Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.04.2012, 20:11

Фрустрациите ја одржуваат напнатоста во живот

Без компромис на повидок, Македонија може само да гледа како Хрватска ќе и' се приклучи на ЕУ, додека Србија и Црна Гора притискаат за почнување преговори

СЛУПЧАНЕ – Дупките од куршуми во ѕидот на куќата на Џемаил Исма��ли се потсетник за тоа колку близу беше Македонија до општа граѓанска војна во 2001 година, кога тој им се приклучи на герилските бунтовници во име на етничкото албанско малцинство во земјата. Бунтовниците на крајот беа разоружани во замена за моментално ветување за поголеми права и претставеност, и подалечни изгледи за просперитет и можност во рамките на ЕУ. Но по нешто повеќе од една деценија 56-годишниот Исмаили е невработен и не е способен да си дозволи да плаќа школарина за неговиот син да продолжи да студира.

Во меѓувреме, кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ не е мрдната од мртва точка уште од 2005 година, замрзната од спорот со соседот Грција кој две децении му пркоси на мадијаторството на ОН. „Мислев дека оваа земја ќе биде сосема поинаква“, вели Исмаили од Слупчане. „Копнеев за подобар живот, но од 2001 година работите само се влошија, има уште поголема сиромаштија“.

Поплаките на Исмаили се вообичаени. Така кога еден полицаец кој не беше на должност уби двајца етнички Албанци во Гостивар во расправија околу паркинг-место кон крајот на февруари, се вклучи алармот. Повеќе од десетина лица беа повредени, а други уапсени во двенеделното насилство што произлезе од тоа додека припадници на славомакедонското мнозинство и албанското малцинство разменија напади со бејзбол палки и ножеви, честопати земајќи го за своја цел јавниот транспорт во главниот град Скопје. Националната фудбалска лига на кратко го одложи почетокот на новата сезона поради страв од поттикнување поголеми немири.

Насилството изгледа е во опаѓање, но тоа нагласи уште колку Македонија треба да работи на обединување на заедниците што го делат оваа мало, опколено со копно и осиромашено парче од поранешна Југославија.

Сиромаштијата и национализмот би можеле да создадат експлозивна комбинација, наведуваат дипломатите и аналитичарите. „Тоа е рецепт за катастрофа“, вели висок западен дипломат кој сакаше да остане анонимен. „Кога луѓето немаат пари, тие се обидуваат да најдат некого за да го обвинат за тоа. Во случајот со Македонија, етничките групи меѓусебно се обвинуваат за нивните несреќи“.

Македонскиот беше финалниот конфликт што произлезе од крвавиот колапс на Југославија, последното домино што падна по војната во 1998-1999 година во соседното мнозинско албанско Косово, кога српските сили под команда на тогашниот лидер Слободан Милошевиќ водеа брутална војна против бунтовниците.

НАТО и ЕУ дипломатијата ги сопреа борбите во Македонија пред тие да ескалираат во тотална војна. Герилците влегоа во политиката во замена за поправична дистрибуција на моќта меѓу македонското мнозинство и Албанците. Албанците сочинуваат 25 отсто од двомилинското население во Македонија. Можеби се повеќе, но земјата минатата година го прекина пописот на населението поради тоа кој треба да биде попишан.

Имплицитно во мировниот договор беше ветувањето дека ако двете засегнати страни успеат да се разберат, земјата ќе има подобри шанси да му се приклучи на остатокот на Западен Балкан на патот кон членство во НАТО и ЕУ – амбиција што ја имаат и двете заедници.

Но, процесот за пристап стана заложник на целосно неповрзаниот спор со Грција, членка на ЕУ и НАТО, која се противи на како што вели присвојувањето на името „Македонија“ од нејзиниот северен сосед и неговото тврдење дека се потомци на Александар Велики, проблем кој воопшто не им значи на Албанците.

Без компромис на повидок, Македонија може само да гледа како поранешната југословенска република Хрватска во јули 2013 година ќе и' се приклучи на ЕУ, додека Србија и Црна Гора притискаат за почнување преговори за влез оваа година. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар



И шегите не се тоа што ��еа...
Армискиот врв во Кабул
Поддршка за решавање на сириската криза
Посложна опозиција - поголеми шанси против ВМРО-ДПМНЕ
Карлос Слим го виде Скопје



Alter Ego, 02.04.2012 06:10:09
Albancite vo Makedonija socinuvaat 18% od naselenieto. So momnetalnata politika sto ja vodi Makedonija mozeno e za 10-na godina da stanat 25%. Konfliktot pochna za teritorii, bese odvoren od teroristi, se transformiraa vo borci za covekovi prava za podocna doziveat uste edna transformacija vo politicka partija. ALbancite ne mu smetaat na nikogo vo Makedonija no ochigledno niv im smetaat Makedoncite. Zosto Makedonija nema problem so drugite malcinstva vo Makedonija?! Da ke zaboravev, Albancite ne sakaat da bidat malcinstvo, treba da bidat poramnopravni od site ostanati. Bez obrazovanie no vraboteni, bez uchenje no so diplomi, bez znaenje no na fakultet poradi pozitivna diskrimancija, da ne plakaat danok, no da imaat uchilishte, pat, voda, ambulanta. Kaj albancite zborot samopridones se razbira samo koga stanuva za izgradba na dzamija, za se drugo tuka e drzavata drzavata. Fiskalna smetka vo Tetovo, Gostivar, Chair e mislena imenka. Makedonci sakate li drzava?
Veselin, 02.04.2012 19:47:43
Do urednikot.Sto sakate da ni kazete so ovoj prezemen tekst.Demek,morame da napravime kompromis,vsusnost da se otkazeme deka sme Makedonci od Makedonija.Ovoj e tendeciozen i antimakedonski tekst.Dovolno e sto ne imenuva kako Slavomakedonci.Za drugoto da ne trosam vreme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |