Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.04.2012, 20:08

Посложна опозиција - поголеми шанси против ВМРО-ДПМНЕ

Противниците на власта пред предизвик: како да се освојат 450.000 гласови

Александра М. Митевска

Околу 438.500 гласови изнесува збирното салдо од последните парламентарни избори на коалиција на С��СМ и на партиите од македонскиот блок со кои Бранко Црвенковски ќе преговара во наредниот период за проширување на опозицискиот блок. Само за околу 500 гласови беше помал изборниот резултатот на коалицијата што ја предводи владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Изборите во 2011 го подигнаа мошне високо прагот за победа во иднина. Во ситуација кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е стабилизиран, така што ниту расте ниту, пак, паѓа позабележително, би можеле да бидат потребни околу 450.000 гласови за да се надмине власта на следните избори. Тоа е една од причините поради која опозициските партии најавуваат здружување на силите, на една година пред локалните избори, на кои СДСМ им дава референдумско значење, очекувајќи тие да сигнализираат пад на довербата на граѓаните во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, како можност за смена на власта на наредните парламентарни избори.

Преамбициозно е да се тврди дека резултатите што партиите ги постигнаа на последните избори, едноставно, ќе се пресликаат на изборите што следуваат. СДСМ на предвремените парламентарни избори освои околу 368.000 гласови, ВМРО-НП - нешто повеќе од 28.000, ОМ - околу 17.000, ЛДП - околу 16.500, а Достоинство - близу 8.800 гласови.

Што се однесува до албанскиот блок, збирниот резултат на опозициските партии ДПА, Нова демократија и НДП на Руфи Османи изнесува повеќе од 116.000 и, исто така, го надминува последното изборно салдо, од околу 115.000, на владејачката ДУИ.

Промените во политичката клима предизвикуваат осцилации во расположението на гласачите, при што треба да се има предвид и дека коалицискиот потенцијал на владејачките партии е забетониран, но дека тие и натаму ги имаат под контрола сите ресурси и механизми на власта. Анкетите што се пуштаат во последно време редовно укажуваат дека е голема т.н. спирала на моќ во која влегуваат граѓаните кои не сакаат или не знаат да кажат кого поддржуваат, како и оние кои се изјаснуваат дека не се за ниту една политичка опција или личност. Познавачите на методологијата на испитување на јавното мислење укажуваат дека граѓаните кои „молчат“ во анкетите, главно, се незадоволни од владините политики, така што од опозицијата зависи колкав процент од нив ќе успее да анимира во своја корист.

Локалните избори се изведуваат според многу поразлична шема од парламентарните, така што резултатите од нив лесно може да се релативизираат, бидејќи е тешко да се каже што точно значи победа: поголем збир на гласови за советничките листи во сите општини, повеќе освоени градоначалнички места или триумф во поголемите општини...

За опозициските партии, доколку успее акцијата за нивно здружување, има неколку модалитети на соработка. Притоа треба да се има предвид дека станува збор за политички субјекти чии гласачки тела се од различна етничка припадност и со спротивни идеолошки определби и кои имале доста меѓусебни несогласувања во минатото, така што сите тие разлики ќе треба да се изнивелираат и на терен, особено во средини со мешан етнички состав. Една од можностите е настап со заеднички кандидати за градоначалници и со единствени советнички листи. Друга варијанта е партиите во првиот круг, да настапат со заеднички советнички листи, а со свои кандидати за градоначалници, чии гласови потоа би се пренасочиле кон опозицискиот кандидат кој ќе влезе во вториот круг...

Централниот одбор на СДСМ, во саботата, ја реафирмира идејата за проширување на опозицискиот фронт. Партискиот секретар Андреј Петров ги повика сите поединци, невладини организации, синдикати и еснафски здруженија да се здружат и да ги сопрат политиките на власта. Тој оцени дека економско-социјалната состојба на граѓаните секојдневно се влошува, а стопанството се соочува со неликвидност. Според СДСМ, политичките процеси на внатрешен и на меѓународен план дополнително се усложнуваат, а државата се движи во погрешна насока.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ, наместо да троши енергија на измислување навредливи и милитантни термини како „фронт“, „борба“, „режим“, „диктатура“, треба сериозно и конечно да се зафатат со пишување реална програма, со спроведливи проекти.

„Заслепени од својата безидејност, тие не сфаќаат дека здружена демократска опозиција по примерот на ДОС веќе им се случи, кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ, заедно со 22 други партии, ги симна од власт современиците и соработниците на Милошевиќ“, коментираа од ВМРО-ДПМНЕ.


Статијата е прочитана 1862 пати.

Испрати коментар



И шегите не се тоа што беа...
Фрустрациите ја одржуваат напнатоста во живот
Армискиот врв во Кабул
Поддршка за решавање на сириската криза
Карлос Слим го виде Скопје



jovan, 02.04.2012 00:06:21
*Заслепени од својата безидејност, тие не сфаќаат дека здружена демократска опозиција по примерот на ДОС веќе им се случи, кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ, заедно со 22 други партии, ги симна од власт современиците и соработниците на Милошевиќ“, коментираа од ВМРО-ДПМНЕ.* Mene kolku sto mi e poznato, najgolemiot sorabotnik na Milosevic, denes e vo VMRO. Neka me ispravi nekoj ako se lazam.
Македонец, 02.04.2012 00:31:46
Зошто се избрза лани со избори??? Требаше да ги оставите да досредат,нека ги сега ,тоа му треба на овој народ,видете ги како се одушевуваат,најубавиот ден во мојот живот кога го поставија воинот,па оставете ги,нека направат уште некој споменик на овој народ кој се одушевува со тоа,а здравството нека тоне и ред други работи,трпиме и ние со нив,ама.........
acko, 02.04.2012 08:45:17
aj da vidime do koga stomakot na narodecov gladen ke ostane nem sprema aramiive na vlast.........
Istocna Makedonija, 02.04.2012 10:39:12
Edno e sigurno,niedna vlast ne e vecna!
mene, 02.04.2012 12:31:37
Pa za samo tolku glasovi tie mozat da pobarat i od sosedite Grcite i onaka celta im e ista smenuvanje na imeto na drzavata.
od marko, 02.04.2012 14:05:11
SDSM gubi 6 pati po red na izbori,toa e katastrofa,toa znaci deka nesto ne stima vo partijata!toa znaci deka narodot ne gi saka!a ova zdruzuvanje nisto ne znaci!koj mu veruva na bugarinot Lljubco vi se moalm
Читател, 02.04.2012 14:16:40
БЦ претсчувствува дека ќе остане пензионер, ама па сака да си ја проба среќата. Ако, негово е да проба :).
В. Кратовалиев, 02.04.2012 15:16:09
Едно да се сака, а друо е да се може. Но и за едното, но и за другото треба да се знае како. Опозицијата, посекоја цена сака да ја сруши власта, која ја практикува ВМРО-ДПМНЕ, но не кажува како. Ако мисли да ја освои власта со жешки, пеколни, прашки, арапски, *годишни времиња*, однапред, се е осудено на пропаст. Улиците се веке минато. Потребно е, опозицијата да ги понуди, најавените *решенија*, па граѓаните нека одберат, бидејки електоратот знае да направи разлика. А домашниот есап, /збирот на гласовите на минатите избори/, во ниеден случај не ке совпадне со оној на наредните избори, од проста причина, бидејки голем е бројот на бирачи, кои не можат ни на сон да ги смислат, под една капа, Љупчо и Бранко. А не е мал ни бројот на активисти на СДСМ, кои повторно во овие *окрупнувања*, како и во досегашните, ке ги изгубат шансите за да се доберат до советничко столче, па и за очекување е, со тивок бојкот, /негласање, неважечки ливчиња, и сл./ да го изразат своето незадоволство.
девичанецот, 02.04.2012 23:07:25
Без понудени прифатливи и реални решенија, опозицијата ќе си остане до пензија,како и нивниот водач - пензионер.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |