| 01.11.2012, 16:27Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“ 
 
  
 Деновиве е реконструиран паркингот на улицата „Свети Кирил и Методиј“ (поранешна „Мито Хаџивасилев-Јасмин“), кој се наоѓа спроти поранешна „Нова Македонија“. Со зафатот најпрво беа машински изгребани оштетените делови на асфалтот, а потоа беше нанесен нов асфалтен слој на површина од 2.000 квадратни метри. Истовремено се нивелирани и сите канализациски шахти.
 
 Паркингот има капацитет од 150 паркинг-места. За неговата реконструкција Град Скопје одвои околу 1,2 милиони денари. (С.Р.)
 
 |