Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
13.01.2013, 15:37

Мое ќоше

Бољшој покрај Вардар

Ерол Ризаов

Завесата на македонскиот театар ќе остане спуштена додека нема слобода

Има ли поубав настан за културните дострели на една земја за светскиот ден на театарот граѓаните да добијат нов, величествен современ театар. На 27 март ако се' оди според планот, покрај Вардар во центарот на главниот град ќе блесне во полн сјај и раскош, некогашниот стар театар по кој со децении воздивнуваат скопјани, барајќи ги назад својот град и младоста. Овој сегашниот театар на архитектот Жан Стефановски е двапати поголем од стариот, со повисоки куполи, со многу повеќе седишта, со поголема сцена, со најмодерна опрема, со осветлување и блесок внатре и од надвор каков што имаат само реновираниот Бољшој и бродвејските театри. Катарзата на чудесниот културен вознес ќе го допре врвот со кревање на завесата и со првите сцени од претставата на Јордан Плевнеш „Вечна куќа“. Нема подобра симболика за светската премиера на македонската драма и култура што се игра цели 21 година во живо нонстоп под отворено небо во најголемиот театар на светот. Македонија.

Еве како го добивме нашиот театар на апсурдот на кој може да позавиди и Бертол Брехт и Албер Ками, па дури и нашиот Бранислав Нушиќ, кој да е жив тешко би го препознал ова чудо иако таму бдеел со денови. Неисе, приказната оди вака: нашиот водач еден ден го разгледал реновираниот Бољшој театар во Москва. Сакам по овој тертип да биде вратен и нашиот театар, рекол и работите тргнале во галоп. Царската волја, како и божјата мора да се почитува. На Жан, како и на сите дворски архитекти му светнале очите, му дошле музите и почнал да го дообликува новиот чудесен проект кој секој ден растел. Толку се распослал што го покрил и џадето пред себе, а зад себе за малку да го покрие и Вардар. Од брзината на градбата едно време дури се вжешти покривот, па малку пламна, ама брзо се средија работите со уште поубав покрив и уште повисока купола. Театарската сцена, акустиката, салите, гардеробите, канцелариите, ходниците, лустерите, тоалетите, плочките, велат, на мајсторите им се треселе рацете кога ги ставале, една чини 1.500 евра, светлата на сцената, седиштата, фотелјите во ложите, се' е тоа прва лига како што му доликува на Скопје. Тоа не е се', скулптурите внатре по холовите и надвор по фасадата на театарот и илуминацијата во чудесни нијанси му даваат посебна патина на зданието извадено од бајките кои влеваат силна самодоверба и гордост за културните дострели на нацијата. Затоа мислам дека не треба да се бара влакно во јајцето кога се бара отчет за тоа колку не' чини оваа старо-нова национална гордост. Тоа, се разбира, нема цена.

За оние циници кои постојано нешто мрморат против Македонија и македонскиот народ, ќе им кажеме дека театарот според првичните процени, требаше да чини одвај 16 милиони евра. Тоа беше скромно здание, речиси исто како некогашниот театар кој го однесе земјотресот и политиката. Откако лидерот го виде Бољшој цената почна да расте како што растеше театарот. Велат, досега достигна фантастични 42 милиони евра. Полека, не рипајте. За се' има покритие. Има еден куп анекс-договори кои се предвидени со закон. Ако се појави опасност дека може да се потрошат повеќе од 30 отсто отколку што се предвидува во проектот, за да не се крши законот се прави нов проект. И така со ред нови проекти, па нови анекси се' додека не го добиеме старото ремек-дело во ново денешно издание создадено по желба на царскиот двор, божјата волја и генијалноста на архитектот.

Парите никогаш не се важни кога е во прашање Македонија. Нека се со алал, кога е за арно. Овој народ од својата уста и од својата беда постојано нешто плаќа некој да се чувствува убаво, па ќе го плати и македонскиот Бољшој, иако се' помалку оди на театар. Секојдневниот живот им стана најголема драма. Имам неколку мали потсетувања и прашања до македонските културни и театарски дејци. Од распаднатите бараки на драмскиот и народен театар кои навистина се за срам излезе историја, излегоа претстави и ремек- дела кои ја покрија Југославија и направија чудо низ регионот. Сите први места на драмските фестивали низ Југославија беа резервирани за нашите режисери, драмски писатели и нивното величество македонските актери. Без здив го гледав Ненад Стојановски со „Среќна нова 1948“ во Нови Сад како со неговиот врвен актерски дострел го занеме Стеријно позорје. Никогаш не сум чул посилни овации и подолги аплаузи. Плачевме како мали деца од среќа. Да, од тие скапани театри излегоа легенди, бардови, творци кои и денес се присутни и признати низ Европа и светот.

Што ќе излезе од овој раскош распослан кај Вардар. Додека театарски дејци и нивни директори впрегнати во политички и партиски ешалони маршираат под диктат на власта, додека поддржуваат цензура и понизно молчат пред нарушување на човекови права и слободи, нема театар, нема драма, нема комедија, нема културни подвизи. Вистинскиот театар се намирисува уште во театарските бифиња пред да почне првата проба, кога се прераскажува текстот и се оговара поделбата на улогите. Денес, во најголемиот театар во светот има 24/7 претстави во живо како во римските арени со гладијатори. Драмата е на улиците и во домовите на луѓето. Бадијала Бољшој покрај Вардар. Таму завесата ќе остане спуштена додека нема слобода.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 5003 пати.


Испрати коментар



Писма - Македонија е вечна, дали и народот македонски?
Криза и трансформација
Песимизмот на Михаел Ханеке, медиумите и политиката
Рибата наречена Македонија



oceski, 14.01.2013 00:36:19
taka e erole. od 16 na 42 milioni evra, i seuste ne e zavrsen, ima uste malku t.e ce se dodade uste nekoe milionce ,ne denari tuku evra. Sega mi stanuva jasno deka lazat site, i sad, i eu, i site deka imalo svetska kriza. Pa kaj se videlo vo krizni vreminja da se frlat tolku pari vo zgradi. fakt e deka vo makedonija nema kriza, ovde se tece normalno, najdobra vrabotenost, najdobri plati, najbogati i najsrecni gragani, jasna svetla perspektiva i idnina za mladite, super obrazovanie i zdravstvo im se nudi na graganite...se e naj naj. pa neka puknat eu i amerika ako e kriza kaj niv, neka gi stegaat kolku sakaat kaisite. ako ne im e jasno mozat da dojdat kaj nas da zemaat -ako sakaat i um a i pari(krediti), oti nie imame i sme jaki.
USA, 14.01.2013 00:36:26
Toa bese vo vremeto na Ronald Reagan. Ni USA ne e veke kako vo tie vreminja. Denes ne mozete ni casovnicar da najdete a site znaeme kolku e casot. Za zal, kaj nekoi vremeto zastanalo. Ne zatoa sto bilo podobro, tuku zatoa sto bile pomladi. Sto li ke recat mladite vo nekoe idno vreme (20,30,50,100 god) koga ke gledaat ptetstavi vo ovoj ist teatar vo nivnite NAJUBAVI GODINI?
Ljupco, 14.01.2013 01:24:40
Tekstot e super, no ne se slagam so toa deka zavesite ke bidat spusteni. Golemiot vozd ke donese publika od site partiski stabovi na dvodneven kulturen izlet vo Skopje i za razgleduvanje i na dugite kulturni dostreli napraveni vo negovoto vladenje. A zgora na se, centarot za komunikacii i informacii ke slika non-stop i na CNN ke odat udarni vesti kako Makedonija ja okupiraa stanci od celiot svet. Pozdrav.
Leviot, 14.01.2013 02:30:34
Ne mi e jasno zosto ni treba tolku skap teatar koga drugite skapuvaat vo beda. Ili e ova za nasata nova burzoazija da se osekja otmeno . Pretpostavuvam za kogo ke bidat lozite vo pogornite spratovi za nafatiranite politicari alturisti bez sens za umetnost koi ke si namignuvaat i ke se smeat na evtini i prosti humoristicni shegi(zavisno od predstavata). Sega duri i repertoarot moze da se kreira direkno od partiskiot shtab ,na toj nacin ke se biraat predstavi kade ke se velici patriotizmot , nacionalnite vrednosti , nebeskite dostreli i seto toa zacineto so bronza i crveni zavesi. Pa i glumcite se odnapred odbrani , spored politickata podobnost i partiska knishka , spremni se da klecat pred vozdot za da dobijat nekoja uloga za da izlezat od anonimnosta . Neka ni e so srekja Boljshoj teatar vosklik na provincijalizmot i kic diktaturata ...1840
Ljubotan Trade Name, 14.01.2013 03:20:14
Bravo Erole,kogaj go spomena ,Eh, Branislav Nusic,tatkoto na Skopskoto Pozoriste. Erole;Ako ti trebat poseriozni detali, tuka sum Jas ,od Branislav Nusic i Branko Radicivic.
anonimen, 14.01.2013 06:19:54
Pa ubavo e sto se gradi. Sto se izgradi prethodno od vasite milenici. Taka sporedete. Dosta so cinizmi. Ubavo izgleda se sto se gradi i se sto e novo. Merak mi e da odam doma i da vidam deka se menuvaat raboti. Mi teknuva kako mi se gadese samo sto ke stignev na aerodromot vo Skopje. Na sto toa licese arno ama mozelo podobro ......
cane sokolovski, 14.01.2013 07:34:34
Не знам и како да почнам. Факт е дека грандиозни објекти се потребни во афтархично-авторативни режими! Историјата го докажала тоа, зар малку примери има? А можеби ова е резултат на засилена нарцисоидност, само заљубеност и према потреба да се креира нешто гранд! Можеби е последица на нешто спротивно - несигурност, ископлексираност, исфрустрираност кое сега како компензација бара ах, скапи големи екстравагантни објекти. Сум рекол повеќе пати дека не сум против уметност, култура и пропратните објекти. Апсолутно, ама сметам дека прво треба да се задоволат основните потреби на Македонецот . Ајде сега оние владо љупци кои ќе го прочитаат ова ми кажат дека грешам А сега - „I have done one braver thing, Than all the worthies did, And yet a braver thence this spring,Which is to keep this HID”-Donne. Накратко, скромен си ако направиш нешто добро, ама никој не знае! Исто во библијата-левата рака не треба да знае што десната прави. Нашите воѓи се испрчија фалејќи се. Е тоа е скромност!
ФЕЛИКС, 14.01.2013 08:35:45
Во прилог на театарот на апсурдот како подценувачка паробола на авторот јас амандмански би го дополнил текстот со примерот на представата,,како се практицира одбрана на медиумска слобода кога се протестира пред приватен медиум,,На оваа представа може да и позавиди покојниот Ж.Фејдо,дури мислам според фарсичноста му ја надминува ,,Болва во уво,,. И на крај ако веќе разглабаме околу архитектурата на театорот(апсурден според авторот)јас би додал пример со оној архи монструм пред ЕВН,дело досега ненадминото по сите узанси.Почев од архитектонска маскарада, преку гломазна непотребна ѕидарски творба до непрактичност проткаена со штетност поради преголемата близина на влезната порта на ЕВН.Но затоа никогаш не се коментира од многу познати причини а се разглаба ептен стручно кога е во прашње....ај погодете кој.
PAVLE ALIMASKA, 14.01.2013 08:49:33
Во саботата имаше ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ,кој треба да го види во целост ГРУЕВСКИ СО НЕГОВИТЕ БРАТУЧЕДИ и со Олива од МВР
девичанецот, 14.01.2013 09:03:14
Почитуван Ероле, Нешто како тебе да ти е криво што на пензионерот Б.Ц. не му се јавила истата идеја, бидејќи и тој одеше во Москва, па дури и со денови чекаше да биде примен од Претседателот на Руската Федерација. Ама, не беше примен...па изгледа затоа нему не му светна таква идеја Баљшој да се направи кај нас?
Nekoj, 14.01.2013 09:06:41
Teatarot na ulica zasluzuva pocit i dolg aplauz.Skromniot Makedonec ke se srami onaka gladen, bez novo ruvo i so taga vo dusata da vleze vo toa zdanie za bogatite.Nasito narod od sekogas bil skromen i vreden , go cuval semejstvoto i znael da se pocituva.Ovie barokni gradbi ne mu se vo genetskiot kod, a uste pomalku konjite lipicaneri na koi javaat Goce i Dame.Se mu e nagrdeno i izvrteno, dalecno i nepoznato.Ke si dojde po svoeto koga togas.Kulturniot i genetski kod nikoj ne moze so nikakvi zakoni i zakani da mu go smeni.
Mirko, 14.01.2013 09:17:25
Mozno e cinicno prasanje, a za kogo e napraven takov teatar i so tolkavi dimenzii? Da se odi vo teatar treba da se ima i soodvetna garderoba, a i prestava treba da e na nivo, kako nalikuva na takvo zdanje. Takvo zadovolstvo mozno e za samo mali krug na ljubiteli na teatar. Mozno e, deka e toj teatar napraven za generacii koi ne se ni rodeni. Zosto e togas napraven sega vo socijalna kriza i bedotija. Do koga neciji frustracii i hendikepi, ke se trosat golemi pari od narodot.
deutschland, 14.01.2013 10:15:09
Imame vlada sto e legalno izbrana od narodot na izbori a istite tie izbori se priznaeni kako fer od segasnata opozicija.vladata ima vreme od 4 god.da ja realizira programata sto ja prilozila pred graganite.pocnuva da gradi objekti,mostovi,ucilista,spomenici,da dava subvencii.......fabriki ne moze da gradi(vidovme sto se sluci vo opstestvo vo koe drzavata gradese fabriki)-propadna!koga ke se podobri infrastukturata vo celost e togas ke dojdat i strancite da investiraat vo fabriki.zamislete go skopje sega i pred 8-9 god.koga ke dojde nekoj od strana i gi vide tie novi zdanija ke si kaze tuka vredi da investiram vo fabrika,tuka lugeto gradat ostavaat za idnite generacii.Erol Rizaov e platen da negira se sto e ubavo,vo slucajot TEATAROT,da ne dozvolime poveke takvi luge da ne manipuliraat!
Do avtorot, 14.01.2013 10:21:37
Mislam deka ne e vreme da se pisuva za nekakvi kulturni nastani dodeka drzavata gori vo vojna. Partizanite ja ispukaa vtorata puska vo Skopje (posle onaa prvata vo Prilep i Kumanovo) za osloboduvanje od strasniot fazizam koj ne okupira i ni ja pie krvta. Ovoj pat nemase napad na ucastokot no imase uste postrasno fasisticko gnezdo vo privatna tv. Sto e februarskiot pohod vo sporedba so Januarskiot mars na vistinata? Site vidovme kako hrabriot lider gi preskokna teskite zelezni barikadi i golorak se vturna kon do zabi vooruzenite neprijatelski policajci da go osloboduva svojot narod. Go zrtvuvase svojot zivot za nie utre da ziveeme vo sloboda i mir a vie avtore ne najdovte nitu eden zbor da napisete vo svoeto kose za toj herojski podvig. Zatoa pak imate zborovi sekojdnevno da go velicate diktatorot so negovite dela. Posvetite malku prostor za hrabrite borci za demokratija tie toa go zasluzuvaat.
42 milioni evra?!, 14.01.2013 10:21:38
Erole moze li da znaeme od kaj ti e podatokot deka dosega se potroseni 42 milioni evra?! Ma dajte koga tresete brojki od rakav, gledajte toa da bide so vkus.
Mudrec, 14.01.2013 10:22:55
Navistina od bednite baraki izlegoa vrvni majstori. Dali toa znaci deka segashnite i idni majstori treba da ostanat vo barakite i da nemaat podobri uslovi? Iako Erol toa go kazuva so cinizam, se soglasuvam (bez cinizam) deka alal se parite za vakvi kapitalni dela. Edvaj cekam da vlezam vo noviot teatar.
star skopjanec, 14.01.2013 10:23:10
Se sekavam .. vo moeto detstvo i skoluvanje od gimnazijata karsi teatarot..togas ne vodea proslavenite profesori na drami operi komedii balet...!1 Da.. bese vremeto na komunjari kako sega nekoj go vika ama decata togas poveke se obrazuvaa sto se odnesuva do umetnosta...Da vidi sega proslaveniot Nusik kako decata na sila gi nosat vo teatar a tie na glava so mikrofoni od telefoni ke se prvrtuva vo grob ..samo starite vikaat kakvi roditeli takvi deca...verojatno ovie pari gledajki gi niv se frleni vo Vardar ...
Stipjanec, 14.01.2013 10:26:11
Vo minatoto, koga MOV se odrzuvaa vo Univerzalnata sala, gostuvashe operata od Norveshka. Vo katalozite procitav deka Norveshka nema svoja nacionalna opera, tuku koga se na repertoarot na nivniot teatar operi, taa pozajmuva i povikuva operski peaci i ansambli od drugi zemji. Za mnogumina od nas toa bese nesvatlivo, edna Norveska, pobogata od togasnata SFRJ da cicijasi i nema SVOJA OPERA! No izgleda taka e so bogatite zemji. Vo USA na vremeto kadilaci vozea crncite, najsiromasnite gragani od taa zemja, za da se dokazat koj se i sto se. Se razbira kolite gi kupuvaa na KREDIT. Vo Skopje imame tri teatri i nekoj drugi-na nacionalnostite, kukleni, detski itn. Dali nekoj razmisluva deka so izgradbata na staronoviot teatar, ke ima dopolnitelni trosoci okolu negovoto odrzuvanje. Dali akterite ke mozat da gi dobivaat nivnite plati vo bliska idnina? Ili mozebi i tamu ke se vovede nagraduvanje po ucinok i ke se resat site problemi!?
rajkov, 14.01.2013 10:29:18
za zal mk nalikuva se povece na rusija ima malku goelmi bogatasi a narod se posiromasen.
milan, 14.01.2013 10:43:19
Gi povikuvam site sto nemaat sto za rucek i vecera da idat vo teater so spusteni zavesi i ke im projde gladta,zavesite nema potreba da se otvaraat.Taa gladna publika ke dobie aplaus od umetnicite kontraprotestanti, a toa ne e malku.POZDRAV.
SoLong, 14.01.2013 10:52:02
Никој не може да спори дека нешто треба да се гради, обновува, освежува итн. Основното прашање е на кој начин, колку, за какви потреби, дали се има пари за истото, кои се приоритетите, итн. Убаво изгледа изградениот градски стадион, но дали некој направил анализа колкава е неговата посетеност во текот на целата година. Сигурно убаво ќе изгледа и театарот, но колкава ќе биде неговата посетеност? Само за информација, во саботата бев на „Животот на Молиер„, една од најдобрите направени претстави во последно време. Една третина од салата (МНТ Центар) беше празна, имајќи во предвид и дека добар дел од картите беа продадени преку Групер на половина цена.
jovan, vlada @, 14.01.2013 11:14:41
Ероле, време ти е за пензија!
Realist, 14.01.2013 11:32:10
Crknite zlobnici. Nisto ubavo ne ve zadovoluva. ako e loso zosto e loso ako e ubavo zosto e ubavo. udavete se vo sopstveniot otrov.
izlishen bezobrano skap teatar, 14.01.2013 12:21:40
Sekoja chest za tekstot. No, kako prvo, ovoj teatar ne e obnova na stariot bidejki izbran na konkurs za gradenje na teatar i e pogolem. Vtoro, vo Skopje (kako i vo pomalite gradovi)imashe i do sega teatri koi, za zhal, sega mora da se popolnuvaat so prinudno donesena publika, a porano pretstavite nosea golemi nagradi i se barashe karta povekje! Novi teatri, drzhavata treba da gradi samo ako ima potreba bidejki malite stanale tesni, ili gi gradat privatnici so svoi pari i za svoi celi.
Publika na pretek, 14.01.2013 12:35:15
So ova megalomansko cudo, vladata napravi golem iscekor vo kulturno izdignuvanje na narodot. A za toa deka ce nemalo publika Erole ne si vo pravo. Pa neli znaes deka nasava vlada donese odluka da stecajcite ,penzionerite so niski penzii i nevrabotenite besplatno odaat na teatarski prestavi na operiu i baleti. A niv fala na Gospoda gi imame na pretek, a istite imaat golema zelba za kulturno izdignuvanje i epten na srce im lezi teatarot i operata, pa taka ce ima publika na pretek.A onaj deuschland so ona negovo razmisluvanje na privlekuvanje stranski investiciim,navistina ima zaviden IQ.
GO SAKAM SKOPJE, 14.01.2013 12:41:55
Najtesko mi e da napisham komentar sto se odnesuva kic gradbite,*Skopje 2014*,za sto nemam soodvetni zborivi za da ja izrazam ljubovta no i bolkata za*ekzekusija*koja svesno mu ja napravija na gradot.Vo bezredie, segde mozat da se najdat plateni ubijci, so pari moze gledam da se kupi SÉ; od medija do arhitekti (koi bezsramno se prodavaat), minuvajki preku frlena koska kon penzinerite. Za ubaviot star teatar ne vrzuvaat spomeni,od prvite prestavi na makedonski jazik sto se zbogatuvavme i site prijatelstva sto gi zdobivme vo nego,niz kogo minaa svetski umetnici. . Mu blagodaram na Erol sto vo moe/nase ime, so dusha,ja kazuva realnosta za teatarot, za Skopje i za zbivanjata dene. Retki se onie kako sigurno ne skopjanec *anonimniot* koj se raduva na ovie kic gradbi.I jas placam kako i strite skopjani na aerodromot no i na centarot..Go molam Erol da prodolzi da ja pishuva vistinata taka kako sto nie ja cuvstvuvame, no ne sme vo sostojba da ja napiseme, sé*dodka Vlasite ne se setile*...
Da e samo teatarot?, 14.01.2013 13:03:47
Ova ne samo da e povece besmisleno, nego i mnogu opasno - propadnavme! Nema objekt vo SK-14, (ma i nadvor od nego), chii tender debelo ne e izigran so nekoi si aneksi. Od prvobitnata procenka deka SK-14 ke ne koshta 80 milioni evra, sega ke ispadne 800 milioni evra. I seto toa taka glatko mine, da e chudo nevideno! Ma ushte go i branat *jadnite dushi* od zlochestite opozicioneri. Koja li pamet? Gospodo, vie *jadnite* koi seto toa go pravdate i podrzuvate, veruvajci deka edna plochka navistina koshta 1.500 evra, probudete se i orientirajte se, i ne bidete povece jadni. Shto odgovor utre ke im dadete na svoite deca, kade ste bile i shto ste rabotele, ta ste ja unishtile vashata segashnost i nivnata idnina. E zatoa - Otpor! Ako vece ne e kasno.
Горан, 14.01.2013 13:16:44
Ероле ако го мислиш навистина ова што си го напишал, тогаш го молам бог да ти прости, не знаеш што правиш.
Od mene od daleku, 14.01.2013 13:19:30
Spored cinizmot sto provejuva vo tekstot na avtorot, kako i totalnata ravnodusnost kon nesto sto ne povrzuva so mladosta, koga ne bea potrebni pari da se odi vo teatar dokolku si mladinec, lesno moze da se zakluci deka toj, kako i nekoi od dezurnite komentator,i ne se rodeni nitu pak izrasnale vo Skopje ?! Istoto se odnesuva i za tie, koi vo vremeto po zemjotresor vo 1963 godina, resavaa za toa dali da se renoviraat ostetenite zdanija ili istite, kako vo slucajot na stariot teatar, za zal da bidat demolirani !!!
komentar, 14.01.2013 13:23:06
jovane @ Vlada, vreme ti e da si gi pakuvas kuferite a sefot tvoj i cetkata za zabi. Ke mu treba tamu kaj sto ke zavrsi naskoro
vlado, 14.01.2013 13:27:39
Една мала исправка. Новостариот театар во Скопје не е започнат да се гради од оваа власт, тој театар и новиот театар во Велес се започнати во времето на тогашниот минстер за култура Благоја Стефановски и некои луѓе од Велес. Овие, сегашниве дојдоа на готови проекти а се прчат дека тие ги направиле.
Ајван Доктор®, 14.01.2013 13:31:09
За жал,настаните кои се одигруваат пред нас воопшто не наликуваат на „Болва во уво“,како што се обидува да ни пренесе полуписмениот Фаликс,кој не успеал да го осознае ни „Зоки Поки“,а не,пак,да ја прочита драмата на Фејдо!Изгледа гледал само инсерти на МРТ додека орал некоја нива!Она што навистина ни се случува повеќе потсетува на драмата на нобеловецот Метерлинк „Слепци“во која слепците се заглавени и изгубени на едно пусто острво од кое нема излез!За жал,не само наопаку изградениот стар скопски Народен театар,туку целиот налудничав проект „Луна парк 2014“по завршувањето ќе троши секојдневно додатни неколку милиони евренца!Бесконечна дупка без дно од која власта постојано ќе си претопува во своите лични џебови,богатејќи се на државна сметка!Пресметајте ги галоните вода,киловатите електрична енергија кои секојдневно се фрлаат за осветлувањето на овие лудории ќе ви стане појасно зошто постојано поскапува струјата!Некој треба да ја плаќа грозомората,а тоа сигурно нема да биде владетелот!
Vinci, 14.01.2013 13:37:44
*Boljsoj* pokraj Vardar e ogledalo na nasata beda i mizerija, toa e nasata apsurdna realnost i kako ne bi bila koga stotina metri podaleku stecajcite, vrabotenite od OHIS, Remont na prugi i mn.drugi ne baraat nisto drugo osven korka leb i pravo na kolku tolku dostoen zivot. Da se razbereme nikoj ne e protiv da se gradi i obnovuva no prasanjeto e koga, pa neli svetskata, pa sega evropska kriza ne trese od temeli, remenot na obicniot graganin se poveke se stega, a vamu gledaj neviden sjaj i raskos se razbira vo barok, da ni pozavidat i najbogatite svetski drzavi!! Site da se zaprasame kade vodi ovaa zabegana raskalasnost!!!???
Baba Zumbula, 14.01.2013 14:41:42
Tefljonce Evdino,odnosov ti doagja nekako kako Swedmilk,ama posofisticirano.Swedmilk zacrtano 17 miliona evra,na kraj 40 miliona evra.Ova sega e zastiteno so zakon,narodni pari se krcmat neli?Od Swedmilk koj nastrada?Dusko farmerot i slicnite kako nego zs si gi baraa parite.Ubavo e da imame nov,ubav teatar,ama ne da e megalomanski.Nekoj od komentatorite kaza*Pola pijem,pola Sarcu dajem*,ami Saracov*bure bez dno*.Erol kazuva edno,prerodbenicive pak BC?!Erol za kulturata sto da se kaze,mnogu vidovme skoro koga pocina edna legenda i bard na nasata dramska umetnost.Vladimir Angelovski Dadi.Vlasta si pokaze kolku ja ceni makedonskata umetnost.A mozebi i deka covekot ne bese patriot prerodbenik?Nasite ministri odat na poklonenie na teroristi,ama kaj legendite na makedonskiot teatar ne.Mozebi zs Dadi igrase vo partizanski filmovi,kako partizan?Teflonce,ti sto ke kazes,baba dobro kazue?Aj molimte nemoj samo za BC.Deneska pak ti e komentarot De lana caprina riksari.Ama ako 9 evra se 9 evra!
mimi, 14.01.2013 14:45:21
Sekoja cest Erole ti kako prav intelektualec ja oposa celata ovaa lakrdija so teatarot no se e za dabe dodeka ne mu dojde do svest na ovoj narod da ja sogleda pravata vistina vo koja zivee i ne ja zeme vlasta vo raka.Se do togas se ke se pisuva a oviie ke si pravat po svoe ke tone Makedonija se do denot koga ke ja snema
do mudrec, 14.01.2013 14:46:10
Segassnite i idni majstori se frontot za Makedonija. I tie odliccno odigraa teatar na apsurd na ulica branejkji ja VMRO...pardon budzetot.Od takvi budzet - akteri ne biduva Boljssoj.
Столе, 14.01.2013 15:13:44
Нема спас. Кога некои (а ги има во коментарите, и уште повеќе во стварноста) искрено бранат вакви апсурди, - тогаш работата е доведена до крај. Не е проблемот што ќе има диктатори како сегаашниов. Такви(или амбиции за тоа) ќе има секогаш. Проблемот е во нас што и сол и леб да јадеме ќе најдеме сила да го браниме оној што не донесол до тоа дереџе. Божем навиваме за Вардар, па ќе го сакаме и тогаш кога губи. Драги мои, за животот се работи. Наш и на нашите деца. Затоа свестете се и искрено кажете стоп. Кому и да е. И кога и да е.
До„anonimen„, 14.01.2013 16:57:32
Автопатишта : Скопје Тетово , 5 КМ пред Неготино Демир Капија , 12 МК од граница со Грција до пред мостот на Вардар . Хидроцентрала Козјак , гасовод од граница со Бугарија до Скопје . Подпишани два договора за обиколницата околу Скопје . Само овие ги надминуваат повеќе кратно сите работи за кои ти мислиш .
arhitekt, 14.01.2013 21:38:09
Citam i nemozam da veruvam deka ovoj staronov teatar nekomu se dopadja.Da se razbereme vo svetot ne postoi termin staro nov.Ili e star ili e nov.Proektantot go dobi na konkurs ama dali bese realen i toa da se prasame.Moze li tolku da se dopagja nekomu samo toa deka se gradi.Pa lugje vo Atina se gradat novi objekti i toa vednas do Akropol.Pa vo koj svet ziveeme.Tolku li sme podatni za manipulacija.Znaete li deka vo Evropa ne ucat na arhitektonski fakulteti kako ne treba da se gradi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Владата е клинички мртва, Јанша не се повлече
Три коалициски партии го поддржаа повикот за оставка на словенечкиот премиер Јанез Јанша...
(ФОТО) Голем пожар во Македoнскa поштa
Првично, нема повредени во пожарот. Вработените и директорот Рафиз Алити веднаш биле евакуирани од зградата...
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Во 3. коло од групата Б која се игра во Севиља, нашите ракометарија загуби од Исланд со 23:19...
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |