01.04.2012, 20:09 Поддршка за решавање на сириската криза
Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Втората конференција на групата Пријатели на сирискиот народ, што се одржа во Истанбул, Турција. На Конференцијата, што ја отвори турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган, учествуваа претставници од повеќе од ос��мдесет земји и меѓународни организации.
Од Конференцијата се упати силна порака на солидарност и поддршка на сирискиот народ, со барање до сириските власти за итно запирање на насилствата во земјата и мирна политичка транзиција.
Министерот Попоски, во своето обраќање, ја нагласи принципиелната позиција на Македонија, како одговорен член на меѓународната заедница, за цврста поддршка на напорите на Обединетите нации и Арапската лига за мирољубиво решавање на сириската криза, соопшти МНР. Попоски дал поддршка на Мировниот план од шест точки на Кофи Анан и ги повика сириските власти за негова итна и целосна имплементација и ставање крај на насилствата. |