Рибо“ рече стариот рибар, „ти и онака ќе умреш. Мораш ли и мене да ме убиеш?“

„Старецот и морето“, Ернест Хемингвеј

И онака богатата палета примери на регионални „веќе видени“ сценарија, деновиве по се' судејќи се надополни со најновото, овој пат домашно, издание на операции изведени во обид за протнување големи игри низ иглени уши. Барем такво е чувството кое се наметнува додека се чита изјавата на претставниците на ЕУ и САД во врска со бојкотот на опозицијата и нападано ублажената порака упатена до Владата. Наместо да придонесе кон поттикнување разрешница на домашната се' позамрсена ситуација, писмото стана приказна за себе и инспирација за додавање уште еден слој на збунетост и хаотичност во јавноста.

Настрана диференцијалните специфичности, сепак контекстот, приодот па дури и вокабуларот користен во изјавата неумоливо потсетува на минатогодишната координирана акција на меѓународната заедница за наметнување на таканаречената Косово фуснота, со цел обезбедување пристап и учество на Приштина во регионални институции и средби. И покрај добронамерните мотиви, таквиот пристап на крај предизвика повеќе штета отколку корист, подривајќи ја довербата на тамошната јавност во владата на Хашим Тачи, но и ставовите на меѓународните претставници.

Од таа причина, без никаква малициозност или злонамерност кон прокламираните потписници, сепак би си ја земал слободата да кажам дека духот на пораката неодоливо потсетува на веќе познатиот модус операнди на добро познатите Филип Рикер и Штефан Филе, кои и онака се директно претпоставените шефови на сегашните овдешните претставници на ЕУ и САД. Без чии инструкции, и потпис, изјавата не би можела ниту да биде објавена.

Во секој случај, еден површен поглед врз изјавата и редоследот на потписниците укажува на приматот кој САД се' уште им го даваат на ЕУ во односот кон Македонија и спорот со името. Во првиот параграф се подвлекува значењето на приоритетите за меѓународната заедница и страничните настани кои „го одвлекуваат вниманието од стратешките приоритети на земјата“, давајќи до знаење дека демократските процеси и правила, барем во овој момент, се од второстепена важност.

Настрана изборот на приоритети и несреќно срочените формулации, клучниот гаф на изјавата на ЕУ и САД е во редоследот на пораките. По правило на логиката и меѓу-институционална комуникација (потписниците се претставници на владите, а не на нивните законодавни тела или тамошни опозиции) вториот параграф би требало да се адресира кон Владата, додека пак пораките кон опозицијата би требало да се најдат во третиот параграф. Тој мал, но сепак значајно разместен детал, би влијаел на поизбалансирано читање на пораките, подвлекувајќи ја приоритетната одговорност на Владата за превземање првичен чекор кон опозицијата, и последователната обврзувачка и соодветна реакција на опозицијата.

Иако во суштина точни и без никакво сомнение добронамерни, повиците за фокусирање врз големата слика и пожртвуваност во име на доброто на земјата и нејзината иднина, после вака срочениот пристап се во добра мерка ставени под лупа на сомнеж. Од причина што по кој знае кој пат, жртвата повторно треба да се поднесе од граѓаните, опозицијата, медиумите, невладиниот сектор, но никогаш и под никаков услов од Владата и владејачките партии. Таквиот однос несомнено раѓа критични реакции за константната политика на манипулација и инструментализација на спорот со името со цел на цементирање на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Започнувајќи од мораториумот врз етничките (албански) прашања, затворањето на медиумите, отворениот прогон на инакумислечките институции и личности, па до кулминацијата со физичка елиминација на опозицијата од Собранието. Односот на меѓународната заедница преку замижување, премолчено прифаќање и минимизирање на политичката агорофобичност на премиерот Груевски веќе сериозно ја подрива довербата на јавноста во мудроста и целисходноста на ставовите на дипломатските бирократии во Брисел и Вашингтон.

Доколку причината за таквиот попустлив однос кон Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи од ДУИ и ДПА е можното ветување за решавање на спорот со името, под услов во земјата да не остане ни маче ни куче кое би писнало и најмало двоумење за финалната одлука, тогаш неминовно се поставува ��рашањето што всушност е прокламираната цел а што прикриената побуда во рашомонијадата околу самиот спор? Дали спорот намерно со пролонгираше со цел на воспоставување на еднопартиска стравовлада, или пак намерно се воспоставува стравовлада за да се реши спорот со името?

Во секој случај, со ваков приод на Владата, цената на спорот со името станува превисока за државата и иднината на нејзините граѓани. Решавање на спорот и последователните интеграции по цена на политички атентат врз опозицијата, понижување на Албанците, замолчени медиуми и престрашена јавност, се' со цел премиерот Груевски, и неговите репликанти од ДУИ и ДПА да се обезбедат дека нема да ја изгубат личната власт, имунитет и благосостојба, не е никаков излез од кризата, туку наглавечко влетување во хаотична состојба на легитимирање на макијавелистичката логика дека целта ги оправдува сите средства, вклучувајќи и насилство. Со таков приод и без оглед на името, на тој толку посакуван пат кон ЕУ и НАТО оваа земја се' повеќе ќе наликува на рибата на Хемингвеј од „Старецот и морето“, радосно уловена на далечните океански бранови, за попат разјадена од ајкули жално да заврши како скелет во пристаништето.

Со решителен тон проткаениот одговор на изјавата, СДСМ несомнено навестува дека наведеното писмо ќе го искористи во своја корист, преку условување на понатамошниот тек на настаните и одлуките поврзани со спорот со името. Одлуката за враќање или бојкот на Собранието може да биде политички мошне лукративен инструмент во полза на опозицијата со која во добра мерка може да ја контролира ситуацијата и ја става Владата во улога на нелагодна неизвесност и исчекување, на која таа секако не е навикната.

Но, успешноста на таквата контрола на понатамошниот тек на настаните е во зависнот од способноста и мудроста на опозицијата и критички настроената јавност да остане и опстои уште поцврсто и уште порешително врз евроатланските определби и навреме се огради и ги отфрли можните антизападни демагогии и провокации. Односот на опозицијата и критичката јавност кон ЕУ и САД ќе бидат своевиден тест на зрелоста и способноста да се направи разлика помеѓу дневната политика и партнерско несогласување од една, и трајната определеност за вредностите на парламентарната демократија, цивилизациското припаѓање кон Европа и сојузништвото со НАТО од друга страна. Колкава и да е моменталната разочараност од минатонеделниот допис, не смее да се заборави дека за разлика од некои други центри на моќ, партнерите во Брисел и Вашингтон можат и да згрешат, од проста причина што тие се' уште сметаат на нас и работат за наше добро.

(Авторот е аналитичар)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2368 пати.


Испрати коментар



Писма - Македонија е вечна, дали и народот македонски?
Криза и трансформација
Песимизмот на Михаел Ханеке, медиумите и политиката
Бољшој покрај Вардар



USA, 14.01.2013 00:56:06
Kakva vrska ima sporot za imeto so celava situacija. Spored Gruevski, sekoj mozen rasplet ke se odviva po pat na referndum i deka toj ke glasa protiv promena na imeto. Znam deka i SDSM konecno se za referendum. Se izjasnil li nekoj od niv po ova prasanje? Ili ke go prifatat sekoe resenie sto VMRO-DPMNE ke go dogovori (so medjunarodnata se razbira sto opozicijata tolku ja delegimatizira posle nivniot povik). Besmisleno, NELI.
cane toronto, 14.01.2013 01:09:05
Blagodaram gospodineZekoli za prekrasnata, obmislenata, analitickata, inteligentnata kolumna koi samo VIE mozete da ja napisete! Ne znam sto bi dodal na ova. Ne mozam nisto da kazam za da pariram. Se setiv doduse na ovie zborovi od Kurt Vonnegut Jr. koi imaat nekoja analogija: I se setiv na Chetirinaesteta Kniga od Bokonon koja celosno ja prochitav prethodnata nok . Chetirinaesteta kniga e so naslov - Sto moze seriozen covek da se nadeva zemajki go vo predvid iskustvoto od prethodnite milion godini. Ne treba dolgo da se procita ovaa kniga. Ima eden zbor i tocka! Toa e toa: NISTO!
Donka, 14.01.2013 05:53:45
Pozdrav !
Miki, 14.01.2013 09:22:01
Odlicna, prodlabocena i elokventna, ne etnicka tuku gragjanska i patriotska analiza! Nema mnogu sto da se dodade osven da se potencira deka Amerite kolku i da imaat makijavelisticki priod vo resavanjeto na sostojbite tie vo sekoj moment go monitoriraat razvojot na situacijata. I ako sogledaat deka ovde i pokraj recisi fasistickiot pritisok sepak demokratskata javnost go kreva glasot - i toa kako moze da go smenat odnesuvanjeto! Prvo za da ne dojde do nemiri koi dramaticno mozat da im ja narusat agendata i vtoro - pa zar mislite deka cel im e da sozdadat trajno uste eden malecok Lukasenko??
jovan, 14.01.2013 09:24:49
Pogresno e mislenjeto deka *zapadot* baral opozicijata da se vrati nazad i deka ja podrzuvale Vladata. Tie jasno baraat nedorazbiranjata da se resat, a nitu podrzavaat nekogo, nitu pa go obvinuvaat, nitu pa vo slucajov nareduvaat koj kako da postapi.Sakaat da vidat koj sto ima, i kako ke se bori za toa.Onoj koj ke navedna glava, ne im e interesen za sorabotka, a onoj koj ke digne mac, ke go unistat.Taka funkcionira toj famozen zapad.Vo slucajov sakaat i oni na cistina da vidat sto se slucuva vo drzavava i koj e koj.I niv do nekade ne im e se jasno sto se slucuva ovde, pa ova im dojde odlicna sansa da im se razjasnat nekoj raboti.Kako i da e, ova najmalku im odgovara na onie vo Vlasta, ili potocno, onie koj najdoa skrivaliste za svojte kriminali vo Vlasta, a se uste ne nasle alternativa kade da se sokrijat ili preminat dokolku ovaa Vlast padne. Tie sega ke bidat i najagresivnite koj ke zastanat vo zastita na deloto i licnosta na ovaa Vlada, obvinuvajki se zivo i divo, pa i napagajki.
Коста Стоименовски, 14.01.2013 10:07:32
Колумнистот презентира убаво срочена логичка анализа на состојбите во државата. И се би било в ред доколку анализата се однесува на нормална демократска држава. Сепак колумнистот го превидува фактот дека во меѓународните односи секоја земја води сметка за своите интереси. Не е никаква тајна дека меѓународната заедница во нестабилните земји и земјите со фалична демократија се определуваат за подршка на „силни лидери“! Најновите анкети и на ИРИ покажаа дека лидерите на двоглавата власт во Македонија се уште имаат респекатбилна подршка кај граѓаните во МК и дека преку нив можат да ја контролираат ситуацијата во државата. Во повеќе наврати укажував дека сојузништвото меѓу лидерите на мак. двоглава власт е мошне цврсто и дека е базирано на принципот „беса-бес“: -„јас тебе автентично толкување на Хашките случаеви, ама ти мора да пееш по моите ноти и да играш пиперевка.“
star skopjanec, 14.01.2013 10:28:01
Gospodine Zekoli ...sekoja cest ama citajki ve navistina se osetiv deka sum samo edno golemo NISTO....!!
Николиќ, 14.01.2013 10:46:15
Инаку авторот е амбасадор на актуелната власт и е во процес на престројување!
BitolaHamiltonCanada, 14.01.2013 19:25:06
Imam poinakvo mislenj od avtorot za prolongiranjeto.Sporot se prolongira namerno od ovaa vlast za vospostavuvanje na stravovlada, ne za da se reshi,tuku za da ne se reshi sporot so imeto.Ne im je vo interest na VMRO-DPMNE i DUI da se reshi sporot.Ako se slozat so bilo kakov predlog,togash nivnite sretstva nema da ja opravdaat nivnata cel,a celta i na ednite i na drugite e da sedat na vlast.Toa ke bidi politicki atentat vrz sami sebe a ne vrz opozicijata.Samo taka Gruevki i negovite replikanti od DUI ne ja gubat licnata vlast,imunitet i blagosostojba.Celta na Gruevski vkluchuva i nasilstvo.A DUI e souchesnik vo nasilstvoto na Gruevski.Inaku kako da se svati nivnoto molchenje.Ke prozborat koga Gruevski ke im stapni na zhulot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Сабота
Облачно
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |