02.11.2012, 14:49 Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Достигнувањата во науката за современи композити и материјалите на иднината кои се применуваат во авионската и вселенската индустрија е главна тема на неколкудневниот работен семинар што се одржува во просториите на Институтот за современи композити и роботика на компанијата „Микросам“ во Прилеп.
Овие и многу други прашања и дилеми од областа на напредната роботика и композитни материјали се теми на семинарот на кој македонските експерти ги разменуваа своите знаења со триесетина светски колеги.
„Самиот податок дека во Прилеп се собраа многу истакнати експерти од оваа област ��д неколку земји од светот покажува дека Македонија е значајна дестинација кога станува збор за композитните материјали. ’Микросам’ стана синоним за квалитет и научна дејност во делот на роботиката и композитните материјали и затоа е предизвик за многумина од академската средина и индустријата за композити во Европа“, изјави Драган Велјаноски, директорот на Институтот за современи композити и роботика.
Семинарот, кој завршува утре, беше наменет за инженерите, дизајнери во индустријата и на него беа изложени најновите достигнувања на Институтот и на компанијата „Микросам“. Меѓусебните искуства ги разменуваа триесетина експерти. (Ек.Р.) |